Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Обвинителот отвора предмет за „поткупот на Јакупи“


Зумрете Јакупи

Пратеничката на ДУИ ќе треба да објасни кој и' нудел поткуп од половина милион евра за да премине во ДПА

Обвинителството отворило предмет за случајот со нудење поткуп на пратеничка за премин во спротивниот пратенички табор. Јавниот обвинител Љупчо Шврговски вчера изјави дека таков предмет е отворен во Одделението за организиран криминал по тврдењата на пратеничката од ДУИ, Зумрете Јакупи, дека од ДПА се обиделе да ја поткупат со половина милион евра.

„Пратеничката ќе биде повикана во Обвинителството на разговор. Ќе видиме што ќе каже таа и дали ќе посочи директни имиња на луѓето кои се обиделе да ја поткупат, дури потоа работите ќе бидат појасни и ќе се знае дали ќе поведеме кривична постапка“, изјави обвинителот Шврговски.

Минатата недела камерите ја регистрираа изјавата на Јакупи, дадена во законодавниот дом, како им се пофали на новинарите дека луѓе од ДПА пред околу една и пол година и' дале „непристоен предлог“ да премине во нивната партија за сума од 500.000 евра.

По веста за нудење поткуп, експертите се произнесоа дека е недозволиво за земја што претендира да стане членка во ЕУ да се толерира ваква работа, која е кривично дело. Тие отворено го поставија и прашањето зошто пратеничката не ја пријавила понудата за поткуп цело ова време.

Ова не е прв случај за партиски пазарења во највисокиот законодавен дом. Шпекулации за најголемите пратенички трансфери кои дебело биле платени со пари во готово и функции се појавија за време на создавањето ново парламентарно мнозинство во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Љупчо Георгиевски. Тогаш, и покрај излегувањето на ДА на Васил Тупурковски од власта, не се случи политички пресврт, бидејќи дел од неговите пратеници му откажаа послушност и преминаа во ВМРО-ДПМНЕ или станаа независни пратеници. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар

Од: Albanec
Датум: 16.09.2008 00:39:59
Eve kakvi pratenici imame. Ne znaat i izjavi da dadat, duri i zborat bez da gi prasas, takvi se nasite pratenici. Uste ne naucile sto znaci da bides javen covek a sto koga si bil obicen gragjanin! E pa sega neka odgovara gospogjata dali navistina i nudele pari? Ako ne togas da i se zeme imunitetot i paricno da se kazni, i nikogas poveke da ne se zema so politika. Navistina preteruvat, mislat deka se na vlast i nikoj nisto ne im moze. More lugje, ako dojde do toa lugjeto sami da presuduvat veruvjate deka mnogu teska situacija ke imame. A veruvajte deka ne e mal brojot od tie koi sto ne se zadovolni od nivnite izbranici! Dosta veke, preku glava ni izlegovte so vasite mucki. Sudot sudi spored zakonite, no obicniot gragjanin ne sudi spored zakonite, vardete se ood ova, da ne gi zemat gragjanite nestata vo svoi race!
Од: jovan
Датум: 16.09.2008 08:34:16
Jas licno ni 500 evra ne bi potrosil na doticnava, a ne pa 500.000,-evra. Ili jas ne se razbiram vo pratenicki biznis ili doticnava leci frustracii pa dava smesni izjavi deka nekoj i nudel pola milion. Uste posmesno e pa toa sto drzavava i mediumive se zanimavaat so isfrustruirani licnosti.
Од: zabegan
Датум: 16.09.2008 08:42:03
ako na ova pratenicka e se nudele tolku pari pa kolku vredat drugite.e moj narode na makedonia ako e vistina vaka da se nudat pari a nas ne farbat deka ce rabotele za obicniot narot tesko nas so vakvi parti i pratenici.od kade im tolku pari da ne imat fabriki za stamajne evra.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Почнува судењето за хашкиот случај за работниците на „Маврово“
ОТЕ подготвува продажба на „Космофон“
За да купи 102 двокатни автобуса на Владата и' се потребни 40 милиони евра!
Словенството не е чума
Претходен број
Зденко
„Нешенел џеографик“ го побугарчи Охрид
Сами се изолираме
Светските финансиски пазари погодени од пропаѓањето на „Леман“
Италијански „Орланди“ ќе гради фабрика во „Бунарџик“
Соништа за нови поделби
Бакојани бара од Груевски вистински да преговара
Земјотрес, поплава и оган
Verbatim