Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Од септември нова телевизија на албански јазик

Миркица Поповиќ

Билбордите во Чаир и во Бутел најавуваат дека наскоро ќе се појави новата телевизија АЛБ ТВ. Телевизијата ќе биде на албански јазик, а засега емитува само експериментална програма. Редовната програма на телевизијата е планирано да започне од септември. Сопственик на телевизијата е познат струшки бизнисмен во сферата на градежништвото, Менди Ќира, кој за прв пат влегува во медиумски води.

Претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефановски, изјави за „Утрински весник“ дека АЛБ ТВ на конкурс добила дозвола за сателитска телевизија, со која во рок од една година треба да почне со емитување на програмата. Откако ќе започне со официјална програмска шема, Советот е должен да ги провери студијата за да се увери дека се задоволени критериумите за работа неопходни за задржување на дозволата.

Уредничкиот тим го сочинуваат Бардил Заими, главен уредник, кој има големо новинарско искуство во печатените медиуми, Сефер Тахири, заменик- главен уредник, кој доаѓа од уредничка позиција од Алсат-М, и Арта Тахири, која досега беше водителка на емисијата „Еврофокус“ и главна презентерка на вестите на Алсат-М.

Официјални претставници од телевизијата велат дека АЛБ ТВ ќе го има во фокусот и ќе му се обраќа првенствено на албанското население, разгледувајќи ги и нивните секојдневни проблеми. Меѓутоа, тоа не значи дека ќе бидат запоставени економските, политичките и општествените проблеми со кои се соочуваат граѓаните во Македонија.

„Телевизијата е замислена како отворен форум за сите политички и општествени групи и со тоа сакаме да покажеме дека ќе бидеме медиум за развој на информацискиот систем во државата, но и за развој на општествената, политичката и економската дебата во вистинска смисла преку соочување различни мислења и ставови од различни области“, посочуваат од АЛБ ТВ.

Една од главните причини за формирање на телевизијата е и збогатување на информацискиот простор со содржини на албански јазик, бидејќи, како што истакнуваат официјални претставници од телевизијата, во македонскиот телевизиски етер со само една албанска национална телевизија Алсат-М, има потреба од дополнителни квалитетни програми на албански кои ќе ги тангираат животот и проблемите претежно на албанското население. Најавуваат дека ќе бидат конкурентни на пазарот преку нов програмски концепт на политички, образовни и забавни програми, поголем број дебати и разновидна програмска шема наменета за сите општествени групи од различни структури.

Новинарскиот и продукциски тим е во фаза на формирање, а од телевизијата истакнуваат дека е шанса и за истакнати новинари, но и за вработување млади, штотуку дипломирани кадри. Политиката за вработување не дискриминира по национална припадност, но е неопходно о��лично познавање на албанскиот јазик.

Главниот уредник на досегашната единствена национална албанска телевизија Алсат, Мухамед Зекири, истакна дека не ја смета АЛБ ТВ за конкуренција, потенцирајќи дека нема концесија за национална, туку за сателитска телевизија.


#
Статијата е прочитана 1146 пати.

Испрати коментар

Од: kole ohrid
Датум: 03.07.2010 08:04:47
bugariteeeeeeeeee!!!!!!!!
Од: бг
Датум: 03.07.2010 08:18:51
Кога ќе има и телевизија на бугарски ?
Од: Gledac...
Датум: 03.07.2010 11:16:59
Glavniot i odgovoren na Alsat M, G-din Muhamed Zekiri ne treba da bide tolku siguren deka nitu eden medium na albanski jazik ne e konkurencija na Alsat M, zatoa sto Alsat M od pred izvesno vreme ne e vekje toa sto bese, posebno so noviot bord na ,,direktori,,.Zaradi golemo nezadovolstvo na vrabotenite vo Alsat M (se razbira od novoto rakovodstvo), pocnuva golem odliv na vraboteni od Alsat M vo novata TV.Vo sekoj slucaj, cestitki za noviot medium...

Најди! во Утрински
Политика
ИВЗ веќе не крие дека вахабитите ги заземаат џамиите
Бошкоски го обвинува Груевски дека воведува диктатура
Османи ќе развиори партиско знаме
Вандали обезглавија бисти на првоборци во Битола
ДПА открива раскол во ДУИ, Џеват Адеми вели местенка
Обновени армиските објекти во Еребино