Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Контрапункт

Земјотрес, поплава и оган

Никола Гелевски

Бескрупулозноста стана правило на денот, а бруталноста стана единствена метода во пресметувањето со послабите

Има еден виц во кој првобитно учествуваа Англичанец, Шкот и Ирец, но денес улогите ги преземаат Грк, Бугарин и Македонец.

Стојат, значи, тројцата Балканци потпрени врз еден ѕид и чекаат да бидат стрелани од одред војници. Гркот одеднаш извикува „земјотрес!“, па во настанатиот метеж го прескокнува ѕидот и бега. Бугаринот не останува покусо, извикува „поплава!“ и, исто така, успева да побегне. Македонецот, пак, извикува „оган!“, а војниците послушно, како по наредба, го застрелуваат. (Во британскиот виц, по извикот „fire!“ - збор кој едновремено значи „оган“, „пожар“ и „пукајте“ - најкусиот крај го влече, се разбира, Ирецот.)



Реакцијата на Македонецот од вицот неодоливо ме потсетува на политиката на Никола Груевски. Кај сите други балкански национализми - таму и македонскиот. Кај сите со силеџиство, финти и измами - таму и ние. Ама, можеби токму поради имитативната природа на последниот во колоната, дури ни имитирањето не ти го спасува газот. Напротив! Испаѓаш депласиран и смешен.

И, никако не ми оди во умот зошто Македонецот, со сегашнава националистичка мобилизација, ги избира губитничките варијанти на Србинот, Хрватот и Босанецот од деведесеттите години. И зошто, до бога, толку доцна! Проклето задоцнет беше дури и комичниот (но мошне мошне опасен, меѓу другото и поради примитивизмот и глупоста) национализам на Љубе Бошкоски и на она ВМРО од пред десет години. Но, денес?! Кога дури и најголемиот балкански губитник, Србија, сосема се пацификува, смирува и граба кон ЕУ, некој - и тоа во најслабата земја во регионот и во Европа! - да ви ја продава надуената етничка гордост за највисока човечка и цивилизациска и политичка доблест - сосема наликува на извикувањето „оган!“ пред стрелачки строј.

И уште една работа не можам да сфатам: ако веќе толку многу ни пречи силеџиското однесување на Грција, гротескниот дибек од соседството што ги тероризира послабите, зошто тогаш внатре во Македонија, пред се' во политичкиот, но и во севкупниот општествен живот - владеат исклучиво правилата на посилниот, макар бил гротескно, глуп, груб и прост?! И пред Груевски ова беше груба и вулгарна земја, но со Груевски (Маневски, Јанкулоска, Боцевски, Велјановски итн.) бескрупулозноста стана правило на денот, а бруталноста стана единствена метода во пресметувањето со послабите (со оние кои не ги добиле изборите, оние кои се во погрешна партија, фирма или НВО, или едноставно оние што се недоволно послушни спрема актуелниот маалски абдал-предводник; притоа, сите знаат, така налагаат силеџиските правила на паланката, штом малку ќе ослаби моќта на денешниот шапшал-водач, некој друг билмез ќе го дофати тронот и ќе ги брише клозетските школки со главата на довчерашниот „лидер“).

Се согласувам со Груевски: силеџиството на Грција треба да не' направи пообединети внатре. Но, тоа обединување треба да биде врз принципите на разумот, грижата, правдата, солидарноста, а не обединување околу најсилната селска банда. Слободата и човечкото достоинство треба да бидат лепакот со кој го градиме гнездото на сопствената држава. Демократијата е најдлабока можна потреба на македонското општество, а не некаков „бенчмарк“ кој ни го налага ЕУ, заедно со квотите за вино.

***

Провокативниот руски писател и уметник Лев Рубинштејн, во еден скорешен текст во кој го критикува владеењето на Путин, дава духовит портрет на просечниот руски малограѓанин нарекувајќи го „патриот на милитаризираната бензинска станица“ во „чијашто тиква наместо мозок заплиснува петролејот, а цревата му се дујат од природен гас“. Го спомнувам овде необичниот и култен руски писател, зашто советите што тој му ги дава на просечниот руски малограѓанин (како и на Путин), неодоливо потсетуваат на просечниот македонски малограѓанин и на неговиот идол Никола Груевски. Впрочем, еве ги советите на Рубинштејн:

- немој да велиш дека си подобар од сите, само зашто си поголем од сите;

- немој да запнуваш да ги надгласаш сите;

- имај храброст да ги признаеш малите и крупните свињарии што си ги правел;

- немој да хистеризираш за секоја дреболија;

- не нарекувај го црното бело, а белото црно;

- учи врз сопствените и врз туѓите грешки;

- немој да лажеш на секој чекор и не дозволувај тебе да те лажат;

- научи се себе си да се гледаш и отстрана;

- не сметај ги за добротвори своите сопствени џелати и оние што те ограбуваат;

- не создавај си себеси непријатели со сопствените раце и на секој чекор;

- биди отворен и великодушен;

- запомни дека, ако едновремено се чувствуваш голем и понижен од сите, тоа тогаш се вика шизофренија;

- дружи се со чесни, уредни и воспитани луѓе, а не со тапоглавата, злобна и измамничка багра;

- запомни дека прва и основна грижа на твојата држава е да ги обезбеди слободата и човечкото достоинство, а не себе да си создава репутација на светско страшило;

- имај предвид дека дури и кога некој ќе ти се покаже како идиот или ѓубре, тоа воопшто не значи дека и ти треба да се однесуваш како идиот или ѓубре;

- немој да мислиш дека секој кој со тебе сака (а уште почесто е принуден) да се дружи, навистина е твој другар, и дека секој којшто сака да се дружи со некој друг - веднаш е твој непријател и марионета;

- не нарекувај го секој оној којшто не се согласува со тебе - петтоколонаш, наемник и предавник;

- не дозволувај некој друг да ги одредува твоите пратеници и претседатели.

(Авторот е издавач)


Статијата е прочитана 521 пати.

Испрати коментар

Од: ??
Датум: 16.09.2008 01:01:39
Да знаев на што КОНКРЕТНО мислиш па да коментирам, ...вака, испаѓа дека само мислиш и се што си навел важи и за тебе (и сличните на тебе).
Од: kole
Датум: 16.09.2008 01:43:39
Nikola, se slagam so prviot del od napisot, taa tajfa sto ja nabroja e nasa Makedonska sudbina... ama sporedba na nasiot Grujica so Putin e nevozmozna... Putin ja izdigna Rusija od rusevini, a Grujo obratno... od drzava so site nisani se ke upropasti.... ko ke se svesti nasiot napaten narod... kasno ke bide...
Од: Ole - Skopje
Датум: 16.09.2008 01:56:02
Epten ubavo kazano i razbrano. Samo glup covek ne bi mozel da svati sto saka da kaze avtorot. Tokmu taka i vo pravo e. So vakov Premier Makedonija vo momentov se naoga vo KAMIKAZO (samoubistvena) situacija. Ako den poskoro ne se osvesti narodot se plasam deka mnogu skoro ke ne snema i kako drzava i kako narod. OSVESTI SE MAKEDONSKI NARODE!!!!!!!
Од: Aleks
Датум: 16.09.2008 04:28:17
Bravo be Kolja-mnogu vickast si!!!Nam i pozar i zemjotres i poplava ne fati so ovie vasite milenici od SDSM.So privatizacijata i stedilnicite cela Makedonija ja stresija i zapalija,narodot vo solzi go poplavija.Toa e nasata Makedonska saga.A ako probas da ne ubedis deka primitiven nacionalizam e branenjeto na naseto ustavno ime vo banalniot spor so juznite sosedi-togas ovaa tvoja statija e neizdrzliva.Kolku sto znam niti teritorijalni pretenzii imame sprema nekoj sosed-niti pak nekoja voena sila sme.A vie i vasite mentori koi ni ja skroija kapata so FYROM ne dovedovte do ova deredze.Samo "privremeno de"-17 privremeni godini so privremeno banalno ime.Koj nonsens!!!Dali juznite sosedi ni go priznavaat jazikot i pismoto Kolja?Ili ovie gorlivi problemi ke im gi ostavime na nasite deca,kako sto nam ni go ostavija cheizot FYROM!Neizdrzana statija Kolja.Inteligentno momce si no non stop ja trosis energijata kon rushenje na vlasta,koja za volja na vistinata e podobra od onaa lopovskata na SDSM
Од: Brian
Датум: 16.09.2008 05:00:07
Nacionalizmot kako definincija ne znaci negativna konotacija. nacionalist e covek koj go saka sopstvenot narod - nacija. Bidejki patriotizmot i nacionalnot cuvstvo ni bese sotreno vo koren od Srbo-makedonskite komunisti, sekoja iskazuvanje na patriotsko cuvstvo, duri i elementarnata zastita na sopstveniot identitet vo gorniot tekst e definirano kako nacionalizam. Sporedbata so Hrvatska, Srbija , pa i Bosna ne stoi zatoa sto tie imaa hegemonisticki pretenzii, dodeka nie se borime da go zacuvam eova malo parce zejma sto go imame, kako i identitetot koj komsiite so petni zili se trudat da goizoblicat. Etiketata Siledjistvo vo najmala raka e neumesna, bidejki siledjijata sprotivno na site eticki pravni i zakonski normi go zema ona sto ne mu pripagja. Novinarot kako i jas ima pravo na svoe viduvanje na rabotite. Vremeto i javnosta ke go kazat svoeto. Se nadevam deka ke imate doblest da go objavite mojot komentar koj e vo potpolnost vo soglasnost so pravilata koi gi propisuvate.
Од: До ??
Датум: 16.09.2008 08:16:54
Господе чувај не од морони за кои и патоказот претставува само обицна ламарина за пeчење пиперки.
Од: Zoran
Датум: 16.09.2008 08:19:47
Odlicna statija, pogoduva vo centar. Samo sto nasite bilmezi na vlast ova sigurno ke go citaat so potsmev i arogancija. Dali ja gledavte onaa beda od minister, Bocevski, vo sinokesnoto interrvju so Robert Popovski? Katastrofa.
Од: ilarion
Датум: 16.09.2008 08:42:22
za tebe i tvoite slicni ... te molam radi ater, pisi edna kolumna (moze i pola) so pozitivna kritika, pa posle udri (od mene imas uste 3 ipol godini), ce te izdrzime
Од: ЗССС- Скопје
Датум: 16.09.2008 08:42:30
Груевски се прави за да ги изгуби следните изборите. Прави она што е веќе правено, а тоа им дава за,,право„ и на оние што ќе дојдата по него (а еден ден мора да дојдат) да му го прават истото. Нека прави демократија, нека важи правото, нека гради хумани односи, е тогаш тешко некој да го симне од власт.
Од: Nikola
Датум: 16.09.2008 08:45:07
Dobri soveti za gruevski, no i dobri pouki za narodot koj glasa za selska banda.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Почнува судењето за хашкиот случај за работниците на „Маврово“
ОТЕ подготвува продажба на „Космофон“
За да купи 102 двокатни автобуса на Владата и' се потребни 40 милиони евра!
Словенството не е чума
Претходен број
Зденко
„Нешенел џеографик“ го побугарчи Охрид
Сами се изолираме
Светските финансиски пазари погодени од пропаѓањето на „Леман“
Италијански „Орланди“ ќе гради фабрика во „Бунарџик“
Соништа за нови поделби
Бакојани бара од Груевски вистински да преговара
Обвинителот отвора предмет за „поткупот на Јакупи“
Verbatim