Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ДЕЈВИД БОРЕАНЕЗ

Уценуван од „сериска“ љубовница

Популарниот Енџел од серијата „Бафи: Убиец на вампири“, кој на крајот на претходната година ги полнеше страниците од весниците со својата вонбрачна афера, откри дека за неговото фамозно признание со уцена го натерала бившата љубовница, Рејчел Јучител. Имено, додека неговата сопруга Џејми Бергман се породувала, Дејвид Бореанез се допишувал со љубовницата, која му барала прилично висока сума во замена за нејзиното молчење за заедничката афера.

Тогаш разочараниот актер сфатил дека е време да излезе како вистински маж, да застане зад своите дела и да ја признае целата приказна на сопругата, но и сам да се соочи со грешките од минатото. „Нашиот брак е засекогаш оцрнет поради моите неверства. Сакав да бидам отворен и искрен затоа што сум свесен дека бев тотално неодговорен“, призна Бореанез за магазинот „Пипл“.

„Се сплеткав со жена која ми бараше пари во замена за нејзиното молчење. Се чувствував одвратно и сфатив дека ме уценуваат. Сега неизмерно се трудам да ги поправам лошите работи што ги направив“, откри актерот, чија љубовница ги уценуваше и Тајгер Вудс, Алекс Родригез, Дерек Џетер, Стивен Дорф и продуцентот на „Американски идол“, Рајан Сикрест.


#
Статијата е прочитана 990 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Мурал од 150.000 фунти за нејзината кариера
Почесен член на „Кис“
Херојско спасување на пријателот
Најдобрата вратоврска ја купив во Шутка