Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Фреквенција звучна

Да, сакаме танцов театар

Тина Иванова

Секоја иницијатива во уметноста, која подразбира нејзин прогрес, е добредојдена. Секоја желба за новитет, без разлика како тој ќе биде забележан од очите на јавноста во понатамошниот свој развој, во своите корени треба да се прифати безрезервно.

Во време кога во Македонија институционалната култура е на пониско квалитативно ниво, кога за т.н. жива уметност не се обрнува доволна грижа од страна на државата, вистинска храброст е да се зборува за формирање уште една институција која ќе се занимава со култура, со уметничка програма, која ќе креира репертоар, ќе продуцира претстави, која ќе има цел да го привлече нашето внимание, но и вниманието на меѓународната заедница.

Дека ни е потребен нов танцов театар беше заклучокот или позитивниот одговор на сите учесници на дводневната конференција, која минатата недела се одржа на универзитетот, ЕСРА на тема „Современиот танц (култура) како фактор на трансформација на општеството - нов танцов театар“.

Формирањето нов танцов театар, кој во споредба со веќе постојниот Национален балет значи и занимавање со развојот на современиот танц, со прогресивните идеи, со сето она што подразбира современ начин на креирање, современ начин на живеење. И тоа е храброст, повторно ќе потенцирам, зашто во Македонија секој сличен на овој подвиг замира уште со првиот негов уметнички крик. Се родија, особено во областа на драмската уметност, неколку културни установи, некои под закрила на државата, некои поддржани од други, приватни организации, кои сега се тетерават, ни ваму ни таму, не знаејќи каков ќе биде и дали, воопшто, ќе го имаат својот следен чекор. Затоа, идејата за формирање танцов театар е одличен, но и ризичен подвиг, ако ги земеме предвид искуствата на другите. Но, ако не ги прифаќаме ризиците, нема да одиме напред. Можеме да се обидеме, можеме да почнеме, па за квантитетот и квалитетот на понатамошните одгласи само времето ќе покаже.

На Македонија и' треба нов театар што ќе се занимава со танц. Во Македонија постои квалитетен развој на современата танцова сцена. Има луѓе, креативци, кореографи, танчари, кои жестоко, темелно, енергично се обидуваат да ја одржат во живот современата танцова сцена, да фатат чекор со европските, па и со светските текови во оваа уметничка област. Нејзиниот развој се случува и преку фестивалската програма, преку гостувања на видни, странски имиња од областа на современиот танц, теоретичари, танчари, кореографи, кои своето искуство го пренесуваат овде, кои ни ги покажуваат своите иновации во областа на постмодерната уметност, нејзината случајност, некохерентност, фрагментарност, ефемерност, еклектичност.

Дел од оваа современа танцова сцена се развива во единствената танцова институција кај нас, Македонскиот балет, дел преку други организации што се занимаваат со културата. И таа достигнува едно ниво кое, колку и да звучи нескромно, може да чекори со идентични стапки со европските современи танцови достигнувања. Современиот танц, како и секоја друга современа уметност, треба да биде јажето што ќе го влече општеството напред. А, танцовиот театар треба да биде простор што ќе овозможи да дојдат до израз креативците чии квалитети постојано се вреднуваат овде, а уште повеќе на европските сцени, театар кој, условно кажано, ќе ги згрижи луѓето што се занимаваат со современиот танц, кој ќе предизвика здрава конкуренција со останатите слични институции кај нас, кој би можел да се занимава со извоз на оваа уметничка форма, кој ќе овозможи да се остави печат на една авторска идеја, да се даде акцент на индивидуалниот израз.

Но, тој треба да биде и простор што ќе ги привлече уметниците во него да творат и од некои други провиниенции, со чија заедничка енергија, ентузијазам и творечки порив ќе се создаде и квалитетен кадровски потенцијал. „Би сакале да видиме танц со македонски печат“, рече уметничкиот директор на Танцовата академија во Ротердам, Каролина Хардер, која беше дел од учесниците на конференцијата. Да се надеваме дека танцовиот театар ќе ги задоволи потребите на оние што се занимаваат со танц и се' што тој подразбира околу себе.


#
Статијата е прочитана 238 пати.

Испрати коментар

Од: perica
Датум: 20.12.2010 14:37:21
Sakame dva tancovi teatri eden za igranje so nogi i eden so ruki. Samo toa ni fali.Abe vie od kulturava i umetnosva skroz ste zabegale , se raspaga obrazovanie se raspaga zdravstvo najelementarni potrebi , a vie barate tancov teatar i toa na drzaven budzet, groteskno , so be groteskno ,ludo 100%.
Од: Viki
Датум: 20.12.2010 22:31:17
ke kurtulime li od vesva za ova cudo od teatar. Edna nedela ne gnhavea deka KE se odrzi, edna deka se odrzuva. Treta deka se odrzal workshop. A be zemite igrajte da vidime so e toa cudo pa da ve finansirame. Ne za sve dajte pari pa ke pravime i poslepih! Nie sme umetnici ni treba vreme, polna mesecina vo merkur. Jas da sum vlast na proekt so naslov so dva para zagradi i poveke od tri zbora ne samo sto ne bi dala pari, na crna lista za proekti vo slednite deset god bi gi stavila. Da se nemalo mera ni minimum vkus!
Од: Стево
Датум: 20.12.2010 23:59:25
Нема врска со темава, но сакам да ве прашам : Дали знаете дек нашпите членови на Балетот на тримесечната турнеа низ Италија се на ниво на Патувачки циркус, Ансамблот спие во автобус, хотелско сместување ретко се користи, но затоа одбраните убаво уживат на државна сметка низ Италија.. Срамота за директорот и дамите од полициска власт

Најди! во Утрински
Култура
„Струшки вечери на поезијата“ треба да се врати на изворните принципи
Еднодневен фестивал на „ворлд мјузик“ во Битола
Римскиот форум доби втора книга
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Зимски приказни во „Три“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks