Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Едриличарство

Македонија се повлече од Балканијадата поради името

Македонската едриличарска репрезентација ја напушти Балканијадата во Долни Милановац, Србија, поради омаловажување и инсистирање на домаќинот да се прифати ултиматумот на грчкиот тим Македонија да биде претставена со референцата ФИРОМ. Генералниот секретар на Македонската едриличарска федерација, Стефан Ставрев, вели дека непријатностите почнале пред три дена, кога на официјалната веб-страница на Балканијадата репрезентацијата на Македонија била претставена со кратенката ФИРОМ, иако во Интернационалната едриличарска федерација таа е примена под привременото име Поранешна Југословенска Република Македонија.

„На ова реагиравме и усно и писмено, но иако инсистиравме, до отворањето не добивме информација под кое име планираат да настапиме на Балканијадата. Пред самиот почеток од страна на претставници на организаторите ни беше кажано дека мораме да ги соблечеме дресовите на кои пишуваше „Macedonian sailing team“, што беше одбиено од наша страна“, објаснува Ставрев.

Откако репрезентацијата се построила зад таблата на која пишувало „The Former Yugoslav Republic of Macedonia“, организаторот ја прекинал церемонијата, а на репрезентацијата и' бил поставен ултиматум или да бидат соблечени националните дресови или да го напушти отворањето.

„Не го прифативме ултиматумот и се обидовме повторно да се построиме, во што бевме спречени, нашата табла беше тргната, македонското знаме не беше кренато и не се свиреше нашата национална химна“, вели Ставрев.

Македонските едриличари од клубовите АМАК СП „Бофор“ и „Стрмец“ од Охрид и „Снегар“ од Струга вчера требаше да се вратат во Македонија. За инцидентот на отворањето на Балканијадата е известена амбасадата на Република Македонија во Србија. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1290 пати.

Испрати коментар

Од: bramoni
Датум: 05.09.2009 01:15:58
Decki od Edrilicarskata reprezentacija! Vi cestitam na gestot! Taka treba da se odnesuvaat site. Za mene vie ste pobednici! C E S T I T A M!!!!!!!!!
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 05.09.2009 01:27:37
Najgolemoto ponizhuvanje go dozhiveavme pri promena na znameto, a slednite ushte ne ochekuvaat. Neshto mora da se menuva. Isto taka nie sami se omalovazhuvame, narekuvajkji gi nashite najgolemi nacionalni heroi izdajnici i izrodi.
Од: zoran
Датум: 05.09.2009 06:07:20
Na Makedonskiot tim mu beshe naredeno da gi soblece dresovite...eee Makedonci do koga ke gi trpite ovie brajka srbi so dvelica.Pod hitno da se smeni kalendarot na crkvata a isto da zeme latinicata vo nasheto pismo,dosta e vejke so navredi.
Од: Mene do Vas
Датум: 05.09.2009 07:39:03
Ko ce koga ako ne svoj svoga. Pa i ne mora da go objavite komentarov ako e na srpski. Zalosno e sto reprezentativcite se zaloznici na necij terorizam poddrzan od Evropa i Srbija. A vie pljukacite sekako ce gi napadnete makedonskite predstavnici: Zosto ne gi soblekle maicite. Pak tie se krivi ne Teroristicka Grcija. Koja tormozi Nacija.
Од: gaby
Датум: 05.09.2009 10:55:09
За нас вече сте „The Former Yugoslav Republic of Macedonia"!!! Да знаете!!!
Од: filip
Датум: 05.09.2009 11:05:25
mora taka!!!samo zabi pokazuvanje ili otide se vo vetar!!! bravo za reprezentativcite i celata makedonska delegacija.
Од: cilevski,zap ev
Датум: 05.09.2009 11:07:57
nemi e jasno samata federacija promena vo svetski sojuz pod ime firom a ne prifaca da skine majci???????pa samite potpisale za toa ime pa sekade vo svet mak e pod toa ime samo vo mak figurira kako mak.
Од: gavro
Датум: 05.09.2009 11:56:58
A Srbite ni se kako braka, a? A bre, ista sorta kako Grcite i Bugarite se.
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 05.09.2009 16:16:39
Е !!!! МОИ ОХРИЃАНИ, на кого сте се пожалиле кога и амбасиодорот со организаторите во едно грне „прди„а во другото „грне„ смрди. крсте попстефанија
Од: od djordji
Датум: 05.09.2009 19:25:20
Za seto ova ne se vinovni <
Од: makedonka
Датум: 05.09.2009 20:20:52
Najnapred jas bi ti preporacala "gaby" da naucis da pisuvas a potoa da komentiras. Jas veruvam deka vo tvoite studeni veni tece okupatorska krv pa i ne e za cudenje sto vo tvojata panicna izjava pisuvas kompletno nerazbirlivi recenici
Од: branko
Датум: 05.09.2009 20:52:43
krivo vi e sto sme makedonci , i treba da vi bide krivo ,
Од: mene
Датум: 06.09.2009 01:39:36
Pa zarem uste ne ni e jasno deka srbija ne tepase celo vreme po glava ,a i uste go pravi toa.Grcite im bea otsekogas pogolemi prijateli iako nie bevme so niv vo edna drzava.Ne zaboravete nie sme ramni so kosovo za srbija.Dve teritorii koi se otcepija od majkata zemja.
Од: nekoj skopje
Датум: 06.09.2009 08:49:02
da bideme realni i da pravime strategija spored toa za da preziveeme. na balkanot ke ima 4 vazni sili Srbija, Albanija/Kosovo (del od makedonija mozebi), Grcija i Bugarija. Da ne si igrame so ognot bidejki od konfiliktite na ovie zemji makedonija najmnogu ke pati makedonija kako sto bese vo balkanskite zemji. Treba da se uci od istorijata nazalost kaj nas se zaborava mnogu brzo.. Makedoncite mora da izgradat strategija bidejki kako se se odvivaat rabotite makedonija nema da postoi koga kosovo ke se soedini so albanija i zapadna makedonija ke se povika neposlusnost.

Најди! во Утрински
Политика
Партиска сеча на 1.000 наставници
Ревизија на приватизацијата на „Југохром“
Нови проблеми со албанската паралелка во Велес
Промени во Алфа ТВ