Најниска плата во прехранбената индустрија – 8.600 денари
По неколкумесечни преговори меѓу работните групи на работодавците и Синдикатот, се утврдија најниските плати, за секторот земјоделство - 7.350 денари и за секторот прехранбена индустрија - 8.600 денари. Утврдувањето на максимумот е слободно.
Колективниот договор за земјоделство и прехранбена индустрија го потпишаа Агросиндикатот и Здружението на работодавци за земјоделство и прехранбена индустрија при Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ) како репрезентативни социјални партнери. (МИА) |