Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Ревизија на приватизацијата на „Југохром“

Поранешни работници тврдат дека во приватизацијата на „Југохром“ имало криминал

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Во приватизацијата на ХЕК „Југохром“ од Јегуновце пред десетина години имало елементи на организиран криминал, тврдат поранешни работници и бараат ревизија на процесот. Вкупно 1.820 работници од Комбинатот инсистираат на исплата на осум заостанати плати. Овие барања во писмена форма годинава неколку пати биле доставувани до кабинетот на премиерот, но немало повратен одговор. Но сега некогашните работници на „Југохром“ се нетрпеливи и му даваат дополнителен рок од 48 часа на првиот министер во Владата. Доколку не се реализира средба, тие се закануваат со јавни протести и блокирање на Владата.

Ова е суштината од вчерашното собирање на над 300 работници пред Управната зграда на „Југохром“ во Јегуновце. Образложувајќи ги барањата, Исен Фетаи во својство на претседател на Иницијативниот одбор рече дека „крајно време е да се провери начинот и условите на приватизацијата на ’Југохром‘, бидејќи има елементи на организиран криминал“.

„Имаше начин да се исплатат осум плати од продадените залихи на готова стока во магацините. Вака не знаеме каде отидоа тие пари“, појаснува Фетаи. Тој вели дека „Југохром“ бил проценет на околу 26 милиони евра. Од нив, државата имала 74 отсто, 15 отсто - ПИОМ, а 11 проценти работниците. При продажбата, делот од државата бил продаден за 300.000 евра, а објективната акционерска вредност изнесувала околу 38 милиони.

„Во времето на приватизацијата по принципот на работничко акционерство раководниот тим не' принудуваше да купуваме акции. Јас купив за 1.000 евра. Сега немам ниту пари од акциите, ниту сум обесштетен со осум плати“, вели Душко Мишевски. Перо Огненовски, пак, со тврдење дека директорите ги присилувале да ги откажат празниците, крштавките, свадбите, а со тие пари да купуваат акции. „Сега немаме средства за егзистенција“, додава Огненовски.

„Не' лажеа дека ќе ни ги исплатат осумте плати со продажба на залихите во магацините. Останавме со прстот во уста. Како последица на тие случувања, добив шеќер. Некои од моите колеги продаваа ниви, крави и друг добиток за да купат акции. Останаа без ништо“, револтирано зборуваше Ѓоре Трпчевски.

Што се крие зад ваквите тврдења засега останува прашање за надлежните. Во секој случај, гласот на работниците треба да се провери и почитува зашто во создавањето на „Југохром“ бил вграден токму трудот на оние што сега бараат да бидат минимално обесштетени.


#
Статијата е прочитана 338 пати.

Испрати коментар

Од: Objektiven
Датум: 05.09.2009 01:25:56
A, koja privatizacija vo Makedonija e napravena cesno i bez organiziran kriminal?

Најди! во Утрински
Политика
Партиска сеча на 1.000 наставници
Македонија се повлече од Балканијадата поради името
Нови проблеми со албанската паралелка во Велес
Промени во Алфа ТВ