Кевин Спеjси и Адам Клеjтон
На викенд во Дубровник
Две познати лица, Адам Клејтон, басист на бендот „U2“, и актерот Кевин Спејси, секој во своја режија, викендов го посетија Дубровник. Очигледно многу им се допаѓа овој хрватски бисер, зашто посетите им станаа традиција.
Кевин во Дубровник пристигна со приватен авион, а повод беше неговиот 50. роденден. Одбегнувајќи ги фотографите и новинарите, во друштво на 40 избрани пријатели, во „Вила Агава“ каде што неодамна беше и Мики Рурк, со далматински вина и морски риби се славеше до зори. Тој ги замоли домаќините да има приватност.
Адам Клејтон дојде со својата девојката на приватна јахта. Тие крстареа по италијанскиот и по јадранскиот брег, застанаа во Груж и ручаа во познатиот ресторан „Наутика“. Како многу парови, така и тие си беа доволни еден на друг - сакаа мирен викенд, уживаа во специјалитети и глумеа анонимност. |