Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Почнува судењето за хашкиот случај за работниците на „Маврово“

Судството и Обвинителството подготвени за предметот, но дали ќе дојде до вистински почеток, сепак неизвесно

Љубиша Станковиќ

Првиот од четирите хашки предмети, кој стана познат како „Случајот на мавровските работници“, од денеска ќе добие и судски тек. На обвинителната клупа треба да седнат 19 лица, од кои еден малолетник.

Пред Судскиот совет на Одделот за борба против организираниот криминал на Кривичниот суд, со кој ќе раководи судијата Горан Бошевски, ќе одговараат за кривично дело: организирање група и поттикнување на извршување геноцид и воени злосторства.

Надлежните тврдат дека се подготвени за стартот на судскиот процес, кој еднаш веќе беше прекинат поради тоа што Трибуналот го презема заедно со уште четири други македонски случаи поврзани со воениот конфликт во 2001 година. Ова ќе биде и вистински тест за македонското судство, кое помина специјална обука за постапување за овој вид предмети.

Претседателката на Основниот суд Скопје 1, Добрила Кацарска, вчера изјави дека судот е подготвен за денешниот почеток на судењето за случајот „Малтретирани градежни работници“, кој е прв од четирите предмети што ги врати Хашкото обвинителство на процесуирање во Македонија.

„Повеќе пати кажав дека судот е подготвен за почнување на овие предмети и во поглед на судницата и се' што е дополнително потребно за да се спроведе таа постапка согласно со законите“, изјави Кацарска по завршувањето на свеченоста по повод почетокот на обуката на втората генерација-кандидати за судии и јавни обвинители.

Таа очекува да биде обезбедено присуството на сите осомничени и сведоци на судењето. „Се надевам дека ќе биде обезбедено нивното присуство, а и доколку не се присутни на судењето, постојат други постапки и начини да бидат донесени во судот или евентуално да се суди во нивно отсуство“, истакна Кацарска.

Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски на новинарско прашање кога може да се очекува судско процесуирање и на случајот „Раководство на ОНА“ изјави дека освен случајот со работниците на „Маврово“, кој е во фаза на судење, за преостанатите предмети треба да се преземат уште многу процесни дејства.

„Таму се обвинети многу лица, дел од нив се достапни, дел се недостапни, има многу истражни дејства. Во зависност од тоа кога истражниот судија ќе ги преземе сите истражни дејства и предметот ќе се врати во Обвинителството, сигурно дека тој нема да стои кај нас повеќе од 15 дена“, рече Шврговски. Тој уште еднаш рече дека Законот за амнестија не важи за овие случаи.

Министерот за правда, Михајло Маневски, пак, изјави дека очекува судот да си ја заврши професионално работата во врска со четирите хашки предмети, а тоа да нема политички импликации врз владината коалиција.

Иако стартот на судскиот процес е закажан за денес, сепак, неизвесно е дали ќе дојде до вистински почеток. Кога обвинителниот акт беше поднесен пред малку повеќе од 6,5 години, на органите на правдата и' беа достапни само две лица. Станува збор за обвинетиот Шкодран Идризи (28) од тетовско Желино и Ф.Ф.(24) од истото село, кој во времето на случувањето на кривичното дело бил малолетник.

Покрај нив, на листата на обвинети се наоѓаат и Башким Рустеми од село Гајре, Џеват Џемалил (46) од село Вејце, Хисен Џемаили (32) исто така од Вејце, Шевал Ајет Етеми (33) од Палатица, Шабан Зенуни (34) од Мерово, Кадри Сулејмани (34) од Камењане, Мирсат Исмани (25) од Бојане, Мусли Хавзии (38) од Челопек, Сафет Огриќ (33) од Челопек, Алинаџи Идризи (49) од Тетово, Џемал Абдулахи (38) од Тетово, Илир Џеладини (37) од Мала Речица, Нусрет Мустафи (31) од Тетово, Осман Нухија (32) од Ѓермо, Исмаил Муарем Селмани (43) од Јажинце и Арбен Јакупи (32) од Непроштено.

Настанот за кој ќе одговара оваа 19-члена група се случи на 7 август 2001 година. Тој ден вооружените припадници на паравоената ОНА, извршиле грабнување на четворица кумановци и еден велешанец, инаку работници на АДГ „Маврово“, кои критичниот ден изведувале градежни работи на трасата од автопатот во близина на селото Групчин.

Грабнатите работници освен што биле подложени на свирепо мачење и тортура, им било нарушено и личното достоинство.Врз нив била спроведена невидена физичка и психичка тортура. Биле удирани со клоци, боксови, со метални делови од лопата по целото тело, а најмногу по гениталиите. Целата тортура требало да биде проследена со повици: „Да живе УЧК, Косово и Албанија“ и со „Смрт за ѓаурите“, на што грабнатите биле присилувани.

Најгрозоморниот дел од обвинението е оној што опишува како со нож „рамбо“, со сечило долго 15 сантиметри, на грбот им биле впишувани првите букви од имињата. Еден од грабнатите работници бил прободен во ногата, а сите тие биле распоредени пред рововите што биле ископани крај патот и биле на нишан на киднаперите.

Под закана со пиштол ставен во устата на еден од грабнатите работници им било кажано дека ќе бидат убиени и запалени заедно со нивните куќи, доколку проговорат за она што цели десет часа преживувал тој ден. Квечерината, еден од обвинетите со возило од непозната марка ги однел грабнатите работници на АДГ „Маврово“ во близината на скопското село Сарај со што бил ставен крај на нивните човечки страдања.

За сите наводи, како што тврдат во Обвинителството, се прибавени докази уште во текот на истражната постапка, како и фотографии.


Статијата е прочитана 351 пати.

Испрати коментар

Од: dalecen makedonec
Датум: 16.09.2008 01:20:57
za zal praviot sudija ne sedi vo sudnicata,tamo se samo marionetite,voobicaeno albancite si gi baraat pravata na nivniot tradicionalen nacin podmolno
Од: zabegan
Датум: 16.09.2008 08:27:35
vo koalicia se nema nisto od toa pojeo vuk magarca.
Од: Kicevo
Датум: 16.09.2008 09:25:16
Можам да сватем некој да те убие,или да го убиеш во борба,афект,ама вакво педерско измачување,кукавици засраметесе и предадете се сами...од овие мислам дека и Али Ахмети се има оградено...ваков случај е монструозен и мислам во општо нема таков водач или партија кој ке заштити вакви монструми да прават вакво нешто.Тој што вака прави може утре ден и на самиот водач и на некој од неговите да направи.....смрт на вакви монструми.Нека им помогне Господ на работниците ке даде Господ и Алах да бидат обештетени,а злосторниците смртна казна за нив,воведете е и тоа без знаење од никој...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
ОТЕ подготвува продажба на „Космофон“
За да купи 102 двокатни автобуса на Владата и' се потребни 40 милиони евра!
Словенството не е чума
Претходен број
Зденко
„Нешенел џеографик“ го побугарчи Охрид
Сами се изолираме
Светските финансиски пазари погодени од пропаѓањето на „Леман“
Италијански „Орланди“ ќе гради фабрика во „Бунарџик“
Соништа за нови поделби
Бакојани бара од Груевски вистински да преговара
Обвинителот отвора предмет за „поткупот на Јакупи“
Земјотрес, поплава и оган
Verbatim