Вечерва свечено се затвора 14. издание на Меѓународниот славистички конгрес, кој првпат во својата историја се одржува во Македонија, односно во лулката на словенската писменост, како што светските научници го нарекуваат древниот Охрид. Повеќе од 700 слависти, од 40 земји од светот беа присутни на овој највисок научен собир на славистите.
За нас одржувањето на Славистичкиот конгрес е голем, историски настан. Не само затоа што следното негово одржување во Македонија веројатно би било отприлика за 50 години, туку затоа што тој е исклучително признание на нашата улога меѓу словенските држави. Тој е и, како што истакна претседателот Црвенковски во својот говор на свеченото отворање, указ на почит на придонесот на македонската култура, духовност и јазик кон сесловенската писменост, култура и духовно богатство.
Не беше лесно на Македонија да и' се укаже честа да биде домаќин на еден ваков настан. И, како негови организатори се покажавме во добра светлина. Но, не и како негови домаќини. Освен претседателот Црвенковски на отворањето, таму го немаше македонскиот министер за наука и образование, министерот за култура, го немаше македонскиот премиер, ниту министерот за надворешни работи, таму не беа ниту претставниците на Македонската православна црква, особено во моментот кога се промовираше Кониковското евангелие - најстариот запис на македонски јазик...
Научната јавност во Македонија треба да го протолкува прашањето: зошто оваа наша влада бега од најсветлите страници на својата историја и од својата сегашност? Македонија и Охрид во големиот словенски свет се познати, признати и со историски факти потврдени како центри на словенската култура и писменост, како најафирмираниот дел на православното христијанство.
Зошто, и од кои причини се игнорираат токму словенските културни вредности кај македонскиот народ и македонската држава, кога токму словенската писменост и култура се белегот што не' прават посебни од другите и во словенскиот свет и воопшто. Периодот на нивниот процут не дискредитира некои корени, односно културни и цивилизациски вредности што на ова парче македонска земја се случувале години и векови наназад. Словенските вредности никаде не негираат античко наследство. Вредностите на таа, еве и наша цивилизација, македонските археолози секојдневно ја ископуваат, откриваат и презентираат пред светот. Кој го оспорува тоа или кој се срами од нашата сегашни култура, писмо и јазик?
Факт е дека токму времето на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици и, се разбира, охридскиот средновековен универзитет, е тоа што не' легитимира во цивилизираниот свет како стара нација и како колепка на писменоста на многу други народи и наши поблиски или подалечни држави. Токму тој наш период на ова место ги создаде врутоците на вечната духовна енергија на македонската култура и на нашиот идентитет на посебност.
Не треба да заборавиме дека за минатите конгреси на славистите нашата наука водеше борба за докажување на идентитетот, дека постои македонскиот јазик и нација и се изборивме да ги донесеме светските научници кај нас, да го доживеат одблиску местото од каде што извира словенската писменост. Сега, кога тие дојдоа кај нас дома, којзнае од кои причини, заборавивме на јавното вреднување.
На Светскиот славистички конгрес се собра елитата од светот. Се собраа научниците да презентираат научни факти, вистини и да дадат поддршка на македонистиката, на индивидуалноста на македонскиот јазик, литература и култура, во годината на македонскиот јазик, во годината која УНЕСКО ја прогласи за година на мајчиниот јазик. На овој собир требаше да му даде силна поддршка и македонската политичка елита, особено зошто го живееме периодот кога Македонија го решава спорот со името со Грција. Зашто, следна ваква прилика, којзнае кога ќе им се укаже.
Za ovaa vladeacka nomenklatura slovenstvoto i slovenskite koreni se nesto strano i tudjo. Tie ziveat vo anticko-imperiskite sonista. Za skoro vreme , otkako se pobratimivme so nasite zaboraveni braca Hunzi, kako drzavni praznici ce bidat proglaseni denovite koga se odigrale bitkite kaj Is i kaj Gavgamela. samo malku da pocekame dodeka programiraniot vladin arheoloski buldozer Pasko Kuzman ja prokopa cela Makedonija i otkrie nesoborlivi artefakti za naseto nebesko anticko poteklo. Nie sme nebeski narod. Eden imase takov ponasever , no znaeme kako zavrsi i si se smiri. Sega e redot nie da poletame vo visini. no dokade ce stasame?!!!
Од: Svetec
Датум: 16.09.2008 01:11:58
Словенските вредности никаде не негираат античко наследство. *************************************************************** So ovaa recenica se e kazano. Ednas za sekogas treba da sfatime deka Slovenite nikogas ne se selele, Avtohtoniot narod na ovaa lokacija e istiot narod koj go narekuvame sloveni. Lesno moze so DNK analizi da se dokaze. Problemot e vo dvete teorii koj ednas za sekogas treba da se rascistat, no nabrgu ke se resi i toa.
Од: kole
Датум: 16.09.2008 01:34:32
Napolno se slagam so napisot i komentarot na Let vo mesto... za zal nasana Makedonska istorija e polna so vakvi nedovetni ok KOI POCNUVA ISTORIJATA...... taka se odnesuva denesnata vlast... i se svedovme na eden Pasko Kuzman da ni ja pisuva istorijata..... Prerodbata unistuva...
Од: монах Спиридон
Датум: 16.09.2008 02:29:12
До “Лет во место“: Аман бе пријателе, немај така остро и на прва. Ни Ти ни јас не сме свесни колку племенита работа ни работи Паско. Ќе ни ја прекопа Македонија тражејки ѓи мадињата на Букефал.Ако ги најде добро, ако не, уште подобро. На прекопаното ќе садиме френки и компири и фиферонки. Колку ли ќе ни биде девизниот прилив може да ни го пресмета само м-р Грујо...
Од: bivs skopjanec
Датум: 16.09.2008 03:54:57
Nikoj ne bega od slovenstvoto i ne go poreknuva.Problemot e vo toa sto nedostasuva realnost vo definicijata sto e nacija.Ne se slagam vo definicijata ili ili.....Jas sum i sloven i anticki makedonec, nikoj nema pravo da mi go zabrani toa ili da me ogranici na edno.Zarem ne se grcite i grci i helini,a sega sakaat da bidat i makedonci?Dali nekoj vo ovaa drzava razmisluva deka sekoja istorija se menuva so novi soznanija i proucuvanja?Do kade se so praslovenite koi ziveele na ovie prostori i pred nasata era i kakva e povrzanosta pomedju antickite i "slovenskite" makedonci vo periodot od-500-ta do +500-ta godina?Vo tesnite naucni krugovi se zboruva za toa veke poveke godini.Ve molam, nas ni se potrebni ludje koi rabotat,duri kako i buldozer,a ne kritizeri od fotelja!!!
Од: Ace od Avstralija
Датум: 16.09.2008 03:59:46
SLOVEN znaci P I S M E N , O B R A Z U V A N a ne nacija,narodi itn. itn. Slovenite od Karpatite se Grcka izmislica . Dali do den denes ima bilo kakov arheoloski ( a ne "pisuvan" za milioni $$$ ) dokaz, pomedju Karpatski Sloveni i t.n.receni slovenski narodi? Koj ce pronajde i edna mocana igla kako dokaz, ce bide instant milijarder i BOG kaj Grcite.
Од: (ne)slaven
Датум: 16.09.2008 04:43:39
Dosta vnimatelno napisan tekst od koj se nametnuva zaklucokot deka predstavnicite na aktuelnata vlas, izemajki go Crvenkovski, ne si ja saka istorijata i kulturata. Vo pozadinata na ovaa slucuvanje stojat seriozni ideoloski raziduvanja. Dali bilo koj na kongresot go dotakna prasanjeto "vlijanie na Slovenstvoto vrz Makedonija ili obratno Vlijanie na Makedonskata kultura i istorija vrz Slovenstvoto?". Ne ima nebroeni koi so skepsa gledame na diskontinuitetot: edni Makedonci do VI vek, drugi nakalemeni Makedonci posle VI vek. Ili postoi Makedonija i Makedonci vo kontinuitet ili postojat sam Slavo Makedonci, so slavo-Makedonski Jazik.
Mozebi e promasena upotrebata na zborot slavjani?Kako i da e, onie sto se smetaat za native, aboriginal ili indigenous Makedonci vo ovoj moment se mnozinstvoto i imaaat klucno vlijanie vrz nastanite. Terminot Makedonistika bi bil possodveten od Slavistika.
Од: sdsm = predavnici =sloveni
Датум: 16.09.2008 05:56:59
sdsm se predavnici! ke zavrsat na beli otok!!!
Од: Nikola
Датум: 16.09.2008 08:33:19
Premierot i ministrite bea zafateni so kontakti so Hunzite. Ova e ironija, sekako. No, koj ima oci za da gleda, ce vidi deka ovaa Vlada e nepatriotska, ne raboti na ugledot na R.Makedonija, tuku isklucivo na svoeto licno zbogatuvanje. Vo naredna faza, Kuzman ce dokaze deka Hunzite po Aleksandar otisle nakaj Volga i od nastanele bugarite koi potoa dosle na Balkanot.
Од: jovan
Датум: 16.09.2008 08:52:55
Vo strategijata na ovaa Vlada e i borbata protiv Slovenstvoto. Veke se spremaat tezi (a i kampanji bogami) vo koj ke ne ubeduvaat deka Slovenstvoto ni go nametnale Yugoslovenskite tajni sluzbi (Srbite), i deka nie vsusnost nemame nikakva vrska so Slovenite, i sme direktni potomci na Aleksandrovoto carstvo t.e Anticki Makedonci (dali e taka ili ne neka odgovorat istoricarite a i javnosta eve neka prodiskutira). Naskoro ke ja otvorat ovaa tema so cel, normalno da ne zamajavaat za da ne gledame kako od den na den propagame. Kako zamena ke ni se ponudi kamenot na rozeta kade sto "jasno" se dokazuva deka tretiot nepoznat jazik e vsusnost "nasiot" i so toa nie dobivame titula "nebesen" "anticki" narod od koj site drugi Evropski narodi poteknuvaat. Smesno ama tokmu toa naskoro nekoj "pametnjakovic" ke ni go servira.
Од: Филип
Датум: 16.09.2008 09:25:26
Не ми е јасно, сите народи во светот се трудат да ги вклучат во својот идентитет сите нивни историски, културни, па дури и етнографски одлики. Ние пак го отфрламе можеби најголемиот и најважниот елемент во нашиот идентитет - словенскиот. Ако прашањето дали современите Македонци се Словени или потомци на Античките Македонци или мешавина од двете е малтене прашање на „идеологија“ и убедување, тогаш е сосема јасно дека нашите јазик и писмо се словенски.