Брoj 2718  понеделник, 23 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Маса прв во Франција и севкупно

Раиконен втор во еден-два победата на Ферари во Мањикур

Фелипе Маса го одведе Ферари до еден-два триумф во трката за Големата награда на Франција и првпат го презеде водството во вкупниот поредок во Формула 1. Третата победа сезонава и осма во кариерата го промовира 27-годишниот жител на Сао Паоло во прв Бразилец лидер во генералниот пласман по трикратниот светски шампион Аиртон Сена во 1993 година.

Тимскиот колега на Маса и бранител на титулата Кими Раиконен, кој победи во Мањикур минатата година, тргна од пол-позицијата, но беше престигнат од подоцнежниот победник на половина од трката кога неговото „ферари“ забави поради претпоставено префорсирање на болидот. Маса помина низ целта 17,9 секунди пред Финецот, а третото место го освои Италијанецот Јарно Трули, кој на Тојота и' го донесе првиот пласман на подиумот по ГН на Австралија во април 2006 година. Трули успеа да го одбие нападот од Хеики Ковалаинен од Мекларен во возбудливиот финиш, кога во претпоследниот круг се допреа со тркалата, по што Финецот мораше да отстапи и да продолжи преку тревникот.

Полјакот Роберт Кубица од БМВ Заубер, севкупен лидер до оваа трка по победата-првенец во Канада, заврши на петтото место, а зад него финишира Австралиецот Марк Вебер од Ред бул.

Причини за славење во Мањикур имаше уште еден Бразилец, дебитантот Нелсон Пике јуниор, кој со седмото место ги освои своите први поени во кариерата и тоа престигнувајќи го при крајот на трката својот тимски колега од Рено и двократен светски првак Фернандо Алонсо. Шпанецот се задоволи со еден поен, кој го направи шести возач во Ф1-историјата со освоени 500 или повеќе поени.

Луис Хамилтон од Мекларен го освои разочарувачкото десетто место по стартот од 13. позиција поради казната од десет места поради судирот со Раиконен во пит-стопот во Канада.

Џенсон Батон од Хонда беше единствениот возач што не ја заврши трката.

ПЛАСМАН НА ГН НА ФРАНЦИЈА

1. Фелипе Маса (Бразил) Ферари 1:31:50,245 ч.

2. Кими Раиконен (Финска) Ферари +17,984 сек.

3. Јарно Трули (Италија) Тојота +28,250 сек.

4. Хеики Ковалаинен (Финска) Мекларен +28,929 сек.

5. Роберт Кубица (Полска) БМВ Заубер +30,512 сек.

6. Марк Вебер (Австралија) Ред бул +40,304 сек.

7. Нелсон Пике (Бразил) Рено +41,033 сек.

8. Фернандо Алонсо (Шпанија) Рено +43,372 сек.

Пласман на останатите: 9. Култхард, 10. Хамилтон, 11. Глок, 12. Фетел, 13. Хајдфелд, 14. Барикело, 15. Накаџима, 16. Розберг, 17. Бурде, 18. Физикела и 19. Сутил. Се отка��а: Батон.

Вкупен поредок, возачи: Маса 48, Кубица 46, Раиконен 43, Хамилтон 38, Хајдфелд 28, Ковалаинен 20, Вебер 18, Трули 18, Алонсо 10, Розберг 8, Накаџима 7, Култхард 6, Глок 5, Фетел 5, Барикело 5, Батон 3, Пике 2 и Бурде 2. Конструктори: Ферари 91, БМВ Заубер 74, Мекларен 58, Ред бул 24, Тојота 24, Вилијамс 15, Рено 12, Хонда 8 и Торо росо 7.


Статијата е прочитана 195 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
„To вима“- Нимиц ќе предложи „Северна Македонија“
Човекот од сенка во спикерскиот кабинет
Девет години од „Утрински“
Претходен број
Зденко
Груевски меѓу рајот и суровата реалност
Груевски ги обвини известувачите од Брисел дека објавуваат невистини
Никола Груевски денеска ќе го добие мандатот
Macedonia nostra турлитава
Тенорот Благој Нацоски го разврза „македонскиот јазол“ со новинарот на РАИ
ЕУ го зеде главниот збор околу името
Руска револуција на ЕП, Холандија се враќа дома
Карикатура
Топилницата ја врати загриженоста во Велес
Verbatim