Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Коњановски: Многу сме блиску до ЕУ и до НАТО

„Алтернатива за регионална соработка нема. Покрај тоа што сите земји од Југоисточна Европа кои се движат кон НАТО-алијансата треба индивидуално да се вложат во исполнување на реформите, сепак, сите треба да внимаваат на регионалниот пристап и целокупниот ангажман да го насочат кон доближување на регионот кон евроатлантските интеграции“. Ова вчера го изјави министерот за одбрана, Зоран Коњановски, на отворањето на 13. конференција на началниците на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба. Тој истакна дека балканските држави се мали, но можат многу да придонесат во борбата против глобалниот тероризам и заканите што се јавуваат со лиферација со оружје. Коњановски не заборави да ја истакне соработката и залагањето на САД за приближување на земјава кон евроатлантските структури.

„Резултатите од соработката со САД очигледно се видливи. Јасно е каде беше нашиот регион во 2001-2002 година, а денеска е многу блиску до целосна интеграција во ЕУ и во НАТО“, истакна Коњановски.

Амбасадорот на САД во земјава, Филип Рикер, рече дека американско-македонското партнерство и натаму ќе продолжи и додаде дека за него големо значење има проширувањето на Јадранската група.

„Меѓу САД и Јадранската група и директно со Република Македонија има успешна соработка. Ние сме присутни на средбата преку Европската команда на САД со генерал Џон Гарднер, како и преку НАТО со адмирал Семјуел Локлир. Имаме многу добра соработка и освен ваквите состаноци успешно соработуваме на терен во Авганистан и во Ирак, со што се потврдува партнерството што постои меѓу САД и Македонија“, изјави амбасадорот Рикер. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 510 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Немаат тоалет, имаат Интернет
Место преку граница, на операција во „Систина“
Кај мене нема место за Груевски и за Црвенковски
Македонија на 71. место за човечкиот развој
Универзитетот и Владата на суд?






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax