Извозот направи конкуренција во откупот на винско грозје
Според министерот Спасеноски, најважно е лозарите да го предадат грозјето
Ангел Данов
„Отворените граници за извоз на македонското грозје само ја зголемуваат конкуренцијата при откупот на винско грозје“, рече министерот за земјоделство, Ацо Спасеноски, на вчерашната средба со лозарите пред откупниот пункт на „Балкан“ во селото Тимјаник - Неготинско. Тој информира дека досега се извезени околу пет милиони килограми грозје, од кои над еден милион од винските сорти. „Дека конкуренција навистина постои докажува фактот што на три различни места во селото грозјето се продава по различни цени“, рече Спасеноски. На откупните пунктови во Тиквешијата се плаќаат од 12,5 до 14 денари за килограм „вранец-кратошија“. Според министерот Спасеноски, најважно е лозарите да го предадат грозјето. Ваков беше одговорот на прашањето што е со настојувањата македонското грозје да остане дома и да се извезува како вино. Тој нагласи дека државата дава субвенција од два денара за килограм грозје предадено во домашните винарски визби, со цел грозјето да остане дома, да не мора визбите како лани да увезуваат наливно вино.
Ова следува откако завчера лозарите се заканија со истурање на грозјето по улиците.
Имено, наводно, наливно вино по багателни цени им понудиле домашните винарски визби на странските за да не доаѓаат во земјава и да купуваат грозје. Ова завчеравечер им беше соопштено на состанок на лозарите од неколку општини, кој се одржа во Домот на културата во Кавадарци. Лозарите рекоа дека ваквата писмена понуда ја знаеле и надлежните државни органи и имале извршено ревизија во неколку винарски визби. Се бара во решавањето на проблемот со откупот на грозјето поактивно да се вклучи и Владата. Во спротивно, лозарите се заканија со истурање на грозјето по улиците и со блокади.
На состанокот беше потенциран податок дека бројот на винарските визби континуирано расте, додека површините со лозови насади драстично се намалуваат. Изненадени се од големото шаренило со откупните цени, бидејќи килограм „вранец-кратошија“ се откупува од 11 до 14 денари. Имаше и предлог за импичмент на министерот за земјоделство, Спасеноски, бидејќи не ги удостоил лозарите со присуство на состанокот, но ваквиот предлог од мнозинството не беше прифатен. Присутни на состанокот беа и локалните прекупци кои се пожалија на проблемот што го имале со винарските визби. Визбите одбивале да потпишат договор за деловна соработка и дел од грозјето им го враќале или, пак, одбивале да им го платат.
Лозаропроизводителите чии лозови насади не се под системот за наводнување веќе трпат големи штети од сушата и бараат од Владата да прогласи елементарна непогода наместо да размислува колку данок да им наплати. Од стручните служби на „Тиквеш“ најавија дека по согледувањето на состојбата со квалитетот на грозјето, по врнежите од дожд, кои паднаа минатата недела, извршиле корекција на скалата за шеќерност, па така основната цена за килограм „вранец-кратошија“ од 13,87 денари, наместо за 22, се добива за 21 брикс. Исто така, од оваа винарска визба се изјаснија дека на сите лозари што го предале грозјето од оваа сорта пред да стапи во сила новата скала за шеќерност ќе им бидат коригирани белешките за откуп.
Ako od sekoe ovosje se praese slatko ,togas i Sveto janevski i kompanija ke beja menageri.Dojdoja biznismeni od Kosovo,bugarija i soznam i od koja ne glupava zemja ,da mu odrzat lekcija za biznis.
Од: Dime
Датум: 02.09.2008 13:54:37
До Горан, штета што во Македонија нема повеќе луѓе што сакаат да работат, а помалку како тебе сеирџии и мрчатори.
Од: geronimo
Датум: 02.09.2008 15:43:25
(Do Goran) Najverojatno batkata nema lozje a popuva po medijumi. Takvi Makedonija gi ima so lopata. Na lozarite ime bese veteno pred izbori od 18 do 20 denari za kg grozje ane 11-14 den. No ovoj narod ne zasluzuva poveke. Pozdrav