Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Во индустријата лесно се останува без работа

Кризата продолжува да го наплаќа својот данок, а индустриските работници и натаму се нејзини главни жртви. Нивниот број постојано опаѓа од почетокот на годинава, а особено во металскиот сектор, кој најмногу ги почувствува последиците од економската криза. Според последните статистички податоци, бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 7,5 отсто, односно индексот на работниците во индустријата, во споредба со јули 2008, изнесува 92,5.

Инаку, бројот на работниците во индустријата, во однос на просечниот број работници од 2005 година е намален дури за 11,3 проценти.

И според последните податоци, најмногу на удар се вработените во металскиот сектор. Односно, во секторот вадење руди и камен, во јули годинава имало за 24,6 отсто помалку вработени во споредба со просечниот број работници во 2005 година. Во преработувачката индустрија вработени имало за 9,8 отсто помалку од пред четири години, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода, тие биле помалку за 10,8 отсто.

Последните податоци се уште позагрижувачки ако се споредат со оние од јуни годинава, кога бројот на работниците во индустријата, во однос на истиот месец 2008 година, бил намален за 6,3 отсто. Во тој месец беше регистриран и пад на индустриското производство од 16,2 отсто во однос на јуни 2008 година. Според статистиката, индексот на вработените во индустријата во периодот јануари-јуни 2009 година, во однос на периодот јануари-јуни 2008 година, бил понизок за пет отсто. Во споредба со 2005 година, пак, просечниот број работници бил намален за 10,4 отсто.

И во јуни, најголемо намалување било регистрирано во секторот вадење на руди и камен, каде што бројот на работници во однос на 2005 година бил намален за 23,5 отсто.

Уште во јануари годинава бројот на вработените во индустријата беше помал за 3,5 проценти во однос на истиот период 2008 година, а рударството, исто така, беше под најголем удар. Таму беа регистрирани за 18 проценти помалку вработени. Падот на индустриското производство, пак, во јануари 2009 изнесуваше 17 проценти во споредба со истиот месец 2008 година. (М.Т.)




#
Статијата е прочитана 491 пати.

Испрати коментар

Од: Trajko
Датум: 01.09.2009 00:30:36
Normalno,lakomite nenasitni,sopstvenici potochno rabotodavci vo industrijata ,se odnesuvat isto kako i rabotenjeto na bladata.Sopstvenicite na pretprijatijata se drzava (Makedonija) vo malo.Narodot shto si barashe toa i si go pronajde.Da zive demokratijata (diktaturata) na bladata na pastirot.Toa ne e nitu kapitalizam nitu feudalizam.Toa e Rumunski komunizam.Koj ima pravo da se sprotistavi na vlasta?Koj ima pravo da si gi bara pravata kaj rabotodavecot?
Од: Ајван Доктор
Датум: 01.09.2009 09:55:37
Секако дека се останува Лесно без работа! И Не само во Индустријата! Тоа е случај во сите области, институции... Дури и во Јавниот сектор! Доволно е само некој да ве поткаже: Дека Сте србоман, четник, големосрбин, сталинист, комунист, бугарофил, вмро-овец, сдсм-овец, комита... проваков, проонаков, проинаков... „Лепењето Етикети“некому му е професија. „Лепакот“е толку силен, што тешко се измива... Службата за државна „безбедност“работи со полна пареа! Баш како во времињата „Минати“! Среќна Нова 1903,’12,’41, ’48... ’68... Доволно е да сте вреден и работлив (тие први страдаат, бидејќи немаат време за Трач)... Да не сте член на владеачката партија, да не сте член на ниту една партија... Доволно е некому (од колегите) да не сте му по ќеф,да сте над него по интелектот,да имате повеќе (духовно,не дај боже - материјално богатство)...Да сте пообразовани, поубави...Зависта е голема, заразна, болна...Тој Има!Се разбира,колку сте поненачитани, попрости, примитивни... вашата вредност се зголемува!
Од: verag
Датум: 01.09.2009 12:23:14
Затоа пак Владата се погрижи да има баланс,па вработува ли вработува во адмистрацијата. Се разбира, не секого, туку само пробран кадар. Само од ДПМНЕ или од ДУИ, а не е важно дали знаат македонски и колку се стручни.Така статистички дури може да се пофали дека го зголемила бројот на вработени. Ако има проблем да им се исплатат плати,ќе пушти уште државни записи, ќе зема кредити- на крај народот се ќе плати.

Најди! во Утрински
Економија
И со новиот ребаланс власта ја негира кризата
Уште нема абер за корекциите во Законот за енергетика
Кризата ги затвори економиите
Нови инвестиции во рудникот „Саса“
Словенија излезе од рецесија
Со новиот - ќе се враќаат стари долгови
Да се заштитат жртвите на мобинг
Ќе се почека на евтините кредити - банките уште тактизираат
Бензините поевтини за 1,5 денари