Засега непознати сторители дивееле на потегот од градското шеталиште до Тумбе-кафе
БИТОЛА - Обезглавени бисти на првоборци од Втората светска војна, искршени мермерни плочи, откорнати клупи и кошници за ѓубре, уништени канделабри. Во ваков хаос, по дивеењето на засега непознати вандали, вчера изутрина осамна градското шеталиште во Битола. Грдата слика што ја оставиле хулиганите зад себе се забележува се' до Тумбе-кафе.
Уништени се бистите на народните херои Пецо Божиновски, Панде Кајзерот, Коле Канински и Борис Стрезовски, инаку дел од алејата со 26 обележја на борци од Втората светска војна, распоредени од спортската сала се' до олимпискиот базен.
Битолчани се шокирани од глетката. Не паметат вакво сквернавање на спомен-обележја, иако има зачестено уништување на урбаната опрема во паркот. Жителите на Битола со гнев и жалење го осудија ваквиот чин.
„Битола не го заслужува ова, нели се гордееме со епитетот конзулски град. Секој нормален човек би го осудил ваквото дивеење“, реагираше актерот Патар Мирчевски, кој вчера тргнал на прошетка низ паркот за да ужива во шеталиштето и убавините на Тумбе-кафе.
Шеесет и осумгодишниот битолчанец Драган Наумовски не памети ваква катастрофа. „За ова треба да се измисли Голи Оток. Ова е дело на дрогата“, додава тој. „Фрапирана сум. Останав без зборови. Ужас“, рече битолчанката Ната Ѓоргиевска.
Уништувањето и сквернавењето на бистите длабоко го погоди Сојузот на борци од Битола. Оттаму се сеќаваат на случај пред една година кога бронзена биста на првоборец беше украдена, но подоцна се констатира дека причините биле економски.
„Невиден вандализам. Ова без сомнеж е дело на дрогата и алкохолот. Овде е манифестирано насилство и анархија. Паркот не е заштитен во текот на ноќта“, истакна Митко Недановски, секретар на претседателството на Сојузот на борците. Битолската организација на борците поднесе кривична пријава против непознат сторител и побара од граѓаните да помогнат во расчистување на случајот.
Од Јавното претпријатие „Комуналец“ се сомневаат дека иста група постојано дивее низ градското шеталиште, но никако да не може да се открие. „Уништувањето на урбаната опрема отсекогаш се случува, но ова што го гледаме сега е тежок вандализам. Уништени се кошници, клупи. Голем дел од урбаната опрема беше нова. Нашите екипи ќе ги санираат штетите, меѓутоа лузните од овој настан ќе останат“, изјави Јовко Крстевски, директор на битолски „Комуналец“.
Од Општината велат дека паркот е под стражарски надзор, но немаат одговор каде бил чуварот за време на вандалскиот чин. Откако го осудија настанот, кажаа дека штетата ќе ја санираат со општински пари. Градоначалникот Владимир Талески одамна најави камери на шеталиштето, но од реализацијата на плановите засега ништо.
„Имаме чувари што го надгледуваат тој дел, но, најверојатно, биле на другата страна, бидејќи го чуваат и Тумбе-кафе и Офицерски дом. Не ги поставивме камерите поради проблемот со нарушување на приватноста. Размислуваме како да го изведеме тоа“, вели Талески.
Полицијата излезе на самото место и констатира дека настанот се случил вчераутро, меѓу 1 и 5 часот. Но, засега нема ни трага ни глас од сторителите. „Со употреба на физичка сила бистите се турнати од постаментите и паднале во непосредна близина. Оштетувањата се направена на самите постаменти, додека кај бистите не се утврдени штети. Работиме на случајот“, изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР - Битола. (А.Б.)
Prvo za avtorot na napisot. Se raboti za bisti na NARODNI HEROI i PRVOBORCI od Narodno Osloboditelnata Vojna na makedonskiot narod vo vtorata svetska vojna.
Vtoro, da, se raboti za vandalski cin, no vandalite ne mora da se narkomani. A i ako se, nekoj gi ispratil tamu i treba da se baraat nalogodavacite. Ama niv, nalogodavacite, najmalku moze da gi bara Talevski i negovoto mnozinstvo vo Sovetot na Opstina Bitola. Onoj sto saka da gi najde, nalogodavacite, neka gi prelista site odluki na SO vo vrska so podiganjeto na novi i odrzuvanjeto na postojnite spomen obelezja od NOV.
Од: perica
Датум: 03.07.2010 03:14:47
Aj da ne praime od sve konspiracija.Pijani i naduvani so lepak kopiljaci.
Bistite ke gi vratime na mesto a ma so decava so praime sve poise i poise ke gi ima vakvi,za dve tri godini normalno po ulica nema da mozed da se ide . EEEj 40 postonezaposlenost ;uste pogolema kaj mladi pod 25 godini;hormoni se toa udiraat u glava ne samo droga ;adrenalin;testosteron sve zivo koga zivotite im se prazni i neosmisleni.
Од: kris
Датум: 03.07.2010 09:35:40
Cudna rabota??? A e VeMeRO-vo na vlast bistite na narodnite heroi isceznuvaat, a na Vanco Mihajlov, Aleksandrov, Protogjerov i ostanata bratija niknuvaat?????????
Од: Вандаловски
Датум: 03.07.2010 09:37:50
Не се Вандали, тие се Вмровци.
Од: Ози
Датум: 03.07.2010 09:58:17
Не биле ВМРОовци. За опраните и мазни мозоци тоа е доволна причина да се урнат бистите на луѓето кои НАВИСТИНА ја создаоа сегашната Македонија. Ајде кој прв ќе погоди од која партија се вандаливе.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.07.2010 10:03:45
Да не е ова продолжение на трендот започнат 1990 год. за обезличување на паметниците од НОБ.Се јавија пишувачи на нова историја та затоа овој најсветол дел од нашата историја сакаат да го избришат.Не разбираат дека тоа е неможно.Можна е антиквизација за подигрување и играње на власта со народот, но НОБ беше епопеја и не може да се избрише како со гумичка.Додека е овој градоначалник не верувам во откривање на сторителите а нарочно не на санкционирање.
Од: terezija
Датум: 03.07.2010 12:08:49
"Koga ke se vratime na vlast, se' ke srushime..." se sekjavate neli ??! Pa, "G-da od DPMNE" belkim ne sakate i sami da se zalazuvate, deka protestniot miting protiv edinstvenata(po mnogu neshta) Kanibalska Vlada na ovie prostori i poshiroko- ne Ve ostavil sosema ramnodushni, ili mozebi ignorirajki go efektot od mitingot smetate deka toj ne postoi ili ne se primetuva...??! Se lazite moi NEO - TALIBANCI (origin.Balkanski)...samo shto GO POTVRDUVATE Vashiot strav i nemok ... Se ponashate kako bivshata JNA,povlekuvajki se od Makedonija koga gi demolirashe napushtenite kasarni... Znachi svesni ste za POCHETOKOT na Vashiot KRAJ ?!! Ama znaejki go Vashiot mentalitet i IQ ne me ni chudi koj se ne "uspeva" da Ve zavede i zedni preku voda prenese , koj Vi e kriv...??! Ah, pardooon...Mozebi liceto B. Crvenkovski ????? Koja li mizerija Gospode ne snajde??? Zarem ovaj Narod ne zasluzil nishto podobro od DPMNE i SDSM ...???????
Од: Pereto
Датум: 03.07.2010 12:54:24
Pa koj gi proglacil ovije za heroi...KOMUNISTITE KOLISHEV/ SKI i TITO i .....Kakvi se ovie heroi na KOMUNJARSKATA PARTIJA ! Aleksandrov , Mihajlov i Protogerov se VISTINSKITE HEROI . Dosta ste trpele ova Crvena Propaganda be luge !Nema veke SFRJ...nema SKJ...se toa e zavrsheno..ZASEKOGASH ! Nema go veke i umilniot DRUGA TITA !!!!!
Од: bezanec
Датум: 03.07.2010 17:00:50
Господа вмро-дпмне,бистите можете да ги кршите и фрлите,но мислите на останатите граѓани ќе останат врежани во мозокот,додека вшите мозоци се исперени од вождот.Тие борци ја продолжија борбата за самостојна и суверена МАКЕДОНИЈА,ја ослободија и ја уставностворија.Но вие сте само за растурање исто како во 1913 год. кога кумувавте за поделба на македонија.