Број 3634  вторник, 19 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Вести

Два гола на Пандев против Мецокорона

Горан Пандев постигна два гола за Интер во пријателскиот натпревар со првакот на италијанската Серија Д, Мецокорона, во кој „нераѕурите“ победија со 6:1. Најдобриот македонски фудбалер го отвори резултатот во 2 минута и го затвори во 41. мин. Пандев беше стрелец и во првиот контролен меч на Интер во подготвителниот период против Трентино, кој тимот од Милано го доби исто така со 6:1. Македонскиот напаѓач влезе во игра во второто полувреме и беше прецизен во 59. мин. Следен тест за составот на новиот тренер Џанпјеро Гасперини е дуелот в среда со Кремонезе (Р.Д.)


Младинците со прва победа во Сараево

Машката кошаркарска репрезен��ација на Македонија до 20 години дури во четвртото коло ја забележа својата прва победа на Европското првенство од дивизијата Б во Сараево, совладувајќи ја Романија со 64:49, по четвртини 19:12, 19:16, 14:12 и 12:9. Никола Гајдаџиев беше најефикасен играч на средбата со 17 коша, Лазар Петров постигна 15, а Џанер Осман 13.

Избраниците на селекторот Слободан Петровски синоќа требаше да го одиграат својот последен меч во групата А против аутсајдерот Швајцарија. (Р.Д.)



Шесто место на младинците во Крушево

Македонските одбојкарски надежи го освои шестото место во конкуренција на осум селекции на Балканското првенство за младинци што се одржа од 13 до 17 јули во Крушево. Во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место Македонија прво ја совлада Молдавија со 3:2 (28:26, 22:25, 22:25, 28:26, 15:12), но потоа изгуби од Романија со 3:1 (25:27, 30:28, 25:16, 25:17).

Балкански првак стана Србија со победата од 3:1 над Бугарија во финалето, а третото место и' припадна на Црна Гора, која ја совлада Турција со 3:0. (Р.Д.)



Димитров најуспешен во Ѓорче Петров

Со по две први и втори места, Трајче Димитров од коњичкиот клуб Вивакс е најуспешниот учесник во третото коло од Државното првенство во прескокнување пречки, кое прв пат се одржа на малиот стадион во Ѓорче Петров. Димитров беше прв со грлото Скипер и втор со Лакапо во вториот натпревар во средна категорија (110 см), а со двете грла го повтори тој резултат и во тешка категорија (120 см).

Во лесна категорија (90 см) победи Марија Мор од Тристар со грлото Дјук, а во првиот натпревар во средна најдобар беше Бесар Реџепи од Тристар со грлото Заслуга.

Првото место во ревијалниот дел со млади коњи и со млади јавачи му припадна на Андреј Мишев од Илинден со грлото Викторија.

 


#
Статијата е прочитана 849 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шкендија се' уште со мотиви за Партизан
Нов шок на Копа Америка, Парагвај го исфрли Бразил!
Сите веруваат во Веклер, освен тој самиот
Самрак на фаворитите во Струга
Ништо од договор со Аугенталер

"""