Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Сами се изолираме

Соња Крамарска

Македонија не беше меѓу учесниците на интернационалната изложба во Сарагоза, Шпанија, посветена на водите, нивната експлоатација и нивното значење за натамошниот опстанок на планетата. Можеби некому ќе му изгледа смешна критиката за тоа, но поентата е во фактот што односот кон такви собири, всушност, покажува колку нашата земја и ние како нација заостануваме зад другите земји.

Кога ќе погледнеме што дискутираме ние овде, а што дискутира светот кој е во буквална паника за опстанокот на планетата што се доведува во прашање поради опасноста од недостиг од храна и вода, тогаш е јасна незаинтересираноста за патување во далечната Сарагоза.

Нам тоа не ни е на дневен ред. Но, нашите соседи Бугарија, Грција, Хрватска, Албанија добро ја разбираат смислата на ваквите „екскурзии“ и се појавија во шпанскиот град. Колку да го потсетат светот на себе.

Македонија, по се' изгледа, нема потреба ниту од такво нешто. Ние сме си доволни самите на себе. Нема зошто да се мешаме со останатиот дел на светот. Не не' интересираа недостигот од вода, лошото управување со овој основен природен ресурс, експанзијата на население.

Нашата земја е со светлосни години далеку од ваквите теми. Можеби и со право. Овие теми ја допираат цивилизацијата, а ние не сме ни стапнале таму. Се' уште не знаеме како ќе ни се вика државата, каде ќе се протега границата, на кој јазик или јазици ќе зборуваме во сопствената земја. Со таква „агенда“ изгледа смешно некој да мисли на тоа дали утре оваа земја ќе има доволно вода.

Но, не е смешно, туку е жално. Се изолираме самите од светот, свесно или несвесно.


Статијата е прочитана 766 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 16.09.2008 01:50:24
Nasite avtoriteti imaat povazni raboti i dela, ja stvaraat nasata svetla idnina... uste ne sme taka zasegnati so vodite... za srekja gi imame makar sto ne se pravilno raspredeleni... a toa sto ne otisle vo Spanija lesno se objasnuva... pa denta Vlastodrscite otvorale Fakultet za informaticka tehnologija vo selo Prdejci- Gevgelisko... Prerodbata unistuva..
Од: megii
Датум: 16.09.2008 03:11:39
E draga Sonce,blagodarenie na tvojot Brance i cicko ti Kiro sme na ova deridze so imeto i jazikot i granicite ne zavboravi neli. Tie ni go promenia imeto. Ako toa ne go storija tie sigurno denes ke nemavme takvi problemi i ke ucestvuvavme na ovie konferencii kade sto prisustvuvaat i nasite sosedi. Za sreka nivnite politicari vodea smetka za nivnite drzavi navreme.
Од: историчарот
Датум: 16.09.2008 08:21:09
Критиката е на место. Темата е цивилизациска. Проблем е што темата е современа и бара работа, знаење, посветеност. Грујо знае дека на оние, неговите, од рејтингот, ова не им е во агендата за размислување. Тој ним им крои друга капа, како на Александар Големиот. (Дали бил голем како на споменикот во Прилеп?)

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Почнува судењето за хашкиот случај за работниците на „Маврово“
ОТЕ подготвува продажба на „Космофон“
За да купи 102 двокатни автобуса на Владата и' се потребни 40 милиони евра!
Словенството не е чума
Претходен број
Зденко
„Нешенел џеографик“ го побугарчи Охрид
Светските финансиски пазари погодени од пропаѓањето на „Леман“
Италијански „Орланди“ ќе гради фабрика во „Бунарџик“
Соништа за нови поделби
Бакојани бара од Груевски вистински да преговара
Обвинителот отвора предмет за „поткупот на Јаку��и“
Земјотрес, поплава и оган
Verbatim