Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Што ќе изгубат Грците

Додаток за миење раце 420 евра, 290 евра за уредно и навремено пренесување документи од кабинет во кабинет, 250 евра за загревање мотор, 310 евра ако не задоцниле на работа

Германските медиуми откриваат дека куририте во грчките министерства имале додаток од 290 евра за уредно и навремено пренесување документи од кабинет во кабинет. Новите даноци и мерките за штедење многу работи менуваат во Грција, а погодија некои речиси неверојатни дотации, кои државата ги плаќала од буџетот. Германскиот весник „Ханделсблат“ објавува список, според кој, на пример, возачите на службените дизел-автомобили месечно добивале 250 евра за „загревање на моторот“, а машинистите на локомотивите по 420 евра за одржување на лична х��гиена, попрецизно за редовно миење на рацете.

Возачите на автобусите во Атина имале додаток од 310 евра ако во текот на месецот ниту еднаш не задоцниле на работа. Инаку, во Грција е обичај да се доцни. Куририте во министерствата имале додаток од 290 евра за уредно и навремено пренесување на документи од кабинет во кабинет. Врв на куриозитетот е дека државните службеници имале додаток за копирање на документи. Вработените во Министерството за култура имале премии за набавка на облека, а вработените во државното осигурување регрес за превоз, иако не излегувале на терен, туку исклучиво работеле само во кабинетите. Наспроти овие сознанија, на Грција и се заканува нов штрајк, овој пат на таксистите. Ни прв ни последен, освен што е во незгодно време, сред туристичката сезона и што повторно ќе го парализира сообраќајот во центарот на Атина. Во почетокот на неделата на сила стапи нов Закон за либерализација на такси превозот, што значи исто како и во случајот со камионџиите, кои минатото лето ја блокираа земјата, дека повеќе ќе нема „повластени“ и дека професијата е отворена за сите заинтересирани. Новите закони менуваат многу работи, а најболни се драстичните мерки за штедење, така во просек секое грчко семејство во иднина годишно ќе има една плата помалку. Деновиве најевтините цигари поскапија за 3 евра, кои ги пушат мнозинството граѓани. Во почетокот на септември најголем удар ќе имаат угостителите, бидејќи данокот на додадена вредност од 13 ќе се зголеми на 23 отсто. Наесен ќе поскапат гасот, нафтата за домаќинствата, а годишниот данок за патишта при регистрација на возилата, ќе се зголеми за 12,5 отсто. Сопствениците на скапи автомобили, јахти и базени, ќе плаќаат данок од 5 отсто на пријавениот имот, со тоа што сега наводно контролата ќе биде построга. (Од агенциите)

Грција мора да го забрза економскиот раст

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, и неговиот грчки колега Евангелос Венизелос во Берлин изразија согласност дека официјална Атина мора да го забрза економскиот раст доколку сака да го стави во ред буџетот на земјата. Шојбле и Венизелос нагласија дека планот за штедење усвоен од грчкиот парламент мора веднаш за почне да се применува со цел Грција брзо да ја врати здравата состојба на својата економија.

Покрај планот за штедење, мора да се применат и други мерки за одржлив раст. На Грција единствено ќе и' помогне јака приватна економија и приватните инвестиции што ќе можат да остварат урамнотежен буџет на среден и долг рок, сметаат двајцата министри. Ова е прв состанок на министрите за финансии на Германија и на Грција откако во јуни Ванизелос ја презеде оваа функција. Министрите за финансии од еврозоната на 2 јули ја одобрија петтата транша од првиот пакет помош за Грција откако парламентот претходно ги усвои острите мерки за штедење. Во согласност со овој пакет на помош, Грција во следните три години ќе има на располагање кредит од вкупно 110 милијарди евра, од кои Европа ќе обезбеди 80 милијарди евра. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1850 пати.

Испрати коментар

Од: eladaman
Датум: 08.07.2011 08:48:21
ce gi zagubat hemoroidite, definitivno. ce se fatat za rabota, dosta parazitiraa. samo sedea i lokaa uzo, kafanite polni za vreme na rucek i vecera. sega malku (30 god) posno. ako ne im se bracata albanci koi gi rabotat najteskite i najvalkanite raboti, ce se blokira celata drzava. dosta prodavaa mitologija za zevs kako samo sexsal i lezel. sega malku kineska filozofija: RABOTA ZA 100 EVRA PLATA.
Од: Каде беа германските медиуми порано???
Датум: 08.07.2011 14:29:51
Ма какви 200 евра за документи, 400 евра за раце. Грците украдоа 400 МИЛИЈАРДИ евра!!! Тие пари не се за миење раце. Го поткупија цел свет. Што мислите, како Грците станаа европски прваци во фудбал, победници на евросонг и како успеваат да ја блокираат Македонија со апсурдни барања? Сега демек европјаните се изненадиле како се трошеле нивните пари? Ма немој. Не може должникот да ви стигне до 400 милијарди па тогаш да се чудите. Тоа докажува дека цела ЕУ е корумпирана до даска.

Најди! во Утрински
Економија
Жетвата на пченицата во тек, се лицитира со цената
Грчко сценарио за Португалија
Бесплатно зборување меѓу пензионерите со „Оне“
Тетовска млекарница со нова опрема
Најниска плата во прехранбената индустрија – 8.600 денари

"""