Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Жетвата на пченицата во тек, се лицитира со цената

Земјоделците бараат 15 денари за пченицата, мелничарите бараат помош од државата

Александрија Стевковска



Жетвата на пченицата е во полн ек, но и годинава собирањето на лебното жито се прави во крајна неизвесност кој ќе го откупува и, што е поважно, по колкава цена. Земјоделците, потпирајќи се на владините ветувања дека таа ќе помогне во постигнувањето добра откупна цена, најавуваат дека пченицата нема да ја дадат под 15 денари за килограм. Откупувачите, пак, велат дека се подготвени да платат и повисока цена, но само ако државата им излезе и на нив во пресрет со мерки за заштита на финалните производи. И едните и другите добро ја научија ланската лекција, кога немаше пченица на пазарот. Лани откако земјоделците ја дадоа пченицата по 9 денари, мелничарите откупуваа пченица од стоковните резерви по цена над 15 денари. Сега двете страни се подготвени да преговараат за да се договараат. „Цената на пченицата не е договорена, но ставот на земјоделците е дека таа не треба да биде под 15 денари за килограм и, што е поважно, веднаш да се плати. Аргументите за ова наше барање е тоа што лани Владата им даде на мелничарите пченица од стоковните резерви по 15 денари, што беше поевтина од увозната, а тие, сепак, не ги намалија цените на лебот. Само оваа цена е издржана, со оглед на тоа што и државата најави откуп на 40.000 тони пченица за стоковните резерви“, смета претседателот на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров.

Тој очекува на денешната нова средба во Владата да се договорат деталите околу откупот на лебно жито, со надеж дека мелничарите ќе соработуваат, и нема да се постават контра нивните барања. „Откупната цена што ја бараме е издржана, бидејќи годинава жетвата е бериќетна и со одличен квалитет“, додава Тантаров.

Мелничарите, пак, сметаат дека барањата на земјоделците се основани, но за да се реализира тоа бараат државата и нив да им даде помош.

„Доколку државата го заштити финалното производство, нема да биде проблем да се плати цената за откуп што ја бараат земјоделците. Во спротивно, цената ќе ја диктира понудата и побарувачката на пазарот“, вели Тодор Ѓорѓиевски од „Мелница - Кадино“. Тој смета дека мора да има мерки од страна на државата со оглед на незавидната состојба во која се наоѓаат производителите и на суровини и на готови производи.

„Ние сме земја во развој со делумно либерализиран пазар и во таква ситуација државата мора да употреби механизми со кои ќе го заштити домашното производство. Такви мерки применуваат и пазарите на ЕУ за да ги заштитат примарните култури. Зошто нивните искуства да не ги примениме и кај нас, со цел да заживее економијата“, додава Ѓорѓиевски.

Годинашната реколта се собира со над илјада и двесте комбајни. Цената за ожнеан хектар чини од 6 илјади денари, па нагоре, во зависност од теренот. Складирањето и чувањето на житото во силосите на ЈП „Агроберза“ во Прилеп ќе чини по 40 денари за тон месечно. Ако производителот одлучи да го повлече житото во првите три месеци, цената ќе изнесува 48 денари за тон месечно, информираат од ЈП „Агроберза“.

Како и во претходните години, нема да има ограничување на количините што може да ги донесе еден земјоделец, а капацитетот на силосот е 30.000 тони. Годинава се очекува поголем интерес за чување и складирање на пченицата зашто лани откупната цена за неколку месеци двојно се зголеми. Доколку нема поголеми елементарни непогоди, земјоделците предвидуваат над 300.000 тони принос со одличен квалитет. Само во Пелагониско се очекуваат 60.000 тони. Македонскиот пазар годишно има потреба од околу 280.000 тони пченица. Поради практиката на мелничарите да не се откупува домашното жито во целост, увозот во просек достигнува 120.000 тони.


#
Статијата е прочитана 502 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Грчко сценарио за Португалија
Бесплатно зборување меѓу пензионерите со „Оне“
Што ќе изгубат Грците
Тетовска млекарница со нова опрема
Најниска плата во прехранбената индустрија – 8.600 денари

"""