Главниот и одговорен уредник на Алфа ТВ, Љупчо Зиков, од 1 овој месец веќе не е на кормилото на телевизија и на негово место е поставен уредникот Ацо Кабранов. Причината за неговото заминување од оваа позиција е ангажманот околу излегувањето на новиот дневен весник што ќе ги следи економско-политичките случувања во земјава. Подготовките се веќе при крај и неговото стартување се најавува дека ќе се случи многу брзо. Весникот ќе го носи името „Капитал“, како истоимениот неделник што обработува теми и информации од сферата на бизнис-економијата.
„’Капитал медија груп‘ влегува во една нова инвестиција, издавање дневен весник што ќе опфаќа теми кои и досега ги опфаќаше неделникот. Се покажа дека медиумскиот пазар во Македонија има потреба од ваков дневен весник, кој ќе обработува економски теми и ќе ја информира бизнис и политичката заедница за сите случувања во овој сектор“, вели Зиков. На подготовките на овој проект работел веќе подолго време и првиот број на весникот треба да излезе на одбележувањето на 10-годишнината од постоењето на магазинот „Капитал“, што ќе биде на 24 септември. Неколку дена претходно, пак, ќе биде објавен пилот-бројот на весникот, што ќе им биде поделен на учесниците на предавањето на Филип Котлер, престижен универзитетски професор за маркетинг-стратегии.
„На самиот настан ќе го поделиме пилот-бројот, а тогаш ќе објавиме и кога весникот ќе започне со своето редовно излегување. Очекуваме македонската деловна заедница да го прифати овој весник затоа што овој простор е неосвоен и на ова поле треба да се работи. Магазинот ’Капитал’ има големо влијание кај македонската деловна и политичка средина и логично е дека очекуваме дека и весникот ќе наиде на ист таков прием“, вели Зиков.
Од раководната функција на телевизија Алфа заминува горд поради нивото што го достигнала оваа телевизија, која моментно, како што вели, е трета телевизија по гледаност, но додава дека соработката со овој медиум нема да ја прекине. Тој најавува и уште еден нов проект.
„Во еден голем дел, сепак, ќе бидам инволвиран во Алфа, затоа што планираме уште еден нов проект. По Нова година очекувам на оваа телевизија да стартуваме нова емисија со бизнис-економски карактер“, најавува Зиков. (Св.У.)
Srekno, Ljupco! Alfa Tv e pristojna Tv no i ti i jas znaeme deka treba uste mnogu za da bide televizija kako sto treba, a za toa treba pari. Koga ke gi kupite pravata za prvomajskiot koncert na Berlinskite filharmonicari, nekoe mnogu vazno sportsko prvenstvo, koga ke imate nepotkupliv novinar, odnosno koga ke si ja finansirate televizijata sami, togas ke vi simnam kapa. Zasega, za mene se naogjate vo istatat falanga so marginalnata TV "Sitel" i nemu slicni...
Од: pravda
Датум: 05.09.2009 14:30:31
Bravo za tv Alfa,zasega edinstveno objektivna tv,samo prodolzete taka i narodot ke ve gleda,zlobnite komentari gi imalo i ke gi ima.