Тоа беше петтиот обид на Владата да го реши статусот на прилепските Тутунски комбинат и „Еурокомпозит“ и на охридски ЕМО
Маја Томиќ
Нема компании што сакаат да ги купат македонските загубари. Во четвртокот заврши рокот од петтиот тендер, а иако неколку компании ја подигнале тендерската документација, ниту една не доставила понуда во Министерството за економија.
Што сега п овој петти пропаднат обид за нивна продажба? Што ги одврати инвеститорите и овој пат? Дали Владата има нов џокер за да се спаси од товарот на загубарите? Во Министерството за економија велат дека допрва ќе се одлучува што и како натаму. „Се' што донесе Владата како одлука, ние ќе го спроведеме“, велат од Економија.
Инаку, ЕМО брои 1.835 вработени и има обврски од близу 40 милиони евра, „Тутунски комбинат“ е со 1.166 вработени и долгови од над 60 милиони евра, а „Еурокомпозит“ има 454 вработени и должи близу 2 милиона евра.
И за ОХИС, за кој се објави посебен тендер на 17 септември и ќе трае до 2 ноември, ова е петти обид за продажба. Компанијата за само шест месеци од оваа година направи загуба од еден милион евра, додека ланската загуба изнесуваше 6,37 милиони евра. Обврските, пак, на ОХИС се проценуваат на 16,9 милиони евра. Главната причина зошто компанијата не отиде на тендер заедно со другите загубари беше државната сопственост на градежното земјиште во кругот на фабриката. Со новата владина мерка за откуп на земјиштето за едно евро за квадрат, би требало да се олесни тендерската постапка.
Инаку, овој последен тендер за загубарите го распиша Владата на крајот на мај и требаше да трае до 30 јули. Но, беше пролонгиран до 30 септември. Од Економија тогаш изјавуваа дека имало заинтересирани странски компании, но не ги обелоденуваа нивните имиња. И уште нагласуваа дека пролонгирањето на терминот не е поради некакви забелешки од страна на компаниите, туку дека е на барање на самите фирми поради кусиот тендерски тајминг и времето на годишните одмори.
Владата имаше надеж дека ќе се јави некоја сериозна компанија, затоа што, како што изјави летото вицепремиерот Владимир Пешевски, биле спуштени критериумите за цената, а фирмите се нудеа исчистени од долгови.
Моделот и критериумите за продажба на загубарите, како што е познато, беа изработени од консултантите „Дилоит и Туш“ и „Бул брокерс“, за што лани од државната каса беа искеширани 700 илјади евра. Целата постапка, од тендерот до конечната продажба, Владата планираше да биде завршена во рок од 12 месеци. Планот на Владата падна во вода.
Г-дин Ставрески Ја сопре аукцијата за ЕМО на ден пред завршувањето кога продажбата беше готова работа. Сега нека ги објасни причините за нова тригодишна агонија на вработените.
Во судски спорови се изгубени повеќе дисперзирани погони а дел се на пат да се изгубат.Вработените земаат мизерија ( 1500 денари за 70% ) со повеќемесечно доцнење, се разбира без сини картони.Долгот континуирано расте.
Има ли некој паметен па да согледа проблемот!
П.С.
Тешко тој чија судбина се крои од кичевско лоби.
Од: gv
Датум: 02.10.2010 14:10:17
Celo vreme se zboruva za privatizacijata sto go napravil Branko,a sega neka go privatizira Grujevski,Stavre i Pesevski,nemaat kapicitet.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.10.2010 17:53:58
Се сложувам потполно со gv кој вели да треба власта да се угледа на опозицијата и да видат како се приватизира.Се приватизира со големо познавање а богами и капацитет.Добиваш за роденден или куќна слава ,,поклон пакет,, дали фабрикиче,претпријатие ли сеедно и преку ноќ стануваш олигарх.Така сите викаат кој го познаваа покојниот тутунски бос инаку креатор на приватизацијата без пари,или минорна сума пари.
Од: Trpe
Датум: 03.10.2010 08:26:33
Do Feliks
Stvarno se cudam dali ne si od ovaa zemja ili sepak nekoja si mitska ptica. Kako da nemas oset za realnost i uporno edno isto trubes na sekoja statija. Kozebi si i platen da gi pisuvas site tie rozovi komentari. Zarem ne citas deka 700.000 evra se potroseni za konsultanti. Sto misles kolku tvojte portokalcinja imaat lapnato. Kazi vo ovie 4 godini koja poseriozna investicija se sluci. Osven onaa sto ostana od predhodnata vlada, nema investicija. Nikoj ne e lud dodeka se ovie lopovi na vlast da investira vo Makedonija. Samo se trosat narodni pari na konsultanti, prezentacii, reklami i sto li ne, dodeka povraten rezultat edna golema NULA.
Од: Трпе
Датум: 03.10.2010 08:33:21
За жалење е сегашното мнозинство,во нивните редови немат олигарси.Само имат луге од интерес.Затоа пак тие мора да ги рекетират во име на партијата.Само деца се ништо не разбират,тоа што го имат е наследство од мама и тато.Па не разбират како се купува фабриче.А некој нека ги потсети колку фирми купи Смиленски и колку уништи.Нека ги прашат мама и тато ако треба и баба и дедо.Душички уште неможат да пронајдат на кого да му ги подарат фирмите кои се за продажба.
Од: usamk
Датум: 03.10.2010 15:52:00
Namerata i bese zagubarite da ne se prodadat i da se spreci nivna privatizacija i zazivuvanje.. sega po dobro poznatata sema ke propadnat..
Од: Зоро
Датум: 03.10.2010 19:19:23
Прво треба владата да сака да се продава комбинатот, бидејќи преку него ги контролира сите избори во Прилеп.