Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

На Онкологија се делат вишоци, а за апаратите не се грижи никој

Не се знае како се делат парите што ги заработила клиниката од приватни пациенти

Јасмина Јовановска

На Клиниката за онкологија и радиотерапија им се делат вишоци на вработените од парите собрани од лекување приватни пациенти, а повеќе од една година никој не се грижи за одржување на апаратот за зрачење и на другата опрема што чинат над 10 милиони евра.

Парите кои во касата на клиниката влегле по основа на приватно лекување не се знае на кои вработени им се делат, според кои критериуми и по колку, се жалат вработените на Клиниката за онкологија, кои додаваат дека досега во четири наврати се делеле екстра-пари надвор од платата. Неофицијално се зборува дека оваа клиника месечно собира околу 60.000 вера од приватни пациенти, кои најчесто од Косово доаѓаат за зрачење или за цитостатичка терапија во Скопје, што е прилично голема сума пари. А овие екстразаработени пари, место да се употребат за одржување на акцелераторот, како што неофицијално дознаваме дека било сугерирано од Фондот за здравствено осигурување, зашто во клиничкиот буџет немало пари за одржување, раководството на клиниката, сепак, одлучило да им ги подели на вработените. Тоа што некој од апаратите може да откаже, велат на клиниката, не го интересира никого.

„Да се пари од дополнителна дејност, нормално е да ги земат само оние лекари и медицински сестри што работеле екстра од редовното време. Но, овие пари се од приватно лекувани пациенти кои се лекуваат во редовното работно време и им следуваат на сите вработени“, реагираат одредени лекари од Онкологија. Тие обвинуваат дека досега четири пати се поделени парите што ги наплатила клиниката од приватни пациенти, но никој не знае кој ги добил тие средства, според кои критериуми и по колку. „Тоа се пари на клиниката и треба јавно да се истакне, а не еднаш да добијат едни, следниот пат други лекари и медицински сестри и пак да не се знае ништо“, објаснуваат дел од незадоволните вработени и прашуваат дали ако откаже некој апарат, за поправка ќе се земат пари само од вработените на кои им се поделени вишоците или товарот ќе го понесе целата клиника.

Од Фондот за здравствено осигурување, пак, велат дека откако клиниките станаа посебни субјекти, не можат да се мешаат во распределбата на парите. Во Фондот не се сеќаваат дека на Клиниката за онкологија и' сугерирале парите од приватни пациенти да се пренаменат за одржување на опремата. „И фондовската контрола што беше направена на клиниката не покажа некои неправилности околу распределбата на парите“, велат во Фондот за здравствено осигурување, од каде што, сепак, за делењето на вишоците не' упатија на директорката на Клиниката за онкологија, д-р Симонида Црвенкова.

За поплаките околу поделбата на вишоците објаснување не добивме од д-р Црвенкова, зашто од директорскиот кабинет не' информираа дека службено е отсутна во Фондот за здравствено осигурување. Според она што го презентирала д-р Црвенкова во Фондот за одржувањето на опремата, на вработените им биле поделени само 50 отсто од екстразаработените пари од приватни пациенти, а дека другата половина биле оставени за одржување на опремата, за што бил распишан и тендер.

А тендерот кој д-р Црвенкова го најави уште пред околу една година, кога ја поставија за в.д. директор, никако да заврши и да се избере најповолната фирма-сервисер.


Статијата е прочитана 325 пати.

Испрати коментар

Од: jas
Датум: 03.12.2008 12:31:11
Sto se pravite na budaloto,bre. Ne Vi gi kupil tatkovi tie aparati i taa klinika , pa da delite vishoci!!!! A vamu na cel glas se derete deka nemate pari za popravka. Abe pusto privatno za Vas e , a ne na drzavni jasli , nekoj drug da Vi plaka , a vie cvishoci da delite!!!
Од: Раде
Датум: 03.12.2008 13:42:21
Секоја шуша не е за директор. Но кога е ВМРО и се е можно! Може утре да одлучат и балетан да им стават за директор и да не убедуваат дека бил ‘стручен‘ и ‘компетентен‘.
Од: vesna
Датум: 03.12.2008 15:03:04
sramota, sto ne gi invetstirate parite vo modernizacija i trening za da beneficiraat pacientite tuku gi stavate vo dzeb. tolku mi bese zal sto nema pari i lekovi se mislev da kupam i da pratam kak opodarok na bolnicata - se cudam kako moze ova da se slucuva. pa vlozete nesto vo bolicata i vo pacientite - ne e privatna da delite profiti od privatni pacienti. idioti nemate li ni gram zal za bolnite

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Скопската епархија уплати за „Изгрев“, а ЛХБ бара стопирање на постапката
За Пелистер куп идеи, се бараат донатори
Блогерите реагираат на некои медиумски заклучоци за нив
На Копанки и годинава без скијање, битолчани патуваат за Грција
Има иднина за ТК Прилеп