Маратон
Пешки од Битола до Скопје
Нашиот познат спортист и хуманист Емил Илиќ во чест на празникот 8 Септември, Денот на независноста на Р Македонија, ќе се обиде да реализира маратон во должина од 200 км, одејќи од Битола до Скопје.
Тој вчера во 16 часот тргна од центарот на Битола и до целта во Скопје ќе оди по маршрутата Прилеп, Росоман, Градско и Велес.
Овој напорен подвиг е пријавен и за Гинисови рекорди. Се очекува Илиќ да пристигне во Скопје на 8 септември, околу 16 часот, на плоштадот „Македонија“. На патот од Битола до Скопје тој ќе пешачи без одмор цели 48 часа.
|