Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Римскиот форум доби втора книга

Заокружен тригодишниот проект на Стоби во кој учествуваше и НВО ЧИСС од Палермо

Катерина Богоева

Археолошкиот локалитет Стоби доби уште една публикација „Форум Романум Стобис II“ од археолозите Мила Шурбаноска и Антонио Јакимовски, која минатата недела беше промови��ана во Музејот на Македонија. Таа е втора публикација, како дел од тригодишниот проект „Археолошка и туристичка валоризација на римскиот град Стоби - Римски форум“, а ги содржи резултатите од систематските археолошки истражувања на раноримскиот објект, како и на останатите активности, реализирани во рамките на проектот во текот на 2007 и 2008 година. Го реализираа Музејот на Македонија, во соработка со невладината организација ЧИСС - Меѓународна соработка југ-југ од Италија, со финансиска поддршка од италијанското Министерството за надворешни работи.

На локацијата на претпоставениот форум, археолошките истражувања се одвиваат од 2003 година, заради негово откривање, што би придонело, според археологот Мила Шурбановска, за надополнување на историјата и урбаната хронологија на античкиот град Стоби. Со вклучување на ЧИСС, покрај научноистражувачки карактер, проектот доби и едукативен и развоен, а во 2008 година е организиран и тренинг-курс за конзервација и реставрација со учество на студенти од Македонија и од Палестина. „Објектот откриен во рамките на овој проект е еден од малкуте раноримски откриени на Стоби до денес. Неговото откривање придонесе за дополнување на историјата и хронологијата на локалитетот, докажувајќи дека тој не бил само голем град и епископски центар во доцната антика, туку дека бил и главен трговски и културен центар и во времето на раното Римско Царство“, изјави Шурбановска, укажувајќи дека е постигната и зададената цел, едукација и обука на млади кадри, подигање на свеста за културното наследство и грижа за него и развивање на туристичките атракции. Според неа, истражуваниот објект не е истражен целосно од внатрешната и од надворешната страна, што го отежнува одредувањето на неговата намена. „Сепак јасно е дека се работи за значајна јавна градба, која е дел од форумот каде што се сместени најзначајните градби - курија, регија, библиотека“. Таа го нарече објектот „параметар на археолошките истражувања на раноримскиот дел од градот, а воедно, барем засега, и главна туристичка атракција за посетителите“.

Публикацијата „Форум Романум Стобис II“ ја промовира Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, посочувајќи дека содржи се' што е потребно и дека би било добро да се навикнеме, по секоја археолошка истражувачка кампања во земјава, да подготвуваме такви извештајни публикации“. Од седиштето на ЧИСС во Палермо присуствуваа четворица претставници и претставникот за Македонија, Горан Бошков.

Иницијаторот на идејата за истражување на објектот од раноримскиот период во Стоби, археологот Елеонора Петрова (професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип), смета дека на тој начин земјава влегува и во кругот на медитеранските градови со висок степен на културен развој во тој историски период. „Истражувањата на Римскиот форум ќе продолжат затоа што мора да очекуваме делови од раноримскиот град на потегот покрај Црна до раноримскиот театар. Треба да очекуваме нови јавни градби, нови палати, нови стои и нови храмови кои што треба да бидат дел од форумот, кој е дамар на животот, односно центар на сите збиднувања во градот. Тие истражувања се од големо значење за Стоби како муниципиум и воопшто за археологијата, бидејќи само таа е вечна.

Локалитетот се истражува од 1920 година, се' уште не поминале ни 100 години и мислам дека има работа за 200 години истражување. Очекувам голема иднина за следните археолози, бидејќи тука ќе го откриеме раноримскиот град“.


#
Статијата е прочитана 127 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Струшки вечери на поезијата“ треба да се врати на изворните принципи
Да, сакаме танцов театар
Еднодневен фестивал на „ворлд мјузик“ во Битола
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Зимски приказни во „Три“
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census