Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Се' послабо свети плаќањето на рати

Досега само 10.000 домаќинства склучиле договори за одложено плаќање, вкупниот број тужби е околу 500 илјади

Маја Томиќ

Илјада фирми и приближно 10.000 домаќинства. Толкав е билансот на склучените договори за плаќање на тужените сметки за струја на рати, без камата. А, се спомнува дека вкупната бројка на тужби по основа на неплатени сметки за електрична енергија изнесува дури околу 500 илјади. Дали спласна големиот интерес кај корисниците кои на самиот почеток на кампањата, на 1 октомври, побрзаа и буквално навалија на шалтерите на ЕВН за да склучат договори за плаќање на рати.

Последните бројки се однесуваат заклучно со 16 декември. Како што е познато, крајниот рок за оваа можност што им ја дадоа „ЕВН Македонија“ и ЕЛЕМ на корисниците истекува на 31 декември. Од ЕВН не сакаат сега да коментираат дали бројката задоволува или не, затоа што рокот се' уште не е завршен и може да се случи во последните денови од месецот повторно да има турканици на шалтерите.

„Можноста да го расчистат долгот им е дадена на сите корисници и тие треба да ја искористат. Затоа што од 1 јануари следната година веќе нема да ја имаат шансата за плаќање на долговите на рати, а за неплатените сметки, нормално, како крајна мерка, ќе следува исклучување“, велат од ЕВН и посочуваат дека за потрошувачите е подобро да ја искористат оваа поволност, посебно затоа што се ослободени од плаќањето на каматите, кои често се повисоки од основниот долг.

Инаку, од стартот на кампањата до средината на ноември беа потпишани 5.500 спогодби, а само во октомври се склучија околу 3.000 договори за плаќање на рати. И тогаш, како и овој месец, интересот за расчистување со долговите беше поголем кај домаќинствата.

ЕВН и ЕЛЕМ прв пат им дадоа шанса на домаќинствата да го плаќаат долгот од тужените сметки на 12 рати, ако сумата е над 51.000 денари. Додека бизнис-корисниците тужениот долг можат да го исплаќаат на најмногу шест рати, ако е тој над 50.000 денари. Притоа, акцијата подразбира дека се наплатува основниот долг, без камата.

Останува да се види дали оваа кампања, која е во тек, на крајот ќе даде подобри резултати од претходната што ја спроведе ЕВН за наплата на долговите на рати во почетокот на август, а која траеше до 1 ноември. Во почетокот имаше засилен интерес кај граѓаните поради што ЕВН и' го пролонгира крајниот рок за уште еден месец - наместо до октомври, до 1 ноември. Но, на неколку дена пред истекот на тој рок, беа склучени само 6.000 договори, што беше малку ако се има предвид големата бројка на реалните должници.


#
Статијата е прочитана 724 пати.

Испрати коментар

Од: trajan
Датум: 21.12.2010 15:29:43
Pande lazrarov ednash izjavi vo stilot- koj ne plaka struja, ne treba da bide drzavjanin na Makedonija, site mu se smea vo lice, togash toj beshe direktor na ESM... sega tie zborovi ni se vakat kako bumerang!!! sega gleda deka imal pravo, pa tie pari barem odea vo nashata kasa(drzavna) ami sega so praime?? so dve zaostanati smetki ke te isklucat i ich oko nema da im trepne, oti i na samite inkasatori im zavisi rabotnoto mesto nema sto nim da im se lutime....e sega so kamata se vraka dolgot!!! ne deka togash sme nemale od sto da plakame sega e uste poteshko, sega poveke nemame od togash!!
Од: Faton
Датум: 22.12.2010 03:14:40
Spored brojkite izgleda ima i makedonci sto ne plakaat struja. Jas mislev deka samo albancite ne plakaat. Vidi bogati... Cudo edno. Spored nekoi komentri sto gi sum imal moznost da gi citam si bev stvoril mislenje deka samo albancite ne plakaat nisto; nitu struja, voda, danoci itn iako jas licno ne dolzam ama ni edne denar; kako i mnogu drugi albanci sto gi poznavam. Rezultatite na teren pokazuvaat nesto drugo. Zamisli duri imalo i divogradbi izgradeni od makedonci ... Cudo nevideno!
Од: sime
Датум: 22.12.2010 13:27:13
Dopolnitelen problem za gragjanite i evn e noviot zakon za domuvanje kade kucnite sovetti ke treba da gi placaat smetkite za zaednickite prostorii na stambenite zgradi.

Најди! во Утрински
Економија
Ризиците беа силни, но малите фирми опстанаа
Струјата поскапува за 6,36 отсто?
Горивата поскапуваат за 2,5 денари за литар
СДСМ
Расте интересот за руралниот туризам
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks