Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Иринеј нишки нов поглавар на СПЦ

Изборот на осумдесегодишниот владика примен со олеснување во МПЦ како добро решение

Од нашиот известувач
Билјана Јовановска


Белград - Осумдесетгодишниот нишки владика Иринеј Гавриловиќ е избран за 45. патријарх на Српската православна црква. По пет и полчасовно заседание на Соборот, камбаните на Соборната црква, која е спроти Патријаршијата, го означија изборот на поглаварот, а набргу потоа владиците почнаа да го напуштаат седиштето на СПЦ, кое од вчера доби полициско засилување.

Иако пликото со името на г. Иринеј нишки е извлечено по случаен избор - со апостолска ждрепка, при што можни кандидати беа и митрополитот црногорско-приморски Амфилохие и Иринеј бачки, оваа вест во Белград е примена исклучително позитивно, бидејќи на СПЦ и' е потребен поглавар што ќе го врати разнишаното единство во епископатот, но и духовник кој е ценет и почитуван. Според скромниот начин на живеење, тврдат, г. Иринеј нишки е најблизок до починатиот патријарх Павле, со кого беше многу близок и еден од ретките српски епископи на кого и најупорните не би можеле да му најдат црна дамка, ниту изјава со екстремистички набој.

Фактот дека врвот на Македонската православна црква веднаш откако ја дозна информацијата кој е новиот српски патријарх експресно испрати телеграма до г. Иринеј во која му го честита изборот, доволно говори дека новоизбраниот српски патријарх и за нас е добро решение кое влева надеж за разврска на неколкудеценискиот мегуцрковен спор.

Непосредно по изборот, г. Иринеј кусо изјави дека „на таа чесна и тешка должност сум избран со помош на браќата архијереи и заедно ќе го носиме и товарот и проблемите“. Во првичните коментари на црковните аналитичари се нагласува дека во новоизбраниот патријарх СПЦ доби добар наследник на г. Павле, кој е подготвен да ја зацврсне Црквата и да го активира дијалогот со сите помесни цркви. Што се однесува до МПЦ, г. Иринеј не се стеснувал од средби и разговори со нашите великодостоинственици, иако важи за поддржувач на фамозниот Нишки договор. Дали е тоа само поради фактот што договорот се случи во неговата епархија, во Ниш или, пак, е тоа став во однос на решавањето на проблемот со признавањето на автокефалниот статус на нашата Црква, допрва ќе се види. Како приоритетни задачи за новиот патријарх дури и во Белград се нагласува надминувањето на отворените прашања со МПЦ.

Заседанието на Соборот во патријаршкиот двор во Белград започна точно во 9 часот по литургијата во Соборната црква и заврши неочекувано брзо, без малку експресно. Вкупно 45 епископи се повлекоа во Патријаршијата. Непожелни внатре не беа само новинарите, туку дури и на вработените им било препорачано на денот на гласањето за патријарх да не доаѓаат на работа. Според изјавата на владиката Иринеј бачки, кој е и портпарол на СПЦ, изборот се случи по четвртиот круг, но за деталите не сакаше да говори. Интронизацијата ќе биде денес во Соборниот храм, а се' уште не се соопштува кои високи претставници од православниот свет ќе присуствуваат на овој чин. Извесно е дека во Белград ќе присуствува на устоличувањето и делегација на Македонската православна црква. Речиси е сигурно дека овде ќе пристигне и архиепископот македонски и охридски Стефан, кој има добри релации со новиот патријарх, дотолку повеќе што неодамна во Ниш му беше гостин на г. Иринеј.

Со изборот се потврди правилото дека секогаш кога има двајца силни претенденти на тронот, победува третиот. Митрополитите Амфилохие и Иринеј бачки, за волја на вистината, важеа за фаворити од едноставна причина што зад нив стои силната грчка струја. Затоа не случајно, како компромисно решение, се спомнуваше Иринеј нишки. Тој е традиционалист, меѓутоа, и покрај тоа што сега веќе избраниот патријарх Иринеј е претставник на таканареченото конзервативно крило во српскиот епископат, меѓу клириците важи за духовник кој и покрај годините, сепак, не е крут во ставовите .Тој, како што велат, кон секојдневните настани се однесува со мудрост. Особено внимание деновиве привлече неговата изјава дека Црквата би го поздравила доаѓањето на папата во Србија на годишнината од Миланскиот едикт во 2013 година. Конкретно, за многумина неочекувано, тој нагласи дека „тоа би била добра можност не само за екуменска средба, туку и за дијалог. Тоа можеби би била и можност да се постави прашањето на повторното обединување и да започне разговорот за тоа“. Ова наведе многумина да размислуваат дека можеби иден поглавар ќе биде Иринеј бачки, кој е најблизок со Ватикан.


#
Статијата е прочитана 1586 пати.

Испрати коментар

Од: J.Celeski
Датум: 23.01.2010 11:32:48
Noviov srpski patrijarh ne treba da dozvoli da bide grcki zaloznik kako negovite prethodnici ako ima barem malku bozja stravo pocit . Ako e prav patrijarh treba da se distancira od dosegasniot nekanonski i necrkoven odnos prema majkata na pravoslavnite crkvi MPC koja ne sozidana vrz delata i koskite na SVeti Klimenta
Од: Kojco
Датум: 23.01.2010 13:30:30
So sreka ne mu e na noviot Patrijarh Irinej. Se prasuvam zosto vo Makedonija nema Patrijarh? Pozdrav
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 23.01.2010 14:08:22
jas pa mislev zoki nash vranishkovich ke go stavat.

Најди! во Утрински
Насловна
Скулптури на „Око“
Австрија нема да посредува, но сака да помогне
Зденко
Груевски ја мобилизира партиската база
Секогаш вљубена и засекогаш Национале
Панде Лазаревски потврди дека има стан во Домот за постдипломци
Ненаучени лекции
Пресудата за Методи Смиленски укината, но останува во притвор
Првите шест месеци од 2010 година клучни за иднината на Македонија
Никогаш повеќе рози и коњак за Едгар Алан По
Дали конфликтот е завршен?
Обид за отрезнување на нечиј разум
Новинари и интелектуалци го тужат Латас за клевета
Лиу е достоен за Нобел