Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а на дизелот за половина денар за литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36, односно за 2,41 отсто.

Новата цена на моторниот бензин МБ-96 ќе изнесува 74,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава за 71,50, а ЕУРОСУПЕР-98 за 72,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е 4) ќе чини 67,50, екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ) 56, а екстра- лесното масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) 56,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,2 денара за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-2 , која сега ќе изнесува 35,640 денари за килограм.

Како причина за зголемување на цената на горивата од РКЕ го посочуваат зголемувањето на курсот на доларот за 3,32 отсто во однос на денарот. (МИА)


Статијата е прочитана 205 пати.

Испрати коментар

Од: Ana
Датум: 02.09.2008 13:13:51
Ova e nenormalna drzava. Na site berzi naftata poeftinuva rapidno poradi neispolnuvanjeto na predviduvanjata okolu Gustav, a nasite ajduci ja krevaat cenata na benzinskite pumpi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Инфлацијата за август 8,6 отсто - место за радост нема
Извозот направи конкуренција во откупот на винско грозје
Ресорот за финансии не си ги расчистувал обврските?
Ќе се доделуваат три одобренија за 3Г-технологија
Зголемен сообраќај и брзини на пакетите Макс АДСЛ по иста цена
ВИП нуди двојно пониски цени на новотрансферираните корисници

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.