За станбен кредит картичка без камата
Стопанска банка ги намали каматите на станбените кредити, односно фиксната камата за првите години на отплата. На сите нови корисници на станбен кредит Стопанска им дава и кредитна картичка без камата до крајот на 2011 година. „Клиентите може да изберат меѓу две опции, од 6,25 отсто годишна каматна стапка гарантирана за првата година или 6,75 проценти годишна каматна стапка гарантирана за првите три години. По истекот на периодот се пресметува променлива годишна каматна стапка, која во моментов изнесува 8,25 отсто. За сите поднесени или одобрени барања од 1 октомври до 15 декември годинава важи и дополнителен бенефит. Сите трошења на нова или на постојна кредитна картичка од денот на исплата на станбениот кредит се без камата се' до крајот на 2011 година. По истекот на периодот се пресметува променлива годишна каматна стапка што во моментов изнесува 13 отсто“, велат од Стопанска банка. (С.М.) |