Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Еднодневен фестивал на „ворлд мјузик“ во Битола

Во организација на Центарот за Култура од Битола, денеска со 20 часот ќе се одржи Фестивал на светска музика насловен „Festival of world music“. Ова е второ издание на битолскиот фестивал што ја третира т.н. ворлд музика, но овој пат се одржува со друго име и со нов концепт, што подразбира стриктна промоција на автентична етномузика од Македонија, од регионот и од Европа.

На еднодневниот фестивал публиката ќе има можност да ги проследи концертите на Џенгиз Ибрахим, познат турски музичар што свири на канон, саз и ударни инструменти, како и на двете македонски групи „Ајдаред“ и „Љубојна“.

Џенгиз Ибрахим е музичар на дворската турска музика. Неговото творештво е разновидно. Ибрахим компонира и музика за театарски претстави. За овој исклучително талентиран изведувач може да се каже дека го реинкарнира т.н. румелиски мелос. Ова извонредно богато културно наследство, кое им припаѓа на заедниците во Македонија, паѓа во заборав. Благодарение на Ибрахим, овој мелос не само што преживеа, туку ја доби соодветната уметничка обработка.

Групата „Ајдаред“ е формирана во 2008 година во Скопје, по иницијатива на Драган Спасов и Виктор Филиповски, кои наедно се композитори и аранжери на музиката. Овој состав брои шест члена, досега има издадено еден албум, а се занимава со звуците на македонската традиционална музика.

Составот „Љубојна“, кој најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос, го темели творештвото не само на сопственото слегување до „изворот“, туку и длабоко навлегува во она што се нарекува современа звуковност. Досега имаат издадено три албуми, од кои последниот (2009) е работен врз поезијата на Петре М. Андреевски, а се појавува како нов исчекор на музичката мисла на Љубојна во однос на македонската современа музика. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 165 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Струшки вечери на поезијата“ треба да се врати на изворните принципи
Да, сакаме танцов театар
Римскиот форум доби втора книга
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Зимски приказни во „Три“
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run