КЕЈТ МОС
Мурал од 150.000 фунти за нејзината кариера
Британската супермоделка Кејт Мос го ангажираше славниот уметник Бенксиј за да и' го наслика лондонскиот дом. Според пишувањата на британскиот „Мирор“, 36-годишната Кејт му платила на Бенксиј 150 илјади фанти за да ја наслика заедно со нејзините славни пријатели.
„Му објасни што сака точно, а тој скапо и' го наплати сето тоа. Има желба целиот ѕид да биде приказ на Кејт и сите нејзини фази на модните писти од кариерата“, изјави неименуван извор.
„Покрај неа, на ѕидот ќе ги наслика и некои од нејзините познати пријатели и луѓе од јавниот живот, како што се Наоми Кемпбел, Лили Ален, Гордон Браун и неговата жена Сара“, додаде изворот и рече дека славната манекенка му ги дала на Бенксиј и клучевите од својот дом, за никој да не му додева додека работи, а ќе има и можност да излегува и да доаѓа кога ќе посака. |