Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

ИВЗ веќе не крие дека вахабитите ги заземаат џамиите

По тепачките и безредијата во Босна и во Косово предизвикани од вахабитите, дали сега мечката заигра и во нашиот двор?

Билјана Јовановска

Тупаниците и клоците, кои во скопската џамија „Иса-бег“ си ги разменија приврзаниците на Исламската верска заедница и припадниците на радикалниот ислам, најдиректно ја испровоцираа институцијата што е задолжена за религискиот живот на муслиманите. Првпат ИВЗ јавно проговори за вахабизмот во своите редови. Досега и таа и нејзиниот поглавар Сулејман Реџепи од петни жили го негираа присуството на брадосаните припадници на исламот, облечени во драп панталони до глуждови и фактот дека токму тие постапно им ја преземаат власта во џамиите. Овој пат, малку се подотворија и политичките партии кои се и тоа колку заинтересирани да имаат стопостотна контрола врз ИВЗ. Сега припадници на ДУИ го бранат нападнатиот имам Рамадан Рамадани, за кого, пак, скопскиот муфтија тврди дека и' припаѓа на „криминално-вахабистичка банда позната по своето радикално дејствување и малтретирање на муслиманските верници“. Ваквиот исказ на скопскиот муфтија, Ибрахим Шабани, треба да се земе со сета сериозност, бидејќи се' појасно станува дека и радикализмот и политиката се длабоко навлезени во ИВЗ. За потсетување, актуелниот поглавар Сулејман Реџепи беше избран со силна помош на ДПА, која и сега е заинтересирана како ќе се развиваат настаните.

Индикативно е зошто ИВЗ ако веќе знаела дека Рамадани е предводник на радикалниот ислам, молчешкум поминуваше преку неговите секојдневни активности за обновување на Бурмали-џами��ата на скопскиот плоштад. Точно е дека тие се оградија од здружението, ама не кажаа ниту збор дека токму тој е нивниот лут противник.

Вахабитите се тука крај нас и несфатливо е зошто некој упорно го премолчува тој факт. Свесно им оставаа простор да се намножат, да се организираат и да дејствуваат или бегање од вистината? Директниот судир меѓу верниците џамијата во „Иса-бег“ е можеби првиот поконкретен директен судир, но Заедницата одамна ги има испуштено и конците во најпознатите скопски џамии „Јахја-паша“ и „Султан Мурат“, ама и во „Хатунџик“, „Алаџа“, „Тутун Суз“... Во западниот дел од државата нема град во кој бројот на вахабитите постапно не се зголемува, и покрај поддршката што му ја дава власта на муфтиството. Таков е случајот во Ресен, Гостивар, Кичево, Тетово, Струга, Охрид како и во сите села што гравитираат во тој регион.

Неофицијално, во Министерството за внатрешни работи сериозно ги имаат на око раздвижувањата и активностите на припадниците на радикалниот ислам, иако се тврди дека станува збор за поединци. Нашата држава со години разменува информации со странски служби за растечкото присуство на радикалните исламисти, кои за својата активност добиваат големи пари од Саудиска Арабија, ама и од други земји, кои не штедат пари за финансирање на фундаменталистите. Во лондонски „Сандеј тајмс“ пред три месеци беше изнесен податок дека на Балканот, вклучително и во Македонија, влегуваат стотици милиони фунти, кои, во форма на хуманитарна помош или на рака, им се даваат на балканските муслимани за да го зголемат отпорот кон надворешната политика на Западот кон исламските земји, но и за наоѓање регрути-исламисти за испраќање во војната во Авганистан. Неделникот тогаш предупреди дека, наводно, македонските власти им покажале доверливи документи дека го надгледуваат и работењето и однесувањето на неколку муслимански хуманитарни и доброволни организации, објаснувајќи оти некои од нив се од Саудиска Арабија.

Пред неколку години за омасовувањето на вахабиите во Скопје предупреди актуелниот директор на Европскиот центар за стратегија, разузнување и безбедност од Брисел, Клод Монике. Тој многу директно кажа дека во одредени џамии во главниот град постојат и пасивни ќелии на Ал Каеда, а европскиот експерт во тој контекст ја спомнаа и „Визбег“ џамијата во Шуто Оризари.

Вахабиите немаат проблем со изворите на финансирање на своите приврзаници и тука работата ја тераат на најдобар можен начин. Додека ИВЗ проблемот го турка под тепих, вахабистите или селефистите, со години регрутираат свои приврзаници. Целна група главно им се посиромашните семејства кои, едноставно, ги поткупуваат со 20 или повеќе евра месечно, а за возврат тие мора да присуствуваат на нивните молитви.

Исламските теолози кои ја поддржуваат ИВЗ за себе велат дека се припадници и следбеници на изворниот ислам кој традиционално се практикува кај нас. Потенцираат дека освен по надворешните обележја, никој јавно не прифаќа дека е вахабија или селефист. Ги разликува различната интерпретација на исламот и главно, на теолошка основа се обидуваат да го негираат кредибилитетот на ИВЗ за која сметаат дека е корумпирана.

Дали тепачката во „Иса бег“ џамијата е само навестување по сличните настапи во Босна и на Косово, мечката заиграла и во нашиот двор, одговорот го има МВР кое се уште игра на картата на минимизирање на проблемот.


#
Статијата е прочитана 1571 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 03.07.2010 00:43:39
I sto sega ako imalo vahabisti?Sto imame nie hristijanite so toa,pa da se mesame i solime pamet koj sto bil?Toa si e nivna rabota,i tie neka si se dogovorat koj e,sto e,i kogo ke sledat.Nas nitu obicnite muslimani nitu vahabistite ne zakacaat(barem za sega).Toa sto na zapadot mu smetaat sega vakvite dvizenje ovde, toa oni neka mu ja mislat, uostalom i oni napravija za da dojde do ova.Nie netreba ama ic da se zamarame so ovaa pojava, ova si e rabota pomegu muslimanite.Na zapadot sega ako mu e strav od vahabizmot, pa neka si se raspravaat oni so niv.Nego oni baraat sega zrtvi/naivci koj treba da se"stepaat"so vahabistite.E malo morgen,dosta nie balkancite se tepavme so islamot za da ja spasuvame Evropa.Sega samite neka se raspravaat so niv.Nie i onaka se naviknavme na niv,a i,kako sto rekov,nas ne ne zakacaat i tuka ne se raznesuvaat so eksploziv.E za tamu kaj niv na zapad, neka si ja mislat oni.
Од: malku iznenaden
Датум: 03.07.2010 01:04:38
неизменично и хоџите и поповите се караат но како што гледам и се тепаат очигледно добро се нахранети .А како да не се кога се хранат неконтролирано со парите на народот кој што дава а нема увид во сето тоа И понатаму ке го играат овој циркузиански филм ....се додека има овци за стрижење
Од: macedonia
Датум: 03.07.2010 01:28:50
izgleda nemas pojma sto zboruvas ve molam do utrinski da ne vrabotite kako ova novinarka pa cel muslimanski svet da se smee na makedonskata nacija deka ova so e napisano ne etocno atoa go znae ivz oni se plasat dane ja gubat rabotata i parite
Од: Ajnur-prilep
Датум: 03.07.2010 05:02:01
I so ovoj teskt sto sakate da kazete pa prvo vie novinarite treba da znajete sto e tradicionalen islam i izvoren sekoj musliman e dolzen da sledi izvoren od Kuranot i Hadisot na praksata Muhammed a.s. a ne nekoj tradicionalen kako sto mu teknalo na nekoj ova e vera so Temel i fundament a toa e Kuranot i vie ne mozete da gi postavuvate rabotite kako vam vi odgovara nego kako sto treba spored Kuranot i Hadisot ve molam ne se brukajte da pisuvate za Islamot koga ne znajete sto e Islam sto e Vehabizam i od kade doaga toj poim napisete ve molam i najdete nekoj koj se narekuva deka e vehabija ke cekam da objaevte takov tekst ve molam objavete go ova
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 03.07.2010 05:27:48
Po 20 Evra mesecno? Ovde vo Avstralija sekoja zamotana zena dobiva po 15 000 A$ na godina. Preku nok polovina Sidnej postana kako Bejrut. Niknuvaat djamii i islamski skoli kako pecurki na sekade.... Neverojatno.....
Од: marjan.pp
Датум: 03.07.2010 08:20:24
radikalniot islamizam -vehabistite, dodeka ne zele zamav,ako i sega ne e docna da se zasecat do koren bidejci mu smetaat na vistinskite i posteni pripadnici na ivz
Од: јас
Датум: 03.07.2010 08:28:30
До macedonia..Како да те вработат како новинар кога си НЕПИСМЕН !!! Научи се прво правилно да зборуваш и пишуваш македонски ,па после барај ваква работа !!
Од: esnaf turcin
Датум: 03.07.2010 08:54:20
Уште пред неколку години меѓу муслиманите зборував дека ѓаволот влегува меѓу нас. Тогаш некои велеа дека си тие “наши браќа муслимани“. Сега истите ѓи напаѓаат. Браво за Јован. Само да појаснам. Вахабизмот е основан во С. Арабија од Британските тајни служби за да го прикажат Исламот како терористичка и (спрема Хистијаните) непријаталска религија (Мемоарите на еден шпион) . Она што е важно дека Вахабизмот нема врска со Куранот и Исламот. Ако Мухамед односно Бог преку Него во Куранот вели дека христијаните не треба да се нарекуваат “каури“ (безбожници) затоа што се следбеници на Книгата (се мисли на Библијата) како може некој да го крие овој факт и уште да се декларира како муслиман. Уште како малечок кога ме прашуваа: што сум? кога ќе речев муслиман ме прашуваа од кога си муслиман. Бидејќи не знаев, си велев од раѓање. Но правиот одговор беше: од Големата Експлозија, односно од постанокот на светот. Како што не учи Суфизмот, религијата е врската на Душата со Бога.
Од: ilija
Датум: 03.07.2010 09:10:33
vahabizmot e naj golemo zlo vo denesno vreme toa nese pravi vernici nego radikalni islamist osven kriminal teror i sirenje omraza megu verit drugo i neznajat ili i nesakat daznajat.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.07.2010 10:14:45
Нека ни е наздравје!. Министерке, пратите вести? Или како и секогаш, се по прописи. Јас би рекол се по список( во .....).
Од: Od Aristid
Датум: 03.07.2010 19:09:01
Како народ сме издржале османлии, јаничари, заптии ,султани , бегови, паши, оџи,дервиши, муфтии, фанариоти, бугарски фашисти, комити, четници, качаци, учк. она, германци, италијани. КФОР, УМПРОФОР , натовци и кои се не.Под ова власт и нејзината госпоѓица министерка доживуваме секојдневни смени и хапсења на цели полициски гарнитури , поради , мито и корупција и тоа се во вид на најголеми минимизирања . Па може и овие вехабисти да ги сватиме како ,ете , некои верници од пријателските муслимански земји или од Албанија кои се муваат по џамиите, нашите историски и културни споменици.
Од: Do "ARISTID"
Датум: 04.07.2010 11:28:38
Soema se slagam so Vasiot komentar..samo da dodadam ..do koga VAKA...!!! ke se odnesuvame kako mazohisti ...da ne tepaat so sopstven kamen po glava...!!

Најди! во Утрински
Политика
Бошкоски го обвинува Груевски дека воведува диктатура
Османи ќе развиори партиско знаме
Вандали обезглавија бисти на првоборци во Битола
Од септември нова телевизија на албански јазик
ДПА открива раскол во ДУИ, Џеват Адеми вели местенка
Обновени армиските објекти во Еребино