Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ЛЕЈДИ ГАГА

Почесен член на „Кис“

Рок-легендите од групата „Кис“ имаат желба да ја прогласат Лејди Гага за свој почесен член. „Кис“ тврдат дека популарната пејачка е инспирирана од нивниот стил, чевли со платформи и шминка. „Таа не е Лејди Гага, таа впрочем е ’Лејди Кис’. Таа е повозбудлива појава дури и од нас. Таа е нашата женска верзија“, изјави Џин Симонс, кој верува дека клучот за успехот на Гага се наоѓа во нејзината посветеност и впечатливата поврзаност со фановите.

„Една од првите работи што ги научивме е дека публиката треба да се третира како шеф. Тие плаќаат карти, а ние сме дојдени да работиме. Гага сфати дека нејзините обожаватели го заслужуваат само најдоброто, затоа што тие ги плаќаат нашите дневници“, објасни Симонс.

Таа моментално се подготвува за големата светска турнеја наречена „Монстер бал“, која ќе започне за неколку дена, а во ноември годинава ќе има гостување и на Балканот, во Хрватската, во загрепската „Арена“.


#
Статијата е прочитана 348 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Мурал од 150.000 фунти за нејзината кариера
Уценуван од „сериска“ љубовница
Херојско спасување на пријателот
Најдобрата вратоврска ја купив во Шутка