ВИП нуди двојно пониски цени на новотрансферираните корисници
Операторот ВИП го поздравува воведувањето на услугата преносливост на броеви и смета дека таа ќе им донесе поголем број корисници.
Преносливост на број е услуга со која претплатникот, постпејд или при-пејд, може да го промени мобилниот оператор без да ги промени својот претплатнички број и префиксот за бирање.
„ Операторот ВИП е целосно подготвен за оваа услуга, која верувам дека ќе придонесе за натамошна либерализација на пазарот“, рече главниот извршен директор Никола Љушев, на вчерашната средба со новинарите.
Тој рече дека во идеален случај, во рок од 15 до 16 дена од поднесување на барањето за преносливост, корисниците можат да ја добијат новата СИМ- картичка со стариот број и повикувачки префикс, но сега во нов оператор.
„Надоместокот за пренесување број од друг оператор во ВИП е бесплатен, а за заминување од ВИП во друг оператор корисникот треба да плати 300 денари без ДДВ“, рече Љушев. Доколку корисникот еднаш го промени операторот, 90 дена нема право да поднесе барање за пренесување на бројот во друг оператор или пак да се врати во претходниот.
ВИП од вчера им нуди на сите нови постпејд корисници можност да ги намалат своите трошоци за мобилна телефонија за 50, а на при-пејд корисниците за 100 отсто. (МИА)
Pa normalno e od VIP da bidat najniski cenite, bidejki tie imaat najmalku pretplatnici i najmalku mozat da izgubat, a najmnogu da dobijat. I eve, edna laicka prognoza, za edna godina nema da ima poveke od 3% iskoristenost na ovaa usluga.