Број 3634  вторник, 19 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Шкендија се' уште со мотиви за Партизан

Тетовци ветуваат достоен отпор на српскиот првак
во вечерашниот реванш од квалификациите за Лигата на шампионите

Сашко Ѓ. Димовски


Без резултатски императив, фудбалерите на Шкендија ќе истрчаат на националната арена „Филип Втори“ во вечерашниот дуел со Партизан (20.45 ч.), возвратен во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Тетовци се помирени со елиминацијата, но порачуваат дека ќе сторат се' што е во нивна моќ за скапо да ја продадат сопствената кожа. И покрај негативата од 4:0 во првиот меч, сепак, се' уште имаат мотиви. Основниот е во натпреварувањето наречено Лига на шампиони, по него мотиви наоѓаат во противникот, кој лани беше дел од гру��ната фаза во елитната фудбалска дружина на стариот континент, потоа во клубот во кој настапуваат и на крајот на краиштата кај самите себе.

„Партизан е многу силна екипа. Нема дилеми за тоа. Најдобар показател се резултатите. Во Белград не одигравме како што знаеме. Вечерва имаме шанса да го подобриме впечатокот. Ако ни' се укаже можност за нешто повеќе, бидете сигурни дека нема да ја пропуштиме. Сакаме победа, но треба да бидеме реални и реално да ја согледаме ситуацијата. Затоа, првенствено ни е најважно добро да одиграме“, изјави Ќатип Османи, тренер на Шкендија.

Османи најави измени во однос на составот од Белград. Овој пат ќе го нема Илир Елмазовски, човекот што покажа среден прст кон фановите на црно-белите минатата среда. Не станува збор за суспензија од клубот, ниту, пак, од УЕФА, туку за повреда. Од конкуренција отпаѓа и Џелил Абдула, кој во меѓувреме потпиша договор со холандски Де Графшап. Меѓу 18 фудбалери во официјалниот записник ќе влезе Генц Исени, а дали ќе настапи, Османи ќе реши во текот на денот, со оглед на тоа дека Косовецот не е максимално подготвен за настап.

Кормиларот на Шкендија го соопшти тимот со кој ќе го почне реваншот со белграѓани. Меѓу стативите ќе биде Зендели, бедемот пред него ќе го сочинуваат Незири, Никитовиќ, Бериша и Цуцули, за превласт во средината ќе се борат Мустафи, Хусеини, Реџепи или Селмани и Емини, а најблиску до Стојковиќ ќе бидат Хасани и Сали.

„Приближно, тоа е составот со кој ќе почнеме, но се' ќе зависи од ситните повреди кај некои од играчите. Деновиве ја анализиравме нашата игра од првиот меч, ги воочивме грешките и се надевам дека нема да ги повториме. Ќе дадеме се' што е во наша моќ за да се прикажеме во светло издание“, заврши Османи.

РОЗЕНБОРГ НАЈБЛИСКУ ДО ТРЕТОТО КОЛО



Денеска играат: Флора - Шамрок (прв меч 0:1), Диделанж - Марибор (0:2), Тобол - Слован Братислава (0:2), Нефчи - Динамо Загреб (0:3), Екранас - Валета (3:2), Хелсинки - Бангор сити (3:0), БАТЕ Борисов - Линфилд (1:1), Литекс - Могрен (2:1), Торшавн - Малме (0:2), Плзен - Пјуник (4:0), Висла Краков - Сконто (1:0), Шкендија - Партизан (0:4).

Утре играат: АПОЕЛ - Скендербег (2:0), Дачија - Жестафони (0:3), Видеотон - Штурм (0:2), Борац Бања Лука - Макаби Хаифа (1:5), Бреидаблик - Розенборг (0:5).


#
Статијата е прочитана 608 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 19.07.2011 17:08:24
Izgazice vas Partizan ponovo!DOMINACIJA!

Најди! во Утрински
Спорт
Нов шок на Копа Америка, Парагвај го исфрли Бразил!
Два гола на Пандев против Мецокорона
Сите веруваат во Веклер, освен тој самиот
Самрак на фаворитите во Струга
Ништо од договор со Аугенталер

"""