Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Отпуштањата никако не запираат

Не престануваат отпуштањата во македонската индустрија. Всушност, намалување на бројот на работниците во индустрискиот сектор беше регистрирано во речиси сите изминати месеци, и покрај тоа што во одреден период имаше раст на индустриското производство.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика говорат дека бројот на работници во индустријата во август годинава во однос на истиот месец лани е намален за 1,9 проценти.

Уште позагрижувачки е податокот што во првите осум месеци од годинава, во однос на периодот јануари - август 2009 година, бројот на работниците во индустријата се намалил за 5,9 отсто.

Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот вадење руди и камен е намален за 0,4 отсто, во преработувачката индустрија е намален за 2,1 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода е намален за еден отсто.

И ако отпуштањата во август толку и не изненадуваат, бидејќи се случуваат во месец со пад на индустриското производство, не е јасно зошто намалувањето на бројот на работниците не запре ниту во јуни ниту во јули, кога имаше позитивни резултати, односно зголемување на индексите во индустријата. Синдикатите тогаш предупредија дека газдите на индустриските компании го зголемиле обемот на работа, но не сакаат да ги вратат претходно отпуштените работници, туку работата да ја завршат со постојните, најчесто преку нивна прекувремена работа. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 991 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Економија
Загубарите повторно не се продадоа, a сега?
Нови давачки за алкохолот во големите маркети
Инфлацијата во септември се искачи до два отсто
Уште една година ништо нема да се знае за „Јужен поток“
Исплата на субвенции за греење
За станбен кредит картичка без камата
Крај на камионџискиот хорор во Грција






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma