Ресорот за финансии не си ги расчистувал обврските?
Министерството за финансии не презело доволно мерки за расчистување на ненамирените обврски. Неправилности во искажувањето на билансните позиции е забелешката на Државниот завод за ревизија по „чешлањето“ на финансиските извештаи на Министерството за 2007 година, и тоа на сметката за редовно работење.
Па така, во ревизорскиот извештај се вели дека пописот на средствата и нивните извори не е извршен согласно со Законот за сметководство за буџетите, односно „не се обезбедени информации за правната основа за постоење на обврските и не се преземени мерки за расчистување на ненамирените обврски“. Нецелосно спроведениот попис во делот на обврските влијаел и во реалното и објективното искажување во Билансот на состојба.
Но, во секој случај, во оваа проверка Државниот завод не открил незаконитости во трошењето на државните пари. „Според наше мислење, остварено е законско и наменско користење на средствата во финансиските трансакции кои претставуваат државни расходи“, се вели во извештајот на Заводот. (Н.Н.Ф.)
Значи, и она што излезе на видело ЕНОРМНО ВИСОКИТЕ ХОНОРАРИ ЗА ЕДЕН ПОТПИС ПО 6.000 ЕВРА, (ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИАТА) и кои, еве ги преиспитува талентираниот ни министер Славески, БИЛЕ ЗАКОНИТО РАБОТЕЊЕ? Ако е така тогаш оние ШТРАКАЧИТЕ од Идризово не што се во право, туку треба да се ослободат и да добијат праведна надокнада за изгубеното време...