СДСМ: Нов товар на грбот на граѓаните
СДСМ и' забележува на Владата дека го доставила до Собранието најновиот предлог-закон за енергетика без да ги вгради нивните клучни амандмани, со што, според професорот Атанаско Туневски, ќе се поскапи струјата. Тунески тврди дека новиот закон за енергетика ќе предизвика зголемување на сметките за струја на граѓаните за дополнителни 25 отсто, посочувајќи оти од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт цената на електричната енергија досега е зголемена за исто толкав процент. „Цената на струјата дополнително ќе се зголеми затоа што Владата предвидела ЕЛЕМ вишоци на струја да ги продава на слободниот пазар, а ЕВН и МЕПСО на слободниот пазар да купуваат скапа струја. Со тоа ќе се зголемат трошоците на МЕПСО за околу 20 милиони евра и на ЕВН за околу 25 милиони евра. Овие зголемени трошоци на крај ќе паднат на грбот на граѓаните“, изјави Туневски. (МИА) |