Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Крај на камионџискиот хорор во Грција

По 19 дена штрајк на сопствениците на камиони, следната недела, конечно, ќе се стабилизира грчкиот пазар

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - По 19 дена блокади на патиштата, празни рафтови во супермаркетите и милиони евра загуба за грчката економија, сопствениците на камиони и цистерни вчера го прекинаа штрајкот. Одлуката беше донесена во два часот наутро во петокот во Синдикатот на камионџиите, но не може да се каже дека беше прифатена лесно од штрајкувачите, кои три недели протестираа и пред Владата, и на клучните делови на автопатите, влезовите во Атина и во Солун, како и на пристаништата, со цел да биде спречен истоварот и товарот на производи и на храна за увоз и за извоз од државата.

Одлуката за прекинување на штрајкот пред зградата на синдикатот беше проследена со инциденти од страна на група штрајкувачи, кои сметаат дека штрајкот треба да се продолжи. Оваа група сопственици истакнаа дека се чувствуваат предадени од страна на синдикатот и вчера расправаа за тоа дали самостојно ќе продолжат да протестираат или не.

Изненадувачки беше тоа што по завршувањето на седницата на синдикатот и објавувањето на одлуката за прекин на штрајкот, претседателот на синдикатот, Јоргос Ѕорѕатос, насмевнат и задоволен, изјави за медиумите дека имаат добра соработка со Министерството за развој и поради тоа се става крај на штрајкот. Што крие насмевката на Ѕорѕатос, кој од самиот почеток на штрајкот во јули истакнуваше дека Владата нема разбирање за сопствениците на камиони, останува да се види, бидејќи никој од синдикалниот одбор не даде официјално објаснување од кои причини се прекинува штрајкот.

Се оценува дека прекинувањето е делумно поради владините мерки за високи парични казни за оние што ќе го продолжат штрајкот да ја попречуваат работата на државните цистерни и камиони. Друга причина за која се шпекулира е дека Министерството за развој направило некаков договор за помош на камионџиите и полесно приспособување на новиот закон за отворање на професиите, со кој ќе се намали цената за дозволи. Не се исклучува ни можноста една од причините да е и гневот на трговците, кои особено оваа недела се свртеа против штрајкувачите. Иако во почетокот народот ги поддржуваше штрајкувачите, сепак, по 19 дена и секојдневни милионски загуби и принудни одмори за работниците мораше да се најде форма за работите да се вратат во нормала. Најмногу на удар беа грчките извозници. Со големи загуби, но и принудни одмори за вработените се соочија голем број супермаркети, слаткарници, бутици чии рафтови се испразнија поради немањето производи. Според трговците, ќе бидат потребни околу 10 дена за да се пренесат производите од пристаништата и да се распоредат во маркетите за да може да се стабилизира состојбата на пазарот.


#
Статијата е прочитана 931 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Загубарите повторно не се продадоа, a сега?
Нови давачки за алкохолот во големите маркети
Инфлацијата во септември се искачи до два отсто
Уште една година ништо нема да се знае за „Јужен поток“
Исплата на субвенции за греење
За станбен кредит картичка без камата
Отпуштањата никако не запираат






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma