Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Немаат тоалет, имаат Интернет

Министерот Тодоров најави бум со реновирање и изградба на училишта, но засега не се знае како планира да го направи тоа

Жаклина Ѓорѓевиќ

Подрачното основно училиште „Тошо Арсов“ во штипското село Чардаклија прв пат по триесетина години го смени изгледот. Дрвените прозорци се заменети со нови, а сменети се и вратите, реновиран е и дрвениот под што скапуваше со години. Шестемина ученици завчера прв пат влегоа во реновираните простории на училиштето, во кое никој во изминативе 30 години не вложил ни денар. Училиштето, кое до скоро изгледаше како да е пресликано од минатиот век, се' уште нема тоалет, па учениците одат во полско ВЦ, бидејќи во селото нема канализација. Но, затоа на самиот влез од училиштето стои компјутер со бесплатен Интернет, кој беше поставен во почетокот од учебната година и кој покрај учениците, го користат и селаните.

Чардаклија не се најде на мапата на Министерството за образование и наука за реновирање на училишта во претходниот период. Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, најави инвестициски бум со реновирања и изградба на училишта низ целата држава за кои договара кредит во висина од 110 милиони евра.

Училиштето во Чардаклија не е единствено на списокот што чекаше за реконструкција. Проблеми има и во централното училиште „Тошо Арсов“ во Штип, каде што прозорците плачат за замена. „Прозорците се' уште не се сменети, за разлика од другите училишта и постои опасност при посилен ветер тие да се урнат врз учениците“, вели директорот на ова и на училиштето во Чардаклија, Димитар Параклиев. Тој се надева дека Министерството ќе има слух за нивните проблеми за кои веќе ги известиле.

Министерот Тодоров вчера потврди дека се при крај преговорите со меѓународна финансиска институција од која се бара кредит со кој ќе се реновираат и ќе се изградат основни и средни училишта и спортски сали. Првично, вели тој, процените се дека за тоа му се потребни 110 милиони евра.

„Разговараме со меѓународна финансиска институција и преговорите се во одмината фаза на обезбедување стабилен извор на финансирање што ќе овозможи сериозен инвестициски циклус во образовната инфраструктура. Ова е повеќедецениска потреба. Проектот предвидува реновирање на сите училишта и изградба на училишните спортски сали во основното и во средното образование“, изјави вчера министерот. Тој појасни дека имаат договор со банката при Советот на Европа за кредит за изградба на салите во средните училишта, кој се надева дека ќе го прошират кредитот и за реконструкција и изградба на основни и на средни училишта.

Досега, според министерот, во претходните 4 години се инвестирани една милијарда и 500 милиони денари за разлика од претходниот четиригодишен период кога се вложени 500 милиони денари.

Сепак, во изминатиот период се покажа дека Министерството за образование не е способно да менаџира буџетски пари, особено кога е во прашање реновирањето или изградбата на училишта. Па така, дел од парите што биле предвидени за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на основни и на средни училишта се распределени на други државни институции, бидејќи Министерст��ото не ги искористило во предвидениот рок.

„Министерството за образование и наука не било во можност да ги искористи буџетираните средства за капитални расходи, односно да реализира најмалку 30 отсто од предвидените градежни зафати пред крајот на учебната година“, се вели во најновиот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија во кој се посочува дека можат да го тужат Министерството поради веќе склучените договори.


#
Статијата е прочитана 1105 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Место преку граница, на операција во „Систина“
Кај мене нема место за Груевски и за Црвенковски
Коњановски
Македонија на 71. место за човечкиот развој
Универзитетот и Владата на суд?






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia