Трајко Велјановски, новиот претседател на Собранието, никогаш не бил во првиот ешалон на ВМРО-ДПМНЕ
Оливера Војновска
Адвокатот Трајко Велјановски и специјален советник за правни работи на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од саботата е новиот станар во Кабинетот на претседателот на Собранието. Неговиот избор за парламентарен спикер не е изненадување. Напротив, иако апетити за функцијата втора по важност во државата пројавија и други вмровци, се очекуваше дека Велјановски ќе биде новиот шеф на парламентот.
Тој со своите 46 години се вброи меѓу помладите претседатели на Собранието кои се сменија во овие 18 години. Неговите претходници беа значително повозрасни - Стојан Андов, Тито Петковски, Саво Климовски, освен Никола Поповски, кој стана претседател на Собранието со 40 години.
Велјановски е искусен правник и не е непознат во политичкиот живот. Тој досега не бил во првиот партиски ешалон, но, сепак, беше доволно блиску до центрите што имаат влијание и ја кројат политиката во ВМРО-ДПМНЕ. Велјановски веројатно добро се чувствуваше во партиската сенка, секогаш внимателен да биде на пристојна дистанца за да не „изгори“. Важи за луѓето во кои неговиот партиски шеф има доверба. Во ВМРО-ДПМНЕ е од 1993 година, а во времето на судирот меѓу Љупчо Георгиевски и Никола Груевски, тој застана на страната на Груевски.
Велјановски подолго време се споменуваше како парламентарен спикер, но, исто така, одамна се става и во комбинациите за министер за правда. Некои тврдат дека таа функција ја посакувал многу повеќе, само некако му бега од раце.
Ова му е втор пратенички мандат, а беше и на други високи државни функции: потсекретар, заменик-министер во Министерството за правда и државен советник во Владата. Јавноста го памети и како член на ДИК за претседателските избори во 1999 година, кога жестоко се конфронтираше со Владо Бучковски и со Борис Кондарко од СДСМ. Од 2002 до 2003 година беше член на Комисијата за претставки и предлози на претседателот на Македонија, во времето на покојниот Борис Трајковски.
Неговите партиски колеги во парламентот, особено оние од таканареченото градско крило, се убедени дека „Трајко е вистинскиот човек за оваа функција“. Веруваат дека има политичко искуство и капацитет да се справува со одговорноста.
Неговиот избор помина без реакција од опозицијата, која се воздржа од дискусии на собраниската седница. За разлика од изборот на Љубиша Георгиевски пред две години, спрема кого беа критички настроени, читаа и негови колумни за да го потсетат со каква омраза пишувал за СДСМ.
Сепак, во неформалните разговори не изостанаа коментарите. „Трајко е премногу крут, конфликтен и, наместо да смирува, тој ќе подгрева тензични ситуации“, скептични се опозиционерите. Одредена доза воздржаност постои и меѓу некои колеги од портокаловата коалиција. „Ќе видиме како ќе биде. Трајко знае да биде прилично остар, работите ги дочекува на нож“, велат тие.
Велјановски има на располагање четири години за да ги демантира скептичните во парламентот и да ги потврди надежите на сопартијците, како и на пратениците од ДУИ кои први му искажаа поддршка.
Во првиот настап пред Собранието, Велјановски искажа решеност да направи баланс меѓу политичките неистомисленици во парламентот. На пратениците им вети дека законодавниот дом нема да има инфериорна позиција во однос на Владата и ќе „стане вистински храм на демократијата“. Своевремено, точно пред десет години, иста амбиција имаше и ексспикерот Саво Климовски, но не успеа да ја реализира.
Ako Veljanovski e favorit na 'gradskoto krilo' na DPMNE, mozam da zamislam koj e vo 'ruralnoto krilo' na partijata
Од: RR: "Kapacitetlijata"
Датум: 23.06.2008 03:00:18
Golemiot kapacitet na DPMNEto go ispolnuva preduslovot za zazemanje na spikerskoto mesto,kako i negoviot prethodnik,so karakternite predispozicii:ironija,pakost,zloba,nekooperativnost
so opozicijata,primitivno odnesuvanje vo odredeni situacii,nesposobnost za ispolnuvanje na prioritetite od drzhavna vazhnost nasproti iskluchivo partiskite interesi i mnogu drugi biseri,na koi kje se pokazhe vo vistinsko svetlo pred gragjanite.Koga ovakov "ekspert" go imaat za vtorata po vazhnost funkcija vo drzhavata,shto kje bide so ostanatite,samo zamislete si,glasachi vmrovski! Nabrzo Sobranieto kje bide ring so sudija kako podbucnuvach na sprotivstavenite strani,a ne sprechuvach na niski ,nedozvoleni udari.No,omilenata vtora profesija na shef mu Grujo kje ja praktikuva na negovo zadovolstvo vo istiot stil ,koj e karakteristichen za nivniot mentalen sklop.Toa e .Sagata za makedonskata mizerija na umot prodolzhuva,soglasno legitimitetot daden od istomislechkite,no prelazhani,siromashni po duh.
Од: Kole
Датум: 23.06.2008 08:39:44
Prethodniot spiker na Parlamentot, kadar na VMRO, bese katastrofa... ovoj ke go vidime... ama nekako ne mi deluva da ima kapacitet za taa funkcija, nekako mi e prizemen bez solidna elokvencija... sepak ke vidime...
Од: Franjo
Датум: 23.06.2008 09:32:59
Mislam deka izborot na g-dinot Trajko Veljanovski za predsedatel na sobranieto na RM e odlicen.Toj ima istanceno cuvstvo za pravda i cest, cuvstvo za respekt i pocit i nad se cuvstvo za odgovornost. So ovie covecki kvaliteti mislam deka g-dinot Veljanovski ke bide najdobar predsedatel na sobranieto sto nekogas sme go imale i deka so svojata rabota ke uspee da ja vrati doverbata na site nas vo Sobranieto na RM.
Од: vmrovka
Датум: 23.06.2008 10:52:15
mnogu pametna familijarna odluka, bratmu i snaamu se od sds (snaata mu e bratucetka na brane),toj fura kao vmro a vo sustina samo pozicija i vlast gi interesira-PARI
Од: A.Nikolov
Датум: 23.06.2008 15:39:18
Makedonski narode,rabotava vo dpmne e do tamu shto tie vo sopstvenite redovi nemat itelektualen kadar.Nemat drugi izbori.Sepak donekade e vo red.Samo trebashe da svatite deka vo dpmne,del od intelektualcite shto gi imat im se samo za sopstven interes.Zatoa vo mnogu navrati spomnuvam deka so ovie izbori ne samo shto ke placheme tuku i ke lelekame.Kasno e za predomisluvanje.Kakov narod takva vlada.