Број 2718  понеделник, 23 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

ЕУ го зеде главниот збор околу името

Ако Македонија спие и натаму, Брисел ќе ги води преговорите во Њујорк

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Европските лидери повторно го зедоа главниот збор околу спорот за името на Македонија, враќајќи не' пред Лисабонската декларација и покажувајќи ја целата стерилност со која ја водат надворешната политика, која и ним самите веќе им се удира од глава во Европската унија. Откако покажаа неспособност да ги решат кризите во регионот, единствената земја со која колку толку можеа да се пофалат дека со нивна помош стана успешен мултиетнички модел сега се на пат да ја вратат назад, бидејќи на самитот што се одржа минатата недела покажаа дека кога се во прашање интересите на една земја-членка, и генералната политика на ЕУ може да биде жртва.

Ароганцијата со која францускиот лидер Никола Саркози пред стотици новинари изјави дека е „на страната на Грција“ потврди дека Македонија е исправена пред политичка тортура без мерка, такт и без никаква гаранција дека ако искрено сака да преговара, може да дојде до заеднички прифатливо решение за името.

Во ЕУ, очигледно, заклучија дека ваква тешка одлука, каква што е самоиницијативната промена на името на државата, е можна само ако не' соочат со тешка ситуација, бидејќи тежината на околностите ќе ја оправдаат и тежината на одлуката. Малку беше тоа што по ветото од НАТО значајно се дестабилизираше состојбата во државата, па ЕУ побрза да ни стави вето и за датумот за преговори, кои патем не значат ништо ако во Унијата нема политичка волја да се завршат воопшто, како што и' се случува веќе со години на Турција.

За разлика од САД, кои во преговорите се водеа од силата на аргументите и од состојбите, ЕУ се води од силата на инструментите што ги поседува, а тоа може да биде само гаранција дека идните шест месеци од француското претседателствување до Македонија ќе стигнуваат ултиматуми, а во најдобар случај датум за почнување преговори во декември кој ќе се активира тогаш кога Грција ќе биде задоволна од името што ќе го прифати нашата држава. Иако во Атина глумат дека се противат на најавите за датум на Македонија, реално со француска и европска помош тоа е единствениот начин да го удвојат влогот и да не' убедат дека загубата за државата ќе биде преголема ако, поради името, останеме без реалната, а не имагинарна перспектива во НАТО и во Европската унија. Сите потези и одлуки досега водат кон тоа дека ЕУ подготвува букурешка формула, бидејќи ако не ни дадат нешто поконкретно, нема ни шанси да не' стават на преговарачка маса на која Македонија треба само да дава отстапки, а Грција да става ултиматуми.

Најкратко кажано, по самитот во петокот стана сосема јасно дека Брисел се подготвува да го трампа датумот за преговори со решение за спорот околу името, а осумте критериуми на Оли Рен се само декор, бидејќи прогресот во евроинтегрирањето секогаш било политичка одлука. За да се замаскира сето тоа, беше усвоен еден квази-заклучок за Македонија, во кој имаше најава за датум, но и не, бидејќи имаше премногу ако, а спорот околу името беше споменат како услов, но делумно и не, бидејќи се најде надвор од делот каде што се набројуваа условите за датумот.

Каде беа македонските дипломати и политичари додека се подготвуваше ваквото сценарио во Брисел е посебна работа, бидејќи се појавија во ЕУ кога разбирањето за ставовите на Македонија исчезна сосема. За владата на Груевски ова ќе бидат најтурбулентните шест месеци или повеќе, бидејќи ваквите силни притисоци однадвор ќе ги засилат политичките притисоци однатре, а за остварување некакви суштински реформи нема ни да има простор.

Другата лоша вест што ни стигна од ЕУ минатата недела беше разногласието околу околу тоа ќе има ли или не проширување откако падна Лисабонскиот договор, за кој овде упорно се вели дека само „се одлага“. Лошата вест не е дека без Договорот нема технички простор да се примаат нови земји-членки, туку тенденцијата да се искористи проширувањето за внатрешно препукување меѓу лидерите на ЕУ кои сакаат ратификација сакале гласачите или не и оние кои не се расположени да ги затворат очите пред ирскиот референдум.

Парадоксот е дека лидерите кои најмногу го поддржуваат Лисабонскиот договор (Ханс Герт Потеринг, Ангела Меркел, Никола Саркози и Жан Клод Јункер) сега тврдат дека без него нема прием на нови земји-членки, а оние кои не му се толку во прилог не гледаат никаква пречка и без него да продолжи процесот. Кратко кажано, лидерите кои го сакаат Договорот го проблематизираат проширувањето за да ги притиснат тие кои не гледаат логика во продолжувањето на ратификувањето. Зашто, ако можеше Грција да и' стави вето на Македонија, тогаш и Саркози можеше да стави вето на заклучокот дека членството во ЕУ е ултимативна цел за земјите од Западен Балкан, место да праќа театрални пораки од прес-конференцијата дека ирското „не“ за Лисабонскиот договор е и „не“ за нови членки.

Во ЕУ одамна имаат расчистено со перспективата на регионот, но немаат со тајмингот, и не случајно на секои три месеци ја реафирмираат нивната поддршка за членство на земјите, бидејќи без тоа нема да имаат никакво влијание во Западен Балкан. Проширувањето е морковот, бидејќи кој би ги слушал нивните совети и барања, од кои некои политички болни (како независноста на Косово), ако нема перспектива во евроинтеграцијата. Дури и да се затвори ЕУ-перспективата со Лисабонскиот договор, ЕУ секогаш може да отвори нова со нови документи ако има политичка волја да го интегрира регионот, како што пишува во сите документи. Ако нема, ни Лисабон нема да ни е на помош.


#
Статијата е прочитана 4976 пати.

Испрати коментар

Од: buco55
Датум: 23.06.2008 00:57:52
Mnogu dobra, interesna i na pravo mesto statija. Potrebno e uste da se razbudime nie kako drzava koga stanuva zbor za sporot so imeto i da go resime ednas za sekogas. Ne slucajno e staveno toa i vo izvestajot od Brisel - se dodeka nie vo Makedonija spieme i se prepukuvame dali i sto e del od krieriumite za vlez vo EU i NATO nisto nema da napravime. Pa zarem moravme do ovoj stepen da dojdeme za Brisel da ni praka izvestaj za toa deka mora da se resi sporot od Grcija?? Treba da se razbudime veke endas od zimskiot son, da pogledneme nadvor od prozorecot kakva e klimata i da pocneme da rabotime na resavanje na problemite a ne samo da pravime galama.
Од: zizitop
Датум: 23.06.2008 01:59:03
bez pomosh od evropa nie nemozheme nishto,nemame cil,nesme realni iako znaeme deka nesme realni,i ako nekoj ke se obide problemite da gi reshi drugite mislat deka covekot raboti za tugji interesi,mislat deka site se nepriateli,komplicirano do kraj.
Од: Keti
Датум: 23.06.2008 03:15:36
Dobro bre buco ubavo e da se razbudime od zimskiot son, ama te razbirqm nekako kako da treba po tvoe da go menuvame imeto. Kako bi bilo ti da si go smenis imeto vo debelko bidejki mene taka poveke mi se dopagja.
Од: Nancy
Датум: 23.06.2008 04:25:24
Zosto EU ne i rece na Grcija da go resi sporot so imeto tuku na Makedonijakako stoe Grcija isto taka e i Makedonija tie bea najstarite drzavi vo Evropa a sega si dosol nekoj si Sarkozi i toj ce skaka kako pete toj lici na se samo nelici na covek.
Од: Dok
Датум: 23.06.2008 05:09:56
ne sme nie tie sto treba da se razbudime, grcite se tie sto treba da se razbudat od toj nacionalizam a novinarkava i statijava treba d apriuci malku, ali sepak alal d ai e ne zaboravila d ago napadne gruevski i toa za izjavite na Sarkozi ne znaev deka gruevski ima vlijanie na izjavite na evropskite lideri
Од: Mitre
Датум: 23.06.2008 05:39:04
Imeto ne smeeme da go smenime po baranje na Evropa!! Sto dobivame so vlez vo Evropska zaednica?Ekonomijata naednas ke se prerodi?Ke staneme "Evropska" sila? Prikazni za mali deca.... Makedonija treba da se sprijateli so edna jaka Azijska zemja i da ja razvie ekonomijata do taa merka sto Evropa ke ne moli da bideme clenka.Neka se razviva zemjodelieto toa ke bide udarna granka vo idnina...Singapur i Hong Kong ne se clenki na Evropskata zaednica nitu na NATO,nemaat prirodni resursi a se sepak medju 15-te najjaki ekonomii vo svetot!!! Zemi primer Grujo!!!
Од: jimmy1
Датум: 23.06.2008 05:48:31
Do Buco55: Bideki ti i nekolku drugi ovde na tolku ste na stranata na Grcija predlagam da vi gi promenime iminjata, bez razlika dali vie prifakate ili ne, predlagam ti da se prekrstis vo Topuz. Dodeka ne gi promenite iminjata nema da ve smetame za makedonci. Neznam zosto imate tolku kratko gledanje i se odnesuvata kako vasa maticna drzava da e Grcija a ne Republika Makedonija. Ne treba da se gledaat samo segasnite sostojbi, tuku treba da se gleda i idninata na nasite pokolenija, idninata na Makedonioja, zosto ako prifatime edno ovie evropski konji sekogas ke naogaat nesto drugo samo za da se izbrisi Makedonija od kartata, ne daj boze utre ke ne prisilat duri da e prifatime nivnata katolicka vera. Treba prekinuvanje na bilo kakvi pregovori za imeto, i povlekuvanje na baranjata za clenstvo vo EU i NATO, pa ke dojde den koga tie samite ke ne molat da im se priklucime vo nivnoto diktatorsko drustvo. Da pokazeme pogolema lojalnost kon Rusija, toa e nas spas, Posekako EU ke se rasturi.
Од: Dr Stojadin Naumovski-Coci
Датум: 23.06.2008 06:35:46
Neokolonijalistite od Brisel (EU kako nova kolonijalna sila) gleda da osvoi sto pobrzo novi teritorii, ne moze EU da ni drzi predavanja za dobro odnesuvanje, a ne moze nitu NATO.Zosto? Pa zatoa sto site pravila na igra nivnite clenki gi prekrsuvaat, a od Makedonija se bara tie pravila da gi pocituva za da ja primat vo nivno drustvo. Na site koi gi sledat rabotite im e se jasno. Moze da se raboti za nesto drugo sega- da se obiduva EU da ja sprecuva Makedonija vo razvivanje na alternativni politicki opcii vo novonastanatata sostojba, vklucuvajki go i povrzuvanjeto so SAD vo nov status (kako Porto RIko, Izrael i t.n.) i Rusija. Ukraina, Kina...
Од: Mamka
Датум: 23.06.2008 09:01:16
Kako prvo, gledajki gi rabotive veke podolgo vreme, sve se cini deka EU ni sprema nekakv amamka. Vo slednive vreminja Makedonija a i narodot, mora da bide mnogu vnimatelen vo sto navleguvame. Kako prvo, mora da se znae oti EU saka nas da ne zbrise od postoenje, zatoa sto oni ke treba da gi platat imotite sto im gi zemaa na Makedoncite i za egzodusot sto go napravija vo grcija, bugarija, albanija i srbija. Taka da sega ni spremaat nekakva mamka ama epten jaka, za da veke ne zbrisat ednas za sekogas. EU e mafija na mokni politicari koi sto go kontroliraat narodot vo nivna beneficija. EU ne e gospod, ili vetenata zemja. Morame da bideme vnimatelni, i uste poveke nie da gi usporime rabotite. Kaj se brzame? Sme se naucile da opstanuvame veke tolku vreme, mozeme usta malce da pocekama, da vidime sto ni se spremaat od drugata strana, kakva salata? Pozdrav do cela makedonija, najubava zemja vo svetot. MACEDONIA UNITED. TOSE FOREVER. SOLUN IS OURS.
Од: Tim Tim
Датум: 23.06.2008 09:06:48
Ubav tekst. Jasno e deka i da se promeni imeto, ke ne matkaat uste 100 godini. Pa Turcija e kandidat od minatiot vek, a ne i se gleda krajot koga i dali voopsto ke ja primat. Primerot na politicki priem na Bugarija i Romanija kako nespremni drzavi e izlisen da se povtoruva. Benchmarkovi, zadaci, uceni ... seto toa e "Shije mi ga Gjura" (prostete mi na racnikov, ama koga e EU vo prasanje, mi se diga kosava). EU e "k*urva Vavilonska" i ne treba voopsto da i se veruva. Site tie BENCHMARKOVE treba da si ispolnime za nas, zaradi nas napredok, a EU ako ne primi ok, ako ne, sekoj da si go tera svojot zivot. A danajcite, gospod e golem, ke im plati eden den za se !!!
Од: kolega od MNR
Датум: 23.06.2008 09:09:09
Tocno taka, kade bea nasite diplomati? Vo Brisel, kao diplomati, rabotat luge sto nemaat pojma sto e diplomatija, luge bez obrazovanie, infantilni nadueni tipovi. Primer, Kire Ilioski, tipicen psihopata, samobendisan, bolno ambiciozen, neobrazuvan, bez osnovni poznavanja od nasata nacionalna istorija, voluntarist i kameleon. Covek na kogo mu e povazno kako mu stoi kostimot odkolku da procita nekoja kniga, da se obrazuva, moze li da bide uspesen diplomat.
Од: Пинг
Датум: 23.06.2008 09:22:42
Ќе го парафразирам претседателот на Франција: “Сакајте ја Грција како што ја сакам јас.......“ А како не сака нас Јунанистан? Или пак што всушност сакаат јунанистанците. Нас, македонците, не мразат од дното на душата, (чест на исклучоците). Без претензии многу да паметувам упатувам прашање до челниците од ЕУ: Што драстично ќе се промени доколку го смениме името на нашата земја, освен што ќе се задоволи фрустрацијата на јунанистанциве? Дали навистина во мене и таквите како мене е проблемот? Зошто драги европјани, директно не ми кажете што е толку страшно во нашето име, или уште подобро, како тоа наеднаш ќе станеме добри за Вашето друштво ако го смениме името? Јас знам дека тоа не е Ваш став, ама зар доколку детето се покака неговото другарче од соседството треба да ги промени гаќите. Некој сепак треба да се лечи. Ај да го видиме и тоа чудо со промена на името. Поздрав до сите Ваши и ��аши.
Од: eleni
Датум: 23.06.2008 09:43:57
Martin Luter King bese crn i koga spiese.
Од: Spasitelot
Датум: 23.06.2008 09:44:08
Zosto sarkozi go vikaat nikolo? Zosto ne go vikaat KOPUK? Treba site nie makedoncite da bideme krajno navredeni od negovoto nevospitano odnesuvanje sprema nasiot dopisnik od pres-konferencijata, zatoa sto so toj gest ne navredi site. Vladata neka donese cas poskoro resenie za NEPOZELEN vo drzavava MAKEDONIJA, a bogami i za onoj podlizurko od francuski ambasador. A koi bea onie ligavi novinari koi se smeeja na sekoja debilna glupost sto ke ja tresnese francuskiot kopuk na presot? Treba da gi razotkrieme i da gi omalovazime do kraj.
Од: svetlina
Датум: 23.06.2008 10:21:17
Pa da imavme diplomati i diplomatija ,ne ke stasavme dotuka, osobeno poslednite dve godini.Dve godini se gradi kult na partija vo Makedonija, pa koj da misli na diplomatija? Ako bevme diplomati nemase da napravime tolku kiksovi so potenciranje na Anticka Makedonija, na site mozni nacini, koga znaeme deka Grcija kako ajkula ke ja lapne jadicata i ke ne povlece nadolu, zasto ima sila, zasto e clenka na EU, a nie tek treba da staneme. E sega tesko e, pa voditelkata na Makedonium neka vikne nekoj ,,ekspert,, da ni kaze kako Aleksandar Makedonski bi go resil ovoj problem. Bas me interesira!
Од: ГоранИ
Датум: 23.06.2008 10:48:38
Конечно маските паднаа, ама како што гледам кај нас еден дел од населението се слепи (а можеби и слепци) па не можат да го видат вистинското лице на Европа. Гледам коментари, требало конечно да го решиме проблемот со името, требало ова, она, ние не сме можеле ништо без Европа .... тинтири минтири. Ако сакаме даопстоиме, ќе треба да работиме само за себе ... САМО ЗА СЕБЕ, не за некој друг. Дедо ми викаше кога ке сркаш лажицата си ја принесуваш кон својата уста, а не кон туѓата. Престанете да се омаловажувате и да ги величите другите, туку обидете се да ги достигнете на секаков начин.
Од: pogled
Датум: 23.06.2008 10:54:07
1. Da se zamislime so kogo sakame da bideme vo sojuz. 2. Eden de i EU ce se srami za vakvata politika sto ja vodi kon Makedonija. 3. Eden den EU ce se zasrami i za poparata sto i ja ima nadrobeno nasiot juzen sosed (NJS) da ja srka vo imeto na nekakva solidarnost. 4. Nekoi megu nas smetaat deka sme nemale JASNA strategija. A koja e JASNAta strategija na NJS? 5. Da se raboti na prifacanje samo na pozitivnite iskustva od Zapadna Evropa.
Од: realnost
Датум: 23.06.2008 11:18:08
samo sojuz so rusija mu e majkata! dosta im se ulizuvate na clenovite na EU. pa gledate deka ne ne sakaat. si igraat so nas kako sto sakaat, toplo-ladno. daj pokazete dostoinstvo veke ednes. do sega, da bevme vrzani so rusija, tri pati poveke investicii ke imase i ke bevme vo mnogu posilna sigurnosna ramka nego denesnava. ova e realnost, a vie kako sakate. pozdrav od realniot.
Од: Petre
Датум: 23.06.2008 11:28:16
a kako za Srbija pa i Crna Gora ne e itno EU, duri Srbija vo Nato nema NIKOGAS da vleze...ne e problemot Francija, problemot e Rusija koja e dobra so Grcija za da se ucenuvaat USA... potkleknuvanje pred Francusko -Grckiot pritisok nema da go dade ocekuvanoto...potrebno e da se baraat i novi sojuznici..golema greska bese koga Tupurkovski ja izbrka Kina...treba da se napravi kontra sojuz, ocigledno e deka Francija i Grcija se nastrveni i protiv Turcija, no ne smeat taka javno da go iskazat toa kako protiv nas, nie sme gola voda..
Од: Ace od daleku
Датум: 23.06.2008 12:55:50
Abe dosta gi napagete nasite diplomati/ministri ne prevzemale nisto koga zboruvale protiv nas vo EU pa neli gledate deka tie nasi diplomati/ministri si igraat kako sakaat so niv,18 god sakaat imeto da ni go smenat a sto dobija samo privremeno ime :)))) mnogu mi se smesni ovie od EU, SE FATILA GOLEMATA I MOKNA EU DA IGRA ORO SO GOLEMATA REPUBLIKA MAKEDONIJA :))))))
Од: trevizo
Датум: 23.06.2008 12:56:15
normalno deka EU ke go zeme zborot za resavanje na sporot so imeto koga vidoa i tie so kogo si imaat rabota pa nema kapacitet covekov (gujo)da resi nikakov problem ovoj vi kazav ednas telefonska smetka ne znae da plati vo posta i da bevme clenki n EU i NATO so vakov ,premier"ke ne isklucea.
Од: Vla
Датум: 23.06.2008 13:59:31
Ние сме биле и ќе биеме држава Бе. Сеа само да има малку памет па да се заорбитираме околу Русите за да видат у Брисел малку советско влијание , па после сами ќе ни предлагаат сојуз уместо Русија. Али ние не би биле Македонци ако не би иделе со глава у ѕид.
Од: jas
Датум: 23.06.2008 16:14:24
Jasno e deka i Grcija i Evropa moraat da go drzat stavot koj sto sega go imaat; Grcija, dokolku popousti, se plasi od zaguba na teritorija a Evropa, istoriski gledano, kako vcera (Bukurest, 1913) i' go napravi na Makedonija toa sto i' gop napravi. Ostanuva, makedonskiot narod da gi menuva site onie politicari koi ne se spremni da go branat nasiot stav, deka nie sme Republika Makedonija i nisto drugo. No, po stoti pat kazuvam, neka se pocni od onie makedonski lideri koi bea spremni da go smenat imeto a na ovie sega da ne im dava mandat za pregovaranje za imeto. Principot treba da bide: KOJ KAKO SAKA NEKA NE VIKA,NO NEKA RACUNA DEKA I NIE NA TAKVITE KE SE OBRAKAME SO NEKOE DRUGO IME OD NIVNOTO USTAVNO. Smee li Republika Makedonija vaka mala i nemokna da se inaeti so svetot? Ne samo sto smee, ami i MORA. A, da ne zaboravime, so nas se poveke od 100 drzavi i toa vo niv se Amerika i Rusija i STO POVEKE NI TREBA NAS ZA DA NE SE PLASIME??!! Ni treba da raboti na sopstveniot razvoj.
Од: XML
Датум: 23.06.2008 16:16:47
Текстот е навистина еден од по реалните написи што можат да се сретнат во нашите весници. Што се однесува до политиката на ЕУ е веќе прочитана. Што се однесува до нашата политика и таа е прочитана. Некој политички партии биле за брз влез во ЕУ а не неправија ништо за градење на европски стандарди. Држава не се прави со полтрони, поданици и потплатени политичари. За да ја изградиме државата мора сите по нешто да жртвуваме. Без откажување од комодитетот на одредени политичари не се гради држава.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 23.06.2008 16:45:16
Fali pasosot so neulogata na poranesnata makedonska vlast i megunarodna diplomatija vo sporot so Elada, za da ne veruvam deka prilogot e subjektiven i kako mnogupati dosega proizlezen od Fabrikata, koja e mnogu dobro poznata.

Најди! во Утрински
Насловна
„To вима“- Нимиц ќе предложи „Северна Македонија“
Човекот од сенка во спикерскиот кабинет
Девет години од „Утрински“
Претходен број
Зденко
Груевски меѓу рајот и суровата реалност
Никола Груевски денеска ќе го добие мандатот
Груевски ги обвини известувачите од Брисел дека објавуваат невистини
Руска револуција на ЕП, Холандија се враќа дома
Тенорот Благој Нацоски го разврза „македонскиот јазол“ со новинарот на РАИ
Macedonia nostra турлитава
Карикатура
Топилницата ја врати загриженоста во Велес
Маса прв во Франција и севкупно
Verbatim

"""