Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Обновени армиските објекти во Еребино

ТЕТОВО - „За реконструкција на армиските објекти годинава вложувам�� 110 милиони денари со што создаваме услови според НАТО-стандардите. За поправки во воениот комплекс ‘Еребино‘ кај Тетово и касарната во Кичево се наменети половина од средствата. Истовремено, се интервенира и на воените објекти на Попова Шапка, Велес“... Ова вчера го изјави министерот за одбрана Зоран Коњано��ски при престојот во „Еребино“.

На воените објекти во „Еребино“ се работело на покривот, фасадата, заменети се прозорците и вратите, обновени се кујната, трпезаријата и санитарните јазли. Овие зафати чинат околу 5 милиони денари. Во Кичево целосно се реновираат два објекта каде што ќе бидат сместени војниците од втората механизирана пешадиска бригада по нејзината дислокација од Охрид во Кичево.

Министерот за одбрана најави обновување и на касарната на Попова Шапка. „Таму работиме на создавање регионален центар за обука во зимски услови. Тендерската постапка е завршена, фирмата е одбрана, а работите почнуваат наскоро“, појасни министерот за одбрана. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 443 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
ИВЗ веќе не крие дека вахабитите ги заземаат џамиите
Бошкоски го обвинува Груевски дека воведува диктатура
Османи ќе развиори партиско знаме
Вандали обезглавија бисти на првоборци во Битола
Од септември нова телевизија на албански јазик
ДПА открива раскол во ДУИ, Џеват Адеми вели местенка