Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија
Зголемен сообраќај и брзини на пакетите Макс АДСЛ по иста цена

„Македонски телеком“ АД - Скопје воведува новитети во Макс АДСЛ. Почнувајќи од 1 септември годинава, се зголемува месечниот сообраќај кај сите пакети Макс АДСЛ и за постојните и за новите корисници на оваа услуга. Во текот на овој месец корисниците ќе имаат можност и да уживаат во неколкукратното зголемување на брзините, кое најпрво ќе го почувствуваат новите корисници, а до крајот на месецот и постојните корисници, и сето тоа по исти непроменети цени.

Зголемувањето на брзините и на месечниот сообраќај по истата цена важи за приватните и за деловните корисници на овие пакети.

Со новините кај Интернетот за приватните корисници, постојниот пакет Макс АДСЛ 2 станува Макс АДСЛ 10, а досегашната брзина од 1536/256 килобајти во секунда се зголемува на 4096/768. Пакетот Макс АДСЛ 10 се модифицира во Макс АДСЛ 25, а брзината од 3072/512 килобајти во секунда се зголемува на 5120/768.

Неколкукратното зголемување на брзините и на месечниот сообраќај, почнувајќи од септември, добиваат и деловните корисници. Пакетот Макс АДСЛ Про 100 се модифицира во Про флат, со што месечниот Интернет-сообраќај станува неограничен, а брзината се зголемува од 6144/768 килобајти во секунда на 8192/1024. „Македонски телеком“ и понатаму ќе продолжи да ги следи потребите на корисниците со воведување новитети на македонскиот пазар, а притоа задоволувајќи ги светските телекомуникациски стандарди за висококвалитетни услуги.

Статијата е прочитана 965 пати.

Испрати коментар

Од: laki
Датум: 02.09.2008 11:13:22
prijatno iznenaduvanje od telekom .Da prodolzat taka .
Од: ivanche
Датум: 02.09.2008 15:33:54
alal damu e na toj sto mu teknalo za vakvo iznenaduvajne super e

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Инфлацијата за август 8,6 отсто - место за радост нема
Извозот направи конкуренција во откупот на винско грозје
Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за половина денар
Ресорот за финансии не си ги расчистувал обврските?
Ќе се доделуваат три одобренија за 3Г-технологија
ВИП нуди двојно пониски цени на новотрансферираните корисници

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.