Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Уште нема абер за корекциите во Законот за енергетика

Брисел на крајот на јули и' порача на Владата да забрза и до септември да ги изготви бараните измени

Маја Томиќ

Корекциите на неколку члена во Законот за енергетика се' уште не се направени и покрај тоа што Брисел, поточно Европската енергетска заедница, ЕЕЗ, на крајот на јули годинава и' препорача на Владата да го стори тоа колку што може побрзо и во почетокот на септември да ја извести Заедницата за измените. Дојде и септември, а се' уште Владата, поточно Министерството за економија, ги нема подготвено измените, кои треба да поминат прво во Владата, а потоа и во Собранието.

„Нема да се надминат роковите од Брисел. Измените набргу ќе се завршат и ќе се соопштат на јавноста. Работна група од Министерството за економија, заедно со експерти, веќе работат на корекциите на Законот за енергетика. Потребно е добро да се анализираат сите неопходни детали. Потоа ќе се направи акционен план во која насока треба да се движат измените и дополнувањата и тоа ќе и' се предложи на Владата. Станува збор за измена на шест члена кои не се од суштинско значење и на некои други технички промени“, изјави за „Утрински“, Исмаил Ебипи, портпарол во Министерство за економија.

Кои се конкретните забелешки на Брисел околу Законот, поради кои тој треба да претрпи измени, никој од Владата досега нема посочено. Дали ЕЛЕМ, како производител и трговец со струја, треба да изгуби дел од своите ингеренции дадени со последните измени во Законот, останува да се види. Токму на истото тоа укажуваше Енергетската заедница уште пред две години, посочувајќи и' на Владата дека има опасност државната ЕЛЕМ да стекне монополска позиција на пазарот.

Последен пат, кон средината на јули годинава, ЕЕЗ на Владата повторно и' сугерираше, во рок од два месеца да направи корекции во Законот, во согласност со европската енергетска регулатива. ЕЕЗ овој пат констатира дека во Законот на дискриминаторски начин била договорена положбата и структурата на ЕЛЕМ, наспроти дистрибутерот ЕВН, а на штета на потрошувачите. Токму и овој дел е вграден во тужбата на австриската ЕВН против Владата, доставена до арбитражата во Вашингтон, заедно со оној дел кој се однесува на спорот со ЕЛЕМ за плаќање на отштета од 160 милиони евра.

По последните забелешки од Брисел, министерот за економија, Фатмир Бесими, изјави дека тие се разгледуваат и сите институции веќе биле вклучени во приспособувањето на енергетскиот концепт со европските директиви. Тој рече и дека цела работа ќе биде завршена во почетокот на септември. Директорот на ЕЛЕМ, пак, Влатко Чингоски, кон крајот на јули изјави дека забелешките од европските енергетски власти биле само лични ставови на поединци и дека компанијата нема добиено никакви конкретни забелешки од Брисел. Иако токму Славчо Нејков, генерален секретар на ЕЕЗ, на средината на јули за медиумите изјави дека Владата е известена за забелешките и дека ЕЕЗ смета оти постојат проблеми во имплементацијата на Законот. Во таа смисла, Нејков рече и дека на Владата и' се дадени разни насоки за тоа што треба да се поправи во него.

Инаку, Македонија е потписник на Атинскиот меморандум од 2005, со што стана дел од единствениот енергетски пазар на земјите од ЈИЕ и, според тоа, е обврзана сите закони од енергетската сфера да ги приспособи со европските директиви. Од почетокот на наредната година, по автоматизам, Македонија од Хрватска ќе го преземе претседателствувањето со ЕЕЗ, кое од 2006 се менува на секои шест месеци.


#
Статијата е прочитана 237 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
И со новиот ребаланс власта ја негира кризата
Кризата ги затвори економиите
Нови инвестиции во рудникот „Саса“
Словенија излезе од рецесија
Со новиот - ќе се враќаат стари долгови
Да се заштитат жртвите на мобинг
Во индустријата лесно се останува без работа
Ќе се почека на евтините кредити - банките уште тактизираат
Бензините поевтини за 1,5 денари