Број 3634  вторник, 19 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

ФФМ

Ништо од договор со Аугенталер

Најсериозниот кандидат за селектор на македонската фудбалска репрезентација Клаус Аугенталер по дводневните разговори со челниците на Фудбалската федерација на Македонија не ја прифати функцијата од „лични причини“.

„Со Аугенталер два дена водевме навистина коректни разговори, ги разгледавме сите наши и негови услови и кога се чинеше дека ќе најдеме заеднички јазик, тој не' извести дека се откажува од кандидатурата, но со надеж дека во иднина може да дојде до заемна соработка. Откажувањето, како што рече, е од лични причини“, не' информира генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер, по враќањето во Скопје вчера од Минхен, каде што го придружуваше претседателот Харалампие Хаџи-Ристески на разговорите со Германецот. Исходот ��е се разгледува на следната седница на Управниот одбор на Федерацијата.

По отпаѓањето на Аугенталер кандидати за местото на Мирсад Јонуз остануваат Чедомир Јаневски, Велшанецот Џон Тошак, Словенецот Бојан Прашникар, Израелецот Ели Гутман и Хрватот Мирослав Ќиро Блажевиќ. Но, во трката за селектор како поевтина опција се наметнуваат и три домашни имиња, пред се' Ѓоре Јовановски, кој еднаш веќе ја одби понудата, но се' уште е без ангажман, потоа сегашниот тренер на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски, како и селекторот на младата репрезентација Бобан Бабунски. (М.М.)


#
Статијата е прочитана 870 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шкендија се' уште со мотиви за Партизан
Нов шок на Копа Америка, Парагвај го исфрли Бразил!
Два гола на Пандев против Мецокорона
Сите веруваат во Веклер, освен тој самиот
Самрак на фаворитите во Струга

"""