Блогерите реагираат на некои медиумски заклучоци за нив
Здружението на блогери на Македонија забележува дека некои медиуми изнесуваат информации во кој блоговите и интернет форумите ги посочуваат како „легла на растечкиот национализам“ и „шовинизам“ и оти во нив се презентира неточна слика за одредена појава.
Самиот факт дека во Република Македонија над 95 проценти од корисниците на овие електронски медиуми говорат за теми кои и воопшто не се поврзани со политички и општествени теми, говори доволно, стои во соопштението од Здружението.
Тие укажуваат дека целта на блоговите и електронските форуми е да се стимулира дебатирањето за сите теми. Корисниците се индивидуални личности и самите одговараат за своите постапки и искажани ставови.
Здружението на блогери на Македонија апелира да не се прават заклучоци врз основа на мал број индивидуални искази во однос на одредени теми. Од пишаните и електронските медиуми бара во нивните стории и прилози, да се воздржат од давање глобални оценки базирани на дела и искази на мал број на индивидуи. (МИА)
Блогерите повекете се доста коректни,умни,што би се рекло..Национализмот и омразата со Бугарите ја шират коњицата испратена во извидница,само кога се расправа и тоа во времето кога нешто се случува за влез во НАТО или ЕУ...тоа се разбира е коњицата на дпмне...додека комуњарите се воздржани и повекето молчат...Од блогерите може многу да се научи и да се информира,се разбира повеке и од дневните весници....Екстремни националисти се неколку и тоа како реков по налог на ГОЛЕМИТЕ ПАТРИОТИ...кој не сакаат да е видат земјата напредна,на кој не им е важно дали луѓето во МК ке живеат поубаво,заштитуваат олигарсите кој ја*даваат алиментацијата*на владата,не им е важно што Македонија плива во ѓубре,има сиромашни,има напуштени животни,има луѓе кои е виделе Македонија после 1о години и кој навистина се изненадени...Не се Кими само Швеѓаните многумина рекоа дека МК е обезличена,бетонирана,нема воздух од големите урбани афери за градење секаде,каде има простор...мафијата смрди на смрт на МК...
Од: ljupco,bitola
Датум: 03.12.2008 04:34:10
Интернетот е најдемократскиот медиум до сега, блогерството и дебатите во него,не се подложни на цензура,па затоа на некого му сметаат.
Од: coraddo
Датум: 03.12.2008 09:27:58
zosto MAKEDONECOT koj si ja saka zemjata,koj osven nea nema druga,i ja pokazuva kako dobre e smetan kako nacionalist,a site drugi se samo drvosecaci,i svadbari,i borci za covekovi prava,te ziteli na EU?ne tresete gluposti.ako e demokratija na internet,ne znaci deka moze da se skries i zad vistinata,kako sto se krijat zad monitorot
Од: saso
Датум: 03.12.2008 12:36:03
Sakam Blog! i nemojte da gi mesame sega
najdobrite raboti vo drzavata
luge ni trebat poveke Blogeri
Од: Atanasija
Датум: 03.12.2008 13:07:44
Blogot e nesto preubavo koga blogerot ima nesto da kaze,a onoj sto go cita-toa da go komentira i dopolni so svoeto znaenje.
kaj nas,za zal, reakciite glavno se odnesuvaat na navredi edni kon drugi,i mesto da gradime gtraganska svest,i odgovornost kon nestata sto ni se slucuvaat,nie sporime so onie sto se vklucile na temata.
A ne znam zosto denes ne e tema,na primer,rakometnoto prvenstvo sto se odrzuva vo Skopje,zosto nema posiroki najavi,sliki od rakometarkite,nasi i gostinski za koi znae sportskiot svet,tuku od bilbordite ni se smee Opra.Sto,vsusnost taa tv-dama znaci vo naseto ziveenje so nejzinite stari intervjua?