Тетовска млекарница со нова опрема
Тетовска млекарница инвестира половина милион евра во нова опрема, како дел од првата фаза за модернизација. „Вложено е во нова линија за производство на јогурт и павлака, целосно автоматизиран процес на ферментација и пастеризација, комплетна примена на ЦИП-систем, како и во целосна реконструкција на делот за производство на сирење и кашкавал со поставување нови линии за производи“, велат од Тетовска млекарница. Оттаму додаваат дека со новата опрема системот за производство е подигнат на високо ниво. Тоа овозможило целосно ребрендирање на нивните производи свежо млеко, јогурт, павлака, сирење и кашкавал. (Ек.Р.) |