Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Кризата ги затвори економиите

Груевски рече дека улогата на организациите од глобално значење, како што се ОН, добива на тежина

Блед – „Сите земји, мали или големи, економски моќни или сиромашни со различни уредувања се повеќе од кога било во историјата поставени во меѓузависност и исправени пред неопходноста за дијалог, соработка и уважување на рaзличностите“, истакна премиерот Никола Груевски, обраќајќи се на Стратегискиот форум на Блед.

Говорејќи на лидерскиот панел на тема „Ново глобално владеење за 21 век“, Груевски рече дека улогата на организациите од глобално значење, како што се ОН, добива на тежина, а темите како што се развојот и борбата против сиромаштијата, мирот, човековите права и заштитата на животната средина доминираат во рамките на феноменот што се наметнува природно во последно време – глобалното управување и глобалната одговорност.

На Форумот, Груевски истакна дека светската економска криза придонесе некои од земјите да стануваат се' повеќе национално ориентирани и да усвојуваат политики насочени кон подобрување на економските и на политичките интереси, за сметка на интересите на други земји и затоа предизвик е успешното завршување на мултилатералните преговори по Доха развојната агенда со што би се подобрил глобалниот мултилатерален трговски систем, стар повеќе од 60 години.

„Анализата на земјите според нивниот БДП покажува дека најдобри резултати покажуваат оние кои се добро поврзани со останатите, трговијата непречено се одвива, а луѓето, односно работната сила е мобилна“, рече Груевски.

Лидерскиот панел се одржа по официјалното отворање на Стратегискиот форум на Блед, на кој се обратија претседателот на Словенија, Данило Тирк, министерот за надворешни работи, Самуел Жбогар, и премиерот Борут Пахор.

Форумот, кој е четврти досега, е во организација на Центарот за европски перспективи и на Министерството за надворешни работи на Словенија. Тема на годинешната средба на Блед беше „Политики на економските кризи- редефинирање на економските и геополитичките услови во Европа и во Евроазија“.

На маргините на Форумот, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, се сретна со својот хрватски колега Гордан Јандроковиќ.

Македонија и Хрватска ќе побараат придвижување на процесот на сукцесија на имотот на поранешна Југославија, што е замрзнат веќе две години. „Го отворивме прашањето за сукцесија на дипломатскиот имот на поранешна Југославија, што беше актуелна пред две години, но потоа имаше одредена пауза и извесна неактивност од Србија“, изјави по средбата Милошоски. „Многу објекти се' уште се во владение на Србија и не се дадени на другите земји. Недостига примената на тој договор и би сакале да го отвориме тоа прашање, да видиме што може да се направи, бидејќи ниту имаме полза од таквата состојба ниту Србија, која и покрај тоа што држи многу објекти во свое владение, многу од нив не ги користи“. (МИА)

 


#
Статијата е прочитана 275 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
И со новиот ребаланс власта ја негира кризата
Уште нема абер за корекциите во Законот за енергетика
Нови инвестиции во рудникот „Саса“
Словенија излезе од рецесија
Со новиот - ќе се враќаат стари долгови
Да се заштитат жртвите на мобинг
Во индустријата лесно се останува без работа
Ќе се почека на евтините кредити - банките уште тактизираат
Бензините поевтини за 1,5 денари