Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Универзитетот и Владата на суд?

Билјана Јовановска

Доколку власта не се откаже од идејата за растурање на најстариот државен Универзитет, случајот лесно може да се најде пред судските органи. Во Ректоратот на „Св. Кирил и Методиј“ не ја потврдуваат оваа можност, ниту ја негираат, но ако работите стасаат дотаму, ова би било прво вакво решавање на клучно прашање за иднината на УКИМ.

Ректорот Велимир Стојковски и министерот за образование, Никола Тодоров, кој одново ја актуализираше идејата за расцепкување на УКИМ, минатата недела имаа состанок да ги „испеглаат“ несогласувањата, но власта не ретерира. Тешко се откажува од проектот стар 15 години, а универзитетската фела, барем официјално, не покажува знаци на попуштање пред притисоците. Напротив, сметаат дека не постојат оправдани причини за растурање на Скопскиот универзитет.

Ако власта бара Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да се подели во пет помали целини, наводно, по теркот на Сорбона, нејасно е дали истиот принцип ќе важи и за другите државни универзитети, како што е, на пример, за Штипскиот „Гоце Делчев“, кој се смета за партиски проект и кој е формиран пред три години и има 13 факултети. Колку за споредба, најстариот државен универзитет, кој зад себе има шестдецениско постоење, го сочинуваат 21 факултет.

Бидејќи, раситнувањето на УКИМ ќе подразбира менување на Законот за високо образование, во кој се говори за интегриран универзитет, може ли тој да се однесува само на Скопскиот универзитет? Правно тоа би бил тежок преседан и УКИМ не би имал никаков проблем да го оспори пред Уставен суд. Исто како што и сега ги има аргументите во свои раце, зашто сите универзитети имаат уставно загарантирана автономија и само тие одлучуваат за својата иднина. Делбата на УКИМ во никој случај не е нешто што би требало да го прави власта и затоа оваа иницијатива и ја квалификуваат како најгруб упад во автономијата.

Пред пет години во Хрватска политичките структури имаа амбиција да го „прекројуваат“ тамошниот најстар државен универзитет - Загрепскиот, но прикаската многу брзо излезе преку граница. Ректорската управа на Загрепскиот универзитет на притисокот на ХДЗ одговори со писмо кое го испрати до „Магна карта“, чиј потписник е, па власта многу брзо мораше да се откаже од својот политички проект за „внатрешна фрагментација на Универзитетот“. Од „Магна карта“ експресно реагираа и побараа Владата да ги тргне рацете од Загрепскиот универзитет и во целост да ги почитува европските принципи што повикуваат на институционален интегритет и автономија.

Неспорно е дека УКИМ има слабости во функционирањето, но факт е дека како институција има правни механизми да се заштити од распарчување. Во нашиот случај, кога државата се залага за интегрирањето на Република Македонија во Европската унија, не би било добро до Брисел да стаса и писмено известување дека правата и слободите на Универзитетот со кој почнало високото образование кај нас се нарушени.


#
Статијата е прочитана 1200 пати.

Испрати коментар

Од: Професорка
Датум: 05.11.2010 20:07:09
Давам награда ако некој од Власта знае што е Магна Карта. Па за нив се е игра и детска играчка: образование, култура, здравство...И за такви полутанти се е можно. А Штипскиот ги растури сите, ионака кревки критериуми за квалитет во високото образование. Тој нема да се дели. Кутриот таман почна да се множи со брзина на множење на зајаци, па сега да се дели. Незнаењето и непотизмот таму се неделливи.

Најди! во Утрински
Политика
Немаат тоалет, имаат Интернет
Место преку граница, на операција во „Систина“
Кај мене нема место за Груевски и за Црвенковски
Коњановски
Македонија на 71. место за човечкиот развој






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax